Како никоја друга претходно оваа Олимпијада во Јапонија ја следеа многу контраверзи, одложувања од една година, аафери и скандали
На Националниот стадион во Токио, ќе бидат отворени 32-те Летни олимписки игри, но без присуство на гледачи. На трибините ќе има само 950 службени лица: дипломати, спонзори и претставници на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), а имаше и присуство и на 15 шефови на држави и меѓународни организации. Македонија на Игрите во Токио испрати осум спортисти. Во улога на знаменосец за време на свеченото дефиле ќе биде таеквондистот Дејан Георгиевски. Со него требаше да се појави и џудистката Арбреша Реџепи која, сепак, ќе ја пропушти церемонијата поради делумната илозација што по блискиот контакт што го имала на пат кон Јапонија со позитивно лице на коронавирусот. Георгиевски во Токио ќе настапи во категоријата + 80 килограми, додека Реџепи во категоријата до 52 килограма.
Останати македонски репрезенти на олимписките борилишта ќе бидат Миа Блажевска Еминова во ливање/100 метри, Филип Деркоски – пливање/400 метри, Борјан Бранковски – спортско стрелаштво/10 метри, Пуликсенија Јованоска – карате/кати, Јован Стојоски – атлетика/400 метри и Магомедгаджи Нуров – борење слободен стил/97 килограми..
На Олимпијадата што ќе трае до 8 август ќе учествуваат околу 12.500 спортисти од целиот свет..
Првиот настан на македонски олимпиец на „колнатата Олимпијада“ во Токио – Борјан Бранковски. Тој во натпревар со воздушрен пиштол го освои 21. Место од 36 натпреварувачи. Впечатокот го расипа настапот на пливачот Филип Дерковски во 400 м. Слободно кој од ситте натпреварувачи имаше најслабо време. Веќе имаше мрморењаз дека не требало да биде во екипата за Токио.
Олипијадата постојано изобилуваше со скандали. Последната бешпе со Сеико Хашимото, претседателот на Олимпискиот организациски комитет во Токио, изјави дека комитетот неодамна дознал дека Кобајаши „користел јазик на потсмевање врз трагичен настан во историјата“, и издаде соопштение со извинување.
Кентаро Кобајаши, директор на Шоуто, за утрешното свечено отворање на Олимписките игри во Токио е отпуштен денеска откако негов видео-клип од пред 10 години како се шегува на сметка на Холокаустот за време на комедијантско шоу, се прошири по социјалните медиуми.
Сеико Хашимото, претседателот на Олимпискиот организациски комитет во Токио, изјави дека комитетот неодамна дознал дека Кобајаши „користел јазик на потсмевање врз трагичен настан во историјата“, и издаде соопштение со извинување.Кобајаши, познат изведувач и режисер во Јапонија, се извини, откако беше отпуштен.
Темата на церемонијата беше „Обединети преку емоција“, за кои се сметаат едни од најмалку вообичаени Олимписки игри во модерното време. По една година одложување поради пандемијата, Олимпијадата во Токио беше отворена со свечена церемонија.
Отворањето на Игрите беше придружено со традиционалниот огномет, снимки од беспилотни летала од стадионот, музички изведби. Олимпијците ќе маршираат со знамињата од нивните држави, за време на парадата со помал и ограничен број учесници, поради мерките за социјално дистанцирање.
„Најмалку еден, евентуално два метри на социјално дистанцирање ќе биде норма, а сите олимпијци мора да носат маски во секое време“, изјави Хидемаса Накумура, официјален претставник во организациониот табор на Игрите во Токио.
Јавноста во Јапонија нашироко се противеше на одржувањето на Олимпијадата, стравувајќи дека само дополнително ќе се влоши и онака нестабилната состојба со ширењето на коронавирусот.
Tокио вечерта пред церемонијата јави за речиси 2000 нови случаи на Коивд-19, што е највисока бројка во последните шест месеци, а метрополата веќе се наоѓа во вонредна состојба. Насекаде низ градот, јавните места каде може да се соберат посетители, се затворени и се откажани. Баровите нема да служат алкохол. Носењето на Олимпискиот факел е заменето со церемонија, он-лајн.
Засега 106-лица поврзани со Олимпјадата се позитивни на Ковид-19. Тоа вклучува неколку олимпијци, чии сништа за постигнување добри резултати и натпреварување со најдобрите во светот, се урнати. Сепак, властите во Олимпиското село, каде се наоѓаат спортистите од целиот свет, ги намалија стравувањата, истакнувајќи дека стапката на заразени е на ниско ниво. „Нема место во светот, каде нема случаи со вирусот. Тоа е невозможно. Важно е брзо да се идентификуваат и изолираат евентуални случаи и да ги направиме Игрите што е можно побезбедни“, изјави Хидемаса Накумура, официјален претставник во организациониот табор на Игрите во Токио.
Муто на денешната прес-конференција рече дека го следи бројот на заразени. Од први јули наваму веќе е регистриран 71 случај на коронавирус кај лица кои се Програмата за вакцинирање на Јапонија заостанува во споредба со другите развиени држави. Досега се регистрирани над 840.000 заразени и 15.055 смртни случаи.