Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МАКЕДОНСКАTA ЕКОНОМИЈА СЕ КАРАКТЕРИЗИРА СО БЛАГО НАМАЛУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ДОЛГ

February 2, 2021 Filed Under: Македонија

За годинава е проектиран речиси двојно понизок дефицит во однос на минатата година од -4,9% од БДП, следната година проекцијата е  -3,8%, во 2023 -3,2%, во 2024 -2,9% и во 2025 година -2%, односно под Мастришкиот критериум од -3% од БДП

ЈАВЕН ДОЛГ Короната ги натера сите држави на поголемо позајмување

Бeлежиме благо намалување на јавниот и на државниот долг во четвртиот квартал од 2020 година. На крајот од 2020 година државниот долг изнесува 51%, што е за 0,5 процентни поени пониско во однос на претходниот квартал, додека јавниот долг изнесува 59,9% и е за 0,8 процентни поени понизок во однос на претходното тримесечје, соопштија од  Министерството за финансии.

Гледано во апсолутен износ, државниот долг е намален за 57 милиони евра во однос на претходниот квартал, додека јавниот долг е намален за 89 милиони евра во однос на третото тримесечје. Промената во состојбата се должи на отплатите направени во последниот квартал по основ на доспеаната еврообврзница од 2015 година, како и враќање на краткорочниот кредит кон комерцијалните банки земен на почетокот на минатата година, се вели во соопштението

Според нив реализацијата на јавниот и на државниот долг во четвртиот квартал е пониска и во однос на проекциите за крајот на годината и тоа кај државниот долг е за 0,2 процентни поени пониска од очекувањата, додека кај јавниот долг за 1 процентен поен помалку.

Министерот за финансии Фатмир Бесими најави дека на среден рок ќе се реализира постепена буџетска консолидација, која од една страна ќе влијае врз стабилизирање на долгот, додека од друга страна нема да влијае рестриктивно врз економскиот раст. Во таа насока планирано е буџетскиот дефицит, односно негативната разлика помеѓу приходите и расходите во буџетот постепено да се намалува. Така за годинава е проектиран речиси двојно понизок дефицит во однос на минатата година од -4,9% од БДП, следната година проекцијата е  -3,8%, во 2023 -3,2%, во 2024 -2,9% и во 2025 година -2%, односно под Мастришкиот критериум од -3% од БДП. Поради пандемиски предизвиканата економска криза, многу држави-членки на Европската Унија (ЕУ) го надминуваат овој критериум, што е сосема разбирливо, имајќи ја потребата од силна државна интервенција и фискален поттик за економиите.

Бројот на работниците во индустријата во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, бележи намалување од 4,2 отсто, објави Државниот завод за статистика.

ТРЕНД Јавниот долг во последниот квартал укажува на намалување на задолжувањето

Податоците покажуваат дека бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2020 година, во однос на периодот јануари – декември 2019 година, се намалил за 4,6 отсто.

Бројот на работниците во секторот рударство и вадење на камен во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, бележи опаѓање од 3,8 отсто, во секторот преработувачка индустрија за 4,3 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3,3 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, бележи опаѓање кај енергија за 4,2 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за шест отсто, капитални производи за 0,7 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 4,5 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за пет отсто.

Индустриското производство во декември 2020 година бележи раст од 2,5 отсто во однос на декември 2019 година, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци индустриското производство во 12-те месеци во 2020 година, во однос на периодот јануари – декември 2019 година, бележи намалување и изнесува 9,5 отсто.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, бележи пораст од 10,2 отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 3,3 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 6,1 отсто.

Зголемувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство кај производството на прехранбени производи, на текстил, на производи од гума и производи од пластични маси, производство на други неметални минерални производи, производство на метали, производство на електрична опрема и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, бележи опаѓање кај енергија за три отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 10,9 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,9 отсто, додека пораст бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 16,6 отсто и капитални производи за еден отсто.

(Користени се информации од МФ)

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet