Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МАКЕДОНСКИТЕ ПИЛОТИ ГО ПРЕНЕСОА КРАЛСКОТО ЗЛАТО ВОН ЗЕМЈАТА (1)

June 24, 2019 Filed Under: Фељтон

Киро Хаџи Асов и Тодор Михајлов биле избраниоте пилоти кои го пренеле златото на Кралтвото Југославија во Бари. Тие, според тајниоит план веројатно требале да бидат убиени како сведоци на настан за кој не треба да знаат многумина

ПОЛЕТУВАЊЕ Хаџи Арсов и Михајлов важеле за најдобри пилоти во свое време

Двајца српски историчари неодамна изнесоа нова теорија за бегството на кралот Петар Втори кој ја напуштил Југославија во 1941-ва година и според тогашните верувања, со себе го однел народното богатство. Се работи за српските историчари Душан Бабац и Александар Огњевиќ ко наводно направиле големи истражувања и во својата книга „Тајните на кралското богатство“ ја изнесоа новата теорија за исчезнувањето на големото богатство откако кралот Петар Караѓорѓевиќ во 1941-ва година, пред војната побегнал од тогашна Југославија.

Досега се веруваше дека богатството со себе го однел кралот Петар, но двајцата српски историчари тврдат дека не е така.

„Од 204 ковчези со злато од филијалата на Народната банка во Ужице, Италијанците во април и мај во 1941-ва година заплениле 179 ковчези, или вкупно 8393 килограми чисто злато. Од преостанатите 25, Германците од манастирот Острог успеал да одземат четири, осум зела владата, пет генералите, еден бил украден, а пет зела Озна после војната“, тврди Бабац.
Покрај тоа, српскиот историчар тврди дека после капитулацијата на Италија, Германците го заплениле југословенското злато. Подоцна златото го пронашле Американците. Истото, во Италија било вратено после Лондонскиот договор, а на Југославија во рамките на Договорот за мир.

Но дека тоа не е точно тврдење и дека има за цел да ги оправда раскошните животи на Караѓорѓевиќи во изгнанство говори и истражувањето на белградски Телеграф, кој најде дека златото на Народната банка, односно златните резерви на државата биле во 1941 година пренесени во Ужице, потоа во Црна Гора и од таму, по воздушен пат вон земјата, која, се готвела за капитулација. Во таа операција учествувале неколку Македонци, кои биле дел од кралската армија и кои посведочиле за тоа што тогаш се случувало.

ПРИСВОЈУВАЧ Младиот крал Петар Втори е присвојувач на златните резерви од Народната банка на кралска Југославија

Кралското семејство дел од златото го зел со себе кога побегнало најнапред во Грција а потоа во Ерусалим, па во Каиро. Оној дел што останал во Црна Гора, со авиони бил после нивното бегство пренесен во Бари (!) а од таму во Лондон, но како задача на други пилоти. Фактички дури тон злато биле натоварени на авиони со кои управувале двајца пилоти од Македонија – Киро Хаџи Арсов и Тодор Михајлов. Обајцата потекнувале од Штип.

Се разбира, со овие сознанија на Телеграф не се разбиструва целосно енигмата колку вкушно злато од Кралството Југославија е ограбено, каде тоа се движело во војната и дали нешто од тоа е вратено назад во Југославија..

Приказната за двајца македонски пилоти ги кажува на новинарите една од наследничките на еден од пилотите – Биневска Сатовска, која работи во Државниот архив, каде новинарите на Телеграф барале податоци за прикзната.

По низа подготовки, со највисока тајност, авионите со вреден товар и некои од членовите на кралското семејство кои дотогш не побегнале,  слетало во италијанскиот град Бари. Хаџи Арсов и Михајлов добиле потоа нова задача – да учествуваат во воздушните напади во Египет, на страната на Британцитер, во близина на Ел Аламеин, 75 километри западно од Александрија.

НА АЕРОДРОМОТ Нивниот лет требал да заврши со соборување во жестоките борби

Нивните претпоставени веруваа дека авионите со кои управуваат двајца македонски пилоти ќе бидат погоени во воздушните битки и заедно со нив, ќе бидат погребани тајните за износот на кралското злато.

Сепак, ова не е целосно реализирано. Благодарение на знаењето и вештината на пилотирање, а пред се,на голема среќа, Киро Хаџи Арсов се вратил во Југославија. Вториот пилот, Тодор Михајлов, бил убиен во авион кој бил соборен над Средоземното Море во близина на брегот на северна Африка, кон границата со Либија, каде што е воделе најжестоки битки меѓу германската армија и сојузничките сили во тоа време.

Кога Хаџи Арсов се вратил од Египет, неговите претпоставени, кои беа одговорни за тајната мисија, биле многу изненадени кога го виделе жив и здрав. Потоа, заради нивните реакции, му станало совршено јасно дека тој, исто така, требал да умре над африканскиот континент.

(продолжува во следниот број)

 

 

Filed Under: Фељтон

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet