Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МАКЕДОНИЈА СЕ КОНСОЛИДИРА, РУСИЈА СЕ ЗАГРИЖУВА

August 20, 2018 Filed Under: Македонија

Кошмарот на Русија се консолидирани демократии на Западниот Балкан – смета аналитичарот Курт Басенер

БАСЕНЕР Поголемото американско ангажирање влијаеше на демокркатската консолидација на Македонија

Аналитичарот Курт Басенер од Советот за политика за демократизација со седиште во Берлин вели дека загриженоста за исходот од референдумот во Македонија е легитимна.

„Да бидам јасен, македонските граѓани треба да решат дали Договорот од Преспа е добар. Ако јас бев гласач, знам како би гласал. Во моментот не гледам подобра опција, ако се сака интеграција со Западот. Русија притиска врз двете страни, врз грчката и врз македонската за ставање крај на процесот, “ вели аналитичарот Курт Басенер во интервју за Босанската редакција на Гласот на Америка, кој потенцираше дека „кошмарот на Русија се консолидирани демократии на Западниот Балкан.“

„Ако референдумот пропадне, може да си ја претставивте реакцијата на албанската популација која е позитивно настроена кон НАТО, кон ЕУ, кон интеграцијата. Јас очекувам тие да гласаат на референдумот. Тие ќе речат ние сакаме таму, иако вие не сакате. Загриженоста е легитимна“, смета Басенер.

ДОДВОРУВАЊЕ Присуството на портпаролката на Кремл Марија Захарова во Србија го стави Беград во позиција на клечење, обвинува опозицијата

Инаку овој аналитичар одамна беше тој што говореше дек САД треба да бидат активни чинители во обидот да се стави крај на кризата во Македонија, а не да играат придружна улога во однос на ЕУ. Ова особено важеше во време на Пржинските разговори. „Иако американскиот амбасадор Џес Бејли беше силно вклучен во практичните напори за поддршка на посредувањето, процесот главно беше изразено ЕУ-центричен“ – одговори своевремено за БИРН.

Неовите погледи инаку бе врзани за фактот дека ЕУ заради стравот од напливот на дојденци од Балканот а особено германската влада даде вештачка оценка дека Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово се „сигурни земји”, за со тоа да ја олесни и забрза постапката за враќање на барателите на азил од тој регион. „Барањата во голем дел се фарса, квотата на прифатени барања е речиси нула”, пишува “Франкфуртер алгемајне цајтунг” (ФАЦ). Затоа таквата мерка „служи не само за растоварување на управата и на општините во Германија, туку и како сигнал на земјите од кои потекнуваат барателите на азил, дека не можат едноставно на Северот да му ги делегираат своите проблеми со сиромаштијата и со малцинствата. Мора ли Берлин да ги сноси последиците од она, што е не е сработено во Сараево, Белград или Скопје? На место е само критиката дека германските судови не секогаш веруваат оти ‘сигурните матични земји’ се навистина толку сигурни.“

ЗАСЛУЖЕН Џес Бејли е заслужен за конечниот успех на Пржинскиот процес

Негова е проценката дека во државите на Југоисточна Европа, до пред некоја година настана една меѓуформа, во која навистина се почитуваат демократските формалности, но истовремено популистички партии преку клиентелски структури ја контролират државата. Тоа посебно се покажува кај доминацијата на политичките партии над медиумите и државата, како и кај слабата контрола од страна на правната држава. Сега веќе работите се менуват шо се покажува со конкретната активност на Русија и на Балканот.

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet