Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ГОРДОСТ ИЗЛЕГУВА СЕ ПОДАЛЕКУ ОД МАВРОВСКИОТ РЕГИОН

January 31, 2023 Filed Under: Македонија

Состојбата со балканскиот рис се стабилизира, но тој и натаму е загрозен вид, велат оние кои го следат

РЕГИОН Се проценува дека во регионот има до 50 единки од кои 70 отсто се на македонска територија

По 40 години, во Националниот парк Галичица, Балканскиот рис повторно беше забележан во 2020- та година. Во целиот регион има околу 40-50 возрасни единки

Ликот на балканскиот рис, загрозен животински вид, кој во Северна Македонија е заштитен со закон е добро познат на сите Од 2015-та годинa e дел и од листата на критично загрозени подвидови на меѓународната унија за заштита на ретки видови животни. Шеснаесет години, од почетокот на проектот за утврдување на точниот број, преку методот на фото-замки, од Македонското еколошко друштво велат дека ситуацијата сега е стабилна.

„Мапата на распространување на рисот тогаш и сега, кога би ја споредиле, гледаме дека наоѓаме единки и надвор од јадровото подрачје, а тоа е НП Маврово. Што значи дека постои репродукција во тоа јадрово подрачје и сите оние единки, кои немаат свој дом или своја територија, бидејќи е зафатена од други единки, почнуваат да се шират кон останатите предели“, вели Диме Мелоски од МЕД.

Во моментот велат од МЕД, нивната бројка се движи помеѓу 40 и 50 возрасни единки, вклучително и на подрачјето на Албанија и Косово. Но 70% од популацијата се наоѓа на македонска страна. Најмногу го има во западниот дел на државата.

„Балканскиот рис беше забележан за последен пат на крајот на 70-те години во НП Галичица и следните 40 години не беше забележана ниту една единка официјално и е сведочење од кожар во Охрид, на кој некој овчар му однел кожа од рис. Во 2020-та година после 40 години, за прв пат на камерите на фото-стапиците поставени беше забележана една единка, мажјак, за да во следниот период од година и пол успееме да го забележиме уште осум пати на фото-стапиците“, вели Дејан Димиџиевски од НП Галичица.

Деградираните шумски еко системи, криволовот на неговиот омилен плен, срната, дивата коза и зајакот, се главни причини за неговото исчезнување, кој во минатото бил распространет и на други делови низ државата.

„Заедно со МЕД, извршивме мониторинг на срна и утврдивме дека на 1 километар квадратен има два срндачи и три до четири женки, што на територија од околу 160 км2 под шума, тоа би било бројка од околу 1000 единки приближно. И тоа значи дека на територија на НП Галичица, би можело да има и неколку единки на рис, бидејќи има доволно плен“, додава Димиџиевски.

ПЕЛИСТЕРСКИ ПРИМЕРОК Снимката на рис на баба планина е од 2013 година

Активистите со години алармираат дека од страна на државата треба да се преземат поригорозни мерки за заштита на Балканскиот рис, да се зголеми инспекторската и ренџерската служба со цел повеќе луѓе да бидат на терен.

Казните за убиен рис, се движат и до 15.000 евра и 15 години затвор.

„Никогаш не се случило, дури некој случај да биде почнат, да биде гонет некој сторител, а веќе имаме неколку пати податоци или докази за такви прекршоци“, вели Мелоски.

Од МЕД сега работат на петгодишен проект, со кој треба да се види, дали поради размножувањето во сродство на рисот му е потребен внес од нова крв и нови единки, кој што ќе бидат од различна популација, а со цел да се збогати генетскиот фонд.

„И со цел да избегнеме малфромации кои можат да дојдат од размножувањето во сродство, односно да направиме транс локации на различни единки од различни јадрови подрачја. Има едно во Албанија и Маврово во Македонија“, додава Мелоски.

Инаку Балканскиот рис е еден од трите подвидови на евроазискиот рис, и се среќава во Југозападниот дел на Балканот. Постојат уште и карпатскиот рис и северната популација.

 

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet