Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДОРКА ВО СОФИЈА: ОГРОМЕН Е ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ДА БИДАТ НАЈБЛИСКИ

December 12, 2023 Filed Under: Македонија

Според неа, двете држави може да бидат најблиски земји преку градење атмосфера на дијалог и меѓусебно почитување, како што вели, со мудрост и такт

ПРВО ИНТЕРВЈУ Амбасадорката е испратеа во Софија лани во септември а ова и беше деби на некоја од бугарските телевизии

„Минатата година имавме историски високо ниво на трговска размена од над една милијарда евра. Прогнозите за оваа година се дека ќе успееме да го постигнеме истото ниво, а можеби и малку да го надминеме“, вели македонската амбасадорка

Историски високо ниво на трговска размена помеѓу Северна Македонија и Бугарија постигнавме минатата година, а годинава може и да ги надминеме бројките, бидејќи потенцијалот за мултисекторска соработка помеѓу двете држави е огромен, вели амбасадорката на Северна Македонија во Бугарија, Агнеса Руси-Поповска, во интервју за бугарската ТВ Нова.

„Би рекла дека потенцијалот за подинамична мултисекторска соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија е навистина огромен. Минатата година имавме историски високо ниво на трговска размена од над една милијарда евра. Прогнозите за оваа година се дека ќе успееме да го постигнеме истото ниво, а можеби и малку да го надминеме нивото на трговска размена што го постигнавме минатата година“,

вели македонската амбасадорка во интервјуто.

Амбасадорката забележува дека континуирани позитивни резултати има и во прекуграничната соработка.

„Коридорот 8 е стратешки проект меѓу нашите две земји, чија вредност во последно време се зголемува. Во Северна Македонија работиме на железничко поврзување и нашите очекувања се до крајот на 2027 година да имаме железничко поврзување до границата со Бугарија“,

изјави Руси-Поповска.

Според неа, двете држави може да бидат најблиски земји преку градење атмосфера на дијалог и меѓусебно почитување, како што вели, со мудрост и такт.

Меѓу другото, македонската амбасадорка нагласува дека за нашата држава нема друга алтернатива освен европска интеграција и затоа е неопходно градење пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Скопје и Софија.

АГНЕСА РУСИ ПОПОВСКА Северна Македонија, дури кога се споредува со земјите од регионот, не заостанува во однос на почитување и усогласеност со законодавството на ЕУ

Таа додава дека во македонското општество има широк консензус за членството во ЕУ, како политички, така и меѓуетнички и тоа е така од независноста до денес.

„Северна Македонија е најстариот кандидат за членство во ЕУ од земјите од Западниот Балкан. Ние сме кандидатка од 2005 година, тоа се 18 години. Овие денови завршуваме со скрининг-процесот и тоа ни овозможува длабинско проучување на целата земја и проценка на степенот на усогласеност со стандардите на Европската Унија“,

рече Руси-Поповска.

Таа во интервјуто исто така наведува дека Северна Македонија, дури кога се споредува со земјите од регионот, не заостанува во однос на почитување и усогласеност со законодавството на ЕУ.

„Во моментов финализираме три многу важни патокази – за владеење на правото, за реформи во јавната администрација и за функционирање на демократските институции и секако се усогласуваме, го подготвуваме акцискиот план за малцинствата и во пракса се подготвуваме за отворањето на првиот кластер од преговарачкиот процес штом ги направиме уставните измени“,

вели Руси-Поповска во интервјуто за ТВ Нова.

(целото интервју видете го на https://www.vbox7.com/play:6c20fd95f2)

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet