Дали дијаспората не гласаше бидејќи до неа не дојдоа навремени информации од земјата или пак спротивно – преку бојкотот таа покажа дека опстојува на најкозервативните и често инфантилни погледи кон тоа што треба да се прави во стариот крај? Бојкот е само одраз на нивниот ментален профил
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Пописот заврши во земјава и се покажа дека тој, секако со одредени слабости, сепак се одвиваше во нормална атмосфера, својствена за демократски заедници. Многу детали ќе се откријат секако по завршување на аналитичката работа во ДЗС а кој треба да трае шст месеци. И секако треба да се почека на официјалните бројки без тие да се „досолуваат“ со разно-разни коментари. Само едно нешто е јасно – дека нашата дијаспора си остана во својата стара поза, онака закована во скафандрите на војсководецот од Кутлеш. Просто е тешко да се предвиди со какви „аргументи“ ќе дојдат претставниците на нашите иселеници во земјава следното лето (кога се ндеваме пандемијата ќе замине) кога ќе се топорчат со своето влијание во земјата од каде доаѓаат и со бројноста на оние кои стојат зад нив?!
Бројките од пописот покaжаа помал број на население од последниот во 2002 година. Разлика има и во бројката на гласачи и попишани. Конечните резултати се очекуваат до крај на март наредната година.
Официјално попишани се 1.832.696 лица, 568.175 домаќинства и 837.255 станови. Пописот го бојкотирале околу 10 илјади граѓани. Преку апликацијата за самопопишување на дијаспората попишани се 204.805 државјани.
Поранешниот директор на Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски вели за РСЕ дека пописот е на задоволително ниво ги дал потребните податоци за државата. Според него, занемарливи се бројките на населението, кое не е попишано и тие бројки ќе се надополнат со достапните бази на податоци на институциите.
„Голем придонес е што пописот започна и се заврши и на дијаспората за попишаните. Бројките се за анализа и затоа после ова ќе се предмет на проверки, после ова ќе следи извештај на состојбите што е направено. Да не говорам за влијанието на сите партии. Влијанието на хакерските упади. Влијанието на технички проблеми кои што сето тоа еве да речам успешно се надмина благодарение во најголем дел во овие две, три години од 2017-18 година што го направи исчекорот Владата на Р.С. Македонија за овој попис да се спроведе и заврши“, вели Герасимовски кој учествувал во пет пописи.
Актуелчниот директор на Државниот завод за статистика (ДСЗ), Апостол Симовски изјави дека пописот успешно завршил.
„Немавме точна претстава со што ќе се соочиме на терен, со оглед на тоа што речиси 20 години немало попис во земјата, но после 20 години имаме успешен попис“, рече Симовски.
Според него, најголемиот дел од попишаните во дијаспората се од западноевропските држави, а многу помалку во прекуокеанските земји. Во однос на оние кои го бојкотирале пописот, Симовски рече се работи за минимална, занемарувачка борјка.
Оние кои одбиле да се попишат сепак ќе влезат во пописната операција со споредба на останатите бази на податоци од државата. Но, за овие лица нема да бидат одговорени сет од прашања што вклучуваат етничка и верска припадност, како и мајчин јазик
Во моментов не можам да кажам точна бројка на оние кои одбија да се попишат, бидејќи треба да ги собереме сите податоци од колегите од терен. Меѓутоа, тој број е минимален. Имаше доста обиди на почетокот, но со сите тие луѓе одевме разговаравме повеќепати и најголемиот дел од тие домаќинства и граѓани одлучија да се попишат, вели директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, во петочќното гостување на „360 степени“.
„Во секој таков случај направен е записник односно изјава од страна на попишувачот и во сите тие случаи ќе покренеме постапка“,
рече Симовски.
Тој образложи дека и за оние граѓани што одбиле да се попишат со вкрстувањето на останатите бази ќе се покажат основните податоци и тие ќе влезат во конечната статистика.
„Овој попис за првпат е спроведен со комбиниран метод на попишување, а тоа значи попишување на терен, но и користење на податоци од базите што ги подготвивме за оваа намена. тоа се седум бази на податоци кои се споени во една и во која со голема точност да констатираме дека одредени лица се тука присутни и треба да бидат дел од оваа операција. На пример, ако едно лице е вработено го има во базата на Агенцијата за вработување, Управата за јавни приходи, но и во Фондот за пензиско осигурување и ако тоа лице редовно секој месец уплаќа даноци и придонеси и стои дека е тука вработено нема сомнение дека е присутно. Можеби од повеќе причини не било попишано или пак одбило да биде попишано, но за такво лице ние имаме огромен фонд на податоци“, рече Симовски.
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека целата дијаспора не е попишана и поради тоа има разлика на попишаните со вкупниот број на гласачи.
„Од вкупната бројка кога ги гледате ја сфаќате логиката зошто сме околу милиони и осумсто илјади гласачи, а еве милион и осумсто и читириест илјади колку што точно објави Државниот завод за статистика сме жители, кои што живеат овде во државата. Заедно со дијаспората веројатно некаде околу два милиони и четириесет илјади се попишани. Но, тоа што останува на самоопределба за попишување е кај дијаспората и тука го гледаме делот на разликата на попишаните со вкупниот број на гласачи и е логично, изјави Заев.
На пописот во 2002 биле попишани 2.022.547 лица. Што значи дека за 20 години Македонија загубила околу 190 илјади луѓе.
Да се потсетиме дека според податоците на ОЕЦД во 2015 година се иселеиле 20 илјади лица и дека според податоците за последните 15 години до тогаш од осамостојувањето се ислени 600 илјади граѓани, што е огромна дискрапанца со последниот попис – или немаме податоци за оние кои се враќаат олли шест месеци се вон границите а потоа се враќаат дома да „презимат“. Но нам во овој миг ни недостасуваат „само“ 190 илјади граѓани, што е една третина од статистиката на ОЕЦ Д!
Но и по едното и второто салдо ние не можеме да имаме 1,8 милиони гласачи бидејќи во бројката влегуваат сите малолетни лица, оние кои не можат да гласаат!
Според Герасимовски, иако нема систем на следење на иселување надвор од земјата, извештаите на ОН, Светска банка и Евростат укажуваат дека поголем број на население е иселен. Не е тајна, вели тој, дека Македонија е земја која во последните години има и негативен природен прираст. Тој додава дека е важно оти земјата ја исполнила обврската која ја наметнуваат ОН за спроведување на попис на секои 10 години, а значаен е и за ЕУ.
„Да не говорам колку е значајно за ЕУ од потребите на податоци, од проекти и од средства финансиски, изградби и инфраструктури“, вели Герасимовски.
Поради технички проблеми, пописот во првите денови на кратко беше прекинат. Пописот се спроведе под строги здравствени протоколи и во услови на пандемија на ковид-19, согласно нова методологија на Евростат и за првпат со комбиниран модел – освен прибирање на податоци директно од населението на терен, се користеа и податоци од таканаречената Претпописна база, каде со внесувањето на матичниот број на граѓанинот во пописната апликација, автоматски се повлекуваа сите податоци што за тоа лице постојат во базите во државата.
Статистичка операција, чини 8,5 милиони евра.
Засега еден податок е јасен – дали дијаспората не гласаше бидејќи до неа не дојдоа навремени информации од земјата или пак спротивно – преку бојкотот таа покажа дека опстојува на најкозервативните и често инфантилни погледи кон тоа што треба да се прави во стариот крај? Бојкот е само одраз на нивниот ментален профил
А земјава сепак напави уште еден европски чекор.