Актуелното државно раководство – меѓу другото – направи голем исчекор кон признавање на македонскиот јазик во Унијата, заедно совлзот во НАТО и в започнувањето на преговорите со Брисел
Овогодишниот Велигден на некој начин го потисна одбележувањето на Денот на македонскиот јазик. Азбуката е создадена на 3 мај 1945 и е предложена на тогашната Влада. Таа ја прифатила и азбуката е официјализирана на 5 мај со објавување во весникот „Нова Македонија“.
Ден на македонскиот јазик е празник од работен карактер во Македонија. Овој ден е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“ и на 130. седница на владата, одржана на 16 април 2019 година.
– Сè додека го зборуваме, сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни, стои меѓу другото во пораката од претседателот на Стево Пендаровски по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик.
– Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на македонскиот јазик низ вековите конечно добива своја рамка и се формализира. Од првите црковнословенски ракописи од 10 век, преку јасно пројавената свест за неговата посебност во деветнаесеттиот век, што кулминира со делото на Мисирков, па понатаму преку Рацин до Конески, Кепески, Лапе…, сè до ден-денешен, македонскиот јазик се развива и се збогатува зацврстувајќи ја својата позиција во светското семејство на јазиците – се наведува во пораката.
Македонскиот јазик како официјален јазик во нашата татковина, се посочува, го зборуваат нашите граѓани, многубројните Македонци во дијаспората, но и многу вљубеници и почитувачи слависти-македонисти низ целиот свет.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, упати честитка до граѓаните по повод денешниот ден, 5 мај, Ден на македонскиот јазик.
Како што соопшти СДСМ, во честитката, Ковачевски посочува дека денеска оддаваме почит кон создавачите на македонскиот литературен јазик и ја продолжуваме мисијата за негова афирмација и заштита.
– Денеска кога го одбележуваме Денот на македонскиот јазик, оддаваме должна почит кон сите создавачи на македонскиот литературен јазик и ја продолжуваме мисијата за негова афирмација и заштита – се наведува во честитката од Ковачевски.
Македонскиот јазик, подвлекува претседателот на СДСМ, денес е дел од нашата лична карта во Обединетите нации, а со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик, го издигнавме на исто рамниште со останатите официјални јазици во Европската Унија, на кабините за превод во ЕУ стои нашиот македонски јазик.
– Македонскиот јазик е темел на нашиот идентитет, грижата за негово зачувување и унапредување останува наш приоритет, затоа што влог во јазикот е влог во иднината. Нека ни е честит 5 мај, Денот на македонскиот јазик – вели во честитката Ковачевски.
Тој во неговата честитка изјави дека Македонскиот јазик и идентитет се признаени како автентични меѓу европските идентитети.
-Доказ за тоа е преговарачката рамка, усвоена од Европската Унија, со која отпочнаа преговорите за нашето членство. Во неа е јасно предвидено да се преведе на македонски јазик целокупното законодавство на ЕУ со што нашиот јазик станува еднаков со сите други јазици на Европската Унија, – изјави меѓу другото Маричиќ.
Тој исто така истакна: „Институциите на ЕУ веќе воведоа превод од и на македонски. Службите на ЕУ распишаа оглас за преведувачи на македонски јазик кои ќе работат за Европскиот Парламент, Европската комисија или за Европскиот суд на правдата.“
-Ова е меѓународно признавање на макeдонскиот јазик и доказ дека тој ќе стане официјален јазик на Европската унија на денот на нашето зачленување. Македонскиот јазик е европски, – рече Маричиќ во неговата изјава.