Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МАКЕДОНСКИТЕ РОМАНСИЕРИ ЛАНИ БИЛЕ ПЛОДНИ

February 5, 2019 Filed Under: Македонија

Во конкуренција за наградата „Роман на годината“ на Фондацијата Славко Јаневски се дури 36 романи

ВЕТЕРАН Влада Урошевиќ е секако најпознатото авторско име кое некој од издавачите

На годинашниот јубилеен 20-ти конкурс за престижната награда „Роман на годината“ пристигнале дури 36 романи. Како што соопштуваат од Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, која ја доделува оваа награда, жири-комисијата во состав Фросина Пармаковска, минатогодишна лауреатка на ова признание и воедно претседателка на жири-комисијата, Богомил Ѓузел, Сашо Прокопиев, Елизабета Баковска и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата) констатираше дека освен по обем, годинава романескната продукција се одликува и со несомнен квалитет.

Според правилникот на наградата, Фондацијата ќе го соопшти годинашниот добитник најдоцна до 15 март. Жири-комисијата во овој период ќе направи неколку селекции на романите. Наградата е единствена и неделива и се состои од паричен износ од 150.000 денари, плакета и статуетка.

ПОЗНАТА ТЕМАТИКА Кица Колбе ја номинираше „Земја на бегалци“

Од долгиот список најпрвин се издвојува насловот – „Маџун“ на Влада Урошевиќ. Овој вертеран е автор на десет збирки поезија, шест збирки раскази, пет романи, три книги записи и патописи и неколку антологии. Во повеќе книги се собрани критиките и есеите во кои, главно, зборува за македонските писатели. Има две книги за фантастиката во литературата, како и две книги за фантастиката во сликарството, а има преведено и значајни дела од француската поезија. Влада Урошевиќ е единствен македонски поет кој ја добил трипати наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на Струшките вечери на поезијата

ПЕТАР АНДОНОВСКИ Веќе еднаш ја доби наградата

Во списокот има и други познати имиња. На пример тука е писателот Владимир Попов, кој во 2011 година ја доби Рационовата награда со романот „Наспроти ветрот“ а годинава го кандидира делото „Последниот воз за Загреб“. Потоа тука е и Петар Андоновски, кој по романите „Очи со боја на чевли“ и „Телото во кое треба да се живее“, кој е добитник на наградата „Роман на годината“ уште додека ја доделуваше „Утрински весник“, а сега го објави и „Страв од варвари“, во издание на „Или-или“. И Живко Гроздановски конкурира со својот трет роман – „Последното име на иднината“, воп издание на „Антолог“.

Тетовчанецот Јован Дамјановски, инаку вработен во Министерството за земјоделство конкурира со два романи – „Глобалните ѕвезди на небото“ и   „Благослов или проклетство“, Претходно имаше издадено седум наслови!

Новинарот Гојко Ефтовски, исто така тетовчанец, кој конкурира со  „Суденик“, не е толку познат како писател (главно пишувал моногрсфии) р лик што го знаеме од малите екрани. Ирена Јорданова го номинира својот нов роман „Последен брод што плови“ во издание на „Или-или“, а со нејзиниот прв роман „Помеѓу“ –  објавен во 2008 година таа влегува во најтесниот избор за наградата Роман на годината.

Кица Колбе е веќе победник во освојувањето на оваа титула а сега конкурира со „Земја на бегалци“, дело кое ја има очекуваната содржина. Деклото „Кнезот во Казабланка“ во 2006 година ја освои оваа награда. „Жените Гаврилови“ беше во номинација за наградата Балканика три години потоа.

Ивица Челиковиќ е автор на романот „Луѓе без минато“  а тој зад себе има десеттина дела од различен жанр. Се бавел и со преведување а читателите го сретнбвваат неговото име и како колумнист.

ИРЕНА ЈОРДАНОВА Со своето деби дело во 2008 година за малку не ја освои оваа награда

Во списокот за наградаѕа се и следните дела и автори:

„Девици и волци“ на Александар Алексов, самостојно издание, „Пеколот од детството“, на Атанас Бојаровски, самостојно издание, „Втор откос“, на Дејан Величковски, „ПНВ Публикации“, „Тажна приказна за среќни луѓе“, на Андреј Волкашин, „Антолог“, „Пинокио и вештерката“, на Наташа Димитриевскa, „Или-или“, „Карангел Бруснички“, на Илко Димитриески, самостојно издание,  „Разголена душа“ на Марта Димитров, „Ѓурѓа“, „Златниот часовник што го запре времето“ на Константин Дораковски, „Кондор“, „Барутни облаци“, на Бранислав Ѓорѓевски, „Академски печат“, потоа „Лидија, или се што знам за жените“ на Тихомир Јанчовски, самостојно издание , „Заробеник во сопствениот живот“, на Катарина Јовчевска,„Академски печат“, „Пливање спротиводно“ на Ненад Јолдески, „Или-или“, „Неизгубливи нешта“ на Никола Кочовски, „Култура“ , потоа „Еретички писма“ на Стефан Марковски, „Три“, па „Сага за тројство“, на Зоран Милошевски, „ПНВ Публикации“, „Меѓу чаршијата и црквата“, од Димитар Пандев, „ПНВ Публикации“, „Небото над реката Чарлс“, на Катерина Серафимовска, „Култура“, „Марика и стравот“, од Емилија Славковска, „Македоника литера“ „Ирис на фортуната“, Цвета Спасикова, „Дата песнопој“- Битола, „Утеха за голите“, Давор Стојановски, „Или – или“, „Овде или во вечноста“, Билјана Tинтоска, „Матица македонска“ ,  „Души близнаци 11:11“, Весна Здравковска Трајковска, самостојно издание, „До дваесеттата“, Добре Тодоровски, „Матица“, „Бојана на Тодор“, Божана Тренческа, Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ –Штип, „101 живот“, Весна Мојсова-Чепишевска, Елена Атанасиу, „Матица македонска“ и „Некој бил тука“, Николина Андова Шопова, „Темплум“.

Почнете да читате!

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet