Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИТИЧКИ ВРВ ЗА ВЕТОТО НА СОФИЈА

November 10, 2020 Filed Under: Македонија

Пендаровски: Во Берлин беше постигнат компромис, но го одбија Борисов и Радев. Заев поскромен во описите, но подиректен во оценката – ова не е пријателски чин

ЛОШИ ПРОГНОЗИ Претседателот Пендаровски во гостувањето на Алсат-М рече дека не може да се испорача доволно количство на оптимизам за спорот со Бугарија

На средбата на германското претседателство со ЕУ со владините делегации на Бугарија и на Северна Македонија во понеделникот во Берлин, бил постигнат компромис што Софија подоцна го одбила, изјави претседателот Стево Пендаровски во петочното интервју за „360 степени“.

– Тимовите разговараа пред некој ден во Берлин. На маса биле отворени неколку идеи. Со исклучителен ангажман на двајцата германски министри Хајко Мас и Михаел Рот, според извори од двете делегации, беше најден заеднички договор, рече Пендаровски.

Бугарија, сепак, не го прифатила тоа што начелно било договорено од шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, вицепремиерот за евроинтеграција Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Пендаровски вели дека засега нема точни информации туку има само шпекулации што се случило.

– Наводно тоа што е усно договорено во Берлин подоцна е одбиено и од нивниот претседател Румен Радев и од премиерот Бојко Борисов, рече Пендаровски.

Прашан како од 1 до 10 би ги оценил шансита во декември сепак да се одржи првата меѓувладина конференција и земјава да ги почне пристапните преговори со ЕУ, шефот на државата кажа дека шансите  се „тројка“.

НЕПРИЈАТНО ЧУВСТВО Заев јавно призна дека непријатно чувство од чекорот на Бугарија

Отежнувачки фактор, смета претседателот Пендаровски, е и тоа што Бугарија е влезена во предизборен период кога тензиите се на повисоко ниво и тешко се отстапува од искажаните позиции. Атмосферата што се создава во Бугарија, според него, наликува на ситуацијата во Грција пред Самитот на НАТО во Букурешт.

– Не можам во овој момент да ѝ дадам на целата македонска јавност количество на оптимизам кон ова прашање. Јас имав изминативе денови разговори и со германскиот претседател и со бугарскиот претседател. Од сето она што го склопувам како информација и од нашата мисија во Брисел и од нашите пријатели кои не се малку во Европската унија, е дека Бугарија во овој момент делува како да е тврдо решена да постави блокада на нашиот пат кон ЕУ. Не би сакал да прејудицирам, бидејќи тие го одложија Советот за општи работи за 17 ноември, што значи има десетина дена во кои може да се најде заедничка солуција, изјави претседателот Стево Пендаровски.

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање на увидот на магестралниот гасовод Скопје- Тетово- Гостивар изјави, „Ја имаме првата непријателска порака и блокада од Бугарија за преговарачката рамка“.

– Ја имаме првата блокада од Бугарија. Денеска е прекршен членот 2 од договорот, ние ништо до сега не прекршивме. Ова е прво непријатно чувство. Треба да бидеме паметни и да го решиме спорот на пријателски начин, денеска е испратена не така пријателска порака од соседна Бугарија првиот чекор е блокиран. Членот два од Договорот за добрососедство вели дека Бугарија треба да не поддржува кон патот за интеграција. Бугарската страна ќе го сподели своето искуство со цел да и помогне на Република Македонија да ги исполни неопходните критериуми за членство во Европската Унија и ќе ја поддржи Република Македонија за добивање на покана за членство во НАТО согласно соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО“, стои во членот 2 од Договорот за добрососедство со Бугарија. Среќен сум што ја имаме поддршката од страна на Германија, изјави Заев.

 

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet