Бовин беше прогласен за апсолутен победник на Фестивалот на ракијата што неодамна се одржа во Тузла
Македонските мајстори за домашно производство на ракија знаат дека нашата е најдобра, ама кога ќе дојдат меѓународни признанија, вистината е помила и задоволучаки делува на сите производители и конзументи на овој одомаќинет шесток пијалок.
На фестивалот „Salines Spirit Fest“ кој се одржа во Тузла, Босна и Херцеговина, премиум ракијата на Бовин беше оценета од стручното жири, како најдобра ракија во регионот.
На фестивалот на овошни ракии и жестоки алкохолни пијалоци, изложуваа над 30 компании од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија. Стручното жири, кое ги дегустираше и оценуваше пијалоците беше составено од енолози, професори на технолошки факултети, гурмани и познати угостители.
Ракијата на нашиве простори е често домашен производ. Мајсторите се гордеат на умешноста во создавањето на овој жесток пијалок одомаќинет на секоја домашна трпеза, забава, семеен настан, свадба. Кај нас се прави од грозје, а низ светот користат различни земјоделски продукти (сливи, кајсии, круши, каболка, праски, компир, ориз). Во индустриско производство вообичаено е процентот на алкохол да биде помеѓу 40-45 проценти, но во домашното производство овој процент се движи некогаш и до 60%. Во Македонија традиционална ракија е лозовата ракија со процент на алкохол помеѓу 40 до 60 проценти.
Во 2014 година жолтата лозова ракија на „Тиквеш’ со ознака „VS“ доби златен медал за висок квалитет на меѓународен натпревар на вина и жестоки пијалоци одржан во Пловдив, Бугарија.
Ако ги прашете гевгелиските производители на домашна ракија ќе ви речат дека нивната е најдобра и дека не ја дават ниту за виски, односно дека неспоредлива е по квалитет со сите комерцијално познати жестоки пијалоци.
Затоа и не е зачудувачки првата награда годинава за македонската ракија.
Ги имало медаљите, наградите и уште ќе ги има.
(Гевгелија нет)