Новата претседателка на Парламентот во Тирана, македонска снаа која одлично го говори јазикот на сопругот Лигор Никола, од Врница, област Голо Брдо, декан на Факултет за математичко инженерство и физика во Тирана
ВЕЛЕ МИТАНОСКИ
Колегата Никола Ѓурѓај од Тирана, уредник на весникот на македонски јазик Илинден и претседател на истоимената асоцијација на етничките Македонци од Албанија, во својот весник, донесува интересна, би рекол атрактивна сторија, насловена: Линдита Никола, македонска снаа, ќе биде новата претседателка на албанскиот парламент.
Ѓурѓај додава дека најавата, на одржаното Собранието на Социалистичката партија на Албанија, ја сопштил самиот премиер Еди Рама.
Тој најавил дека госпоѓа Никола ќе го замени досегашниот претседател Грамоз Ручи. Рама не штедеше пофалби за г-ѓа Никола.
Линдита Никола македонска снаа стана спикер на Парламентот на Албанија која, како македонска снаа одлично зборува македонски јазик.
До овој момемнт македонските медииуми, новинари и уредници, не најдоа “штоф” и провокација да ја пренесат оваа информација. Ако ништо друго, новата спикерка на парламентот, од почит кон македонското семејство и сопругот, одлично го совладала македонскиот јазик.
Еве, што уште ни пренесува колегата Ѓурѓај од Тирана:
За јавноста во Македонија ќе кажеме дека Линдита Никола е родена во Тирана, на 22 октомври 1965 година. Во 1989 година ги завршила студиите на Факултетот за науки и природа, отсек математика на Универзитетот во Тирана.
Има магистрирано на отсекот Јавна администрација, насока Централна власт.
Со политиката се занимава од 2003 година, кога, за периодот 2003-2007, е избрана како советник во Советот од на Општина број 1 Тирана.
Во два мандата (во периодот 2007-2011 и 2011-2013 година), госпоѓа Никола била градоначалник на Општина број 1 Тирана.
На изборите од 23 јуни 2013 година беше избрана за пратеник во Собранието на Република Албанија од Тирана.
Во периодот од септември 2013 до мај 2017 год.ина ја извршува функцијата министер за образование и спорт.
На изборите во јуни 2017 година беше избрана за пратеник од Лежа.
Од септември 2017 година, госпоѓа Никола станува член на Извршниот комитет на Социјалистичката партија.
Нејзината професионална биографија говори дека во меѓувреме, во 2006 година т,аа има завршено Академија за владеење иреформа во Институтот за демократија и поврзување (ИДП) во Тирана, додека во јуни 2008 година има завршено Академија на комунитарна колиција и владеење на Универзитетот во Питсбургер, САД.
Приватноста на госпоѓа Никола говори дека таа е мажена за проф. д-р Лигор Никола и е мајка на една ќерка.
Инаку, нејзиниот сопруг Лигор Никола родум е од село Врница, областа Голо Брдо. Моментално е декан на Факултет за математичко инженерство и физика во Тирана.