Можен е наскоро нов бунт на студентите кај нас заради автобуските билети што како проблем ги донесе министерката за образование Јаневска и елитата која ја претставува. Тие незадоволства би биле насочени кон шалтерите каде се продолжува важењето на билетите и секако би имало голема разлика од она што се случува како вистинска битка со елитата на автократот Вучиќ во Белград
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Деновиве седиме пред телевизорите и гледаме како еден освежувачки дух од соседството со денови ја одржува својата оптимистичка најава за едно ново општество и се’ уште е во добра кондиција. Се мешаат во гглавата при тоа и некои потсетувања за студентски протести кај нас и се врзуваат со најава за нова реприза, овој пат заради нерешавањето на прашањето за превозот на младите луѓе со индекс во раката од главниот град, по укинување на студентските легитимации на шалтерите на ЈСП.
Лично мислам дека под поимот студентски протести, барем за земјава, не можат да се врзат само еднонасочни релации, бидејќи, поводот често бил само секуларен, со некаков подоцнежен домино – ефект врз покрупни општествени случувања. Имало кај нас и некои парковски националистички егзалтации кои денес се заборавени, но кој послужи една партија без некаква кадровско-војводска бројност да изврши своја нова регрутација. А имаше секако и еден најмасовен протест на скопскиот Универзитет од кого не дели една деценија а чиј есенско-зимски дизајн 2014 година се’ уште не може комплетно да се вклопи во промените што се случија во годините потоа а за кого, барем во однос на релациите власт- студенти во Белград, во моментот се настојува да се најде сврзно ткиво со нас. Обидот е на власта од некогашната Кралска палата во Пионерски парк за некаков копирајт по системот „сети се снао“: не се споменува од „тактички причини“ западното влијание (заради поектот за вадење лигнит, изградба на комплекс на местото на срушениот Генералштаб што е дел од западните инвестиции) а инспширацијата се наоѓа кај нас каако да се работи за пандемија и тоа на поширок политички план.
КОЛКУ СЕ СТУДЕНТИТЕ ШИРОКИ ВО БАРАЊАТА „Последниот студент нека го изгаси светлото на аеродром“ беше еден од многу транспаренти кои можеа да се видат на улиците на Скопје и други градови во Македонија за време на студентските, средношколските и граѓанските протести. во 2014, 2015 и 2016 година. Постои обемно истражување кое заклучува дека тие проести се случиле „иако младите во Македонија традиционално беа оценувани како апатични и недоволно општествено ангажирани“. (https://epi.org.mk/docs/Sakam-doma-da-ziveam.pdf). Се поаѓа од премисата дека во споменатите години една поинаква тенденција можела да се забележи во Македонија во споменатите три години, Се вели во ова истражување следејќи го процесот на студентското, или поточно срочено, младинското будење, предводено од Студентскиот, а консеквентно и Средношколскиот пленум како пркосење на постојните верувања во нивната пасивнос. Од друга страна, велат авторите, младинската ангажираност изразена преку овие движења зборува за незадоволството кое постои кај значителен дел од младите; првенствено од обрaзовниот систем, но не единствено. Пленумите иако се концентрираа главно со проблемите на образовниот систем, во нивниот фокус е и животниот стандард на студентите, владините младински политики (или непостоењето на истите) и економскиот просперитет за младиот човек во Македонија.
Зборот пленум, кого госпсоменавме, деновиве се споменува од властите во Белград како идеолошки кога се говори за заземените установи наменети за образование; а тој терминнавистина беше користен пред 10 години како изблик на комплетна отвореност за студентите за искажување на нивните мисли, предлози и планирање на идните акции. Тој означуваше автоматско исклучување на другите форми – кои реално беа партиски клонови – и преземање на иницијативите од целата маса на поседувачи на индекс.
КАДЕ БЕА ПРОФЕСОРИТЕ? Да, секако, постојат многу поклопувања меѓу тогашниот скопски и сегашниот српски студентски протест (Нови Сад, Белград,. Ниш, Крагуевац). Недостасува фактот дека кај нас, навистина малку пост фестум се формираше и Професорски пленум, чие дејствување стана набргу избербатено заради практичното предавство на некои од професорите кои се јавија како предводници. Ете ја првата, голема разлика меѓу она што се случува деновиве во Србија и нашите студњенртски приотести од опред една деценија! Таму професорите речиси единствено стана голема поддршка на барањата на нивните студенти и матуранти и покрја фактот дека тие барања само во мал дел имаат сепаратен призвук. А придружување на студентите кај македонските професори беше толку логично заради тоа што поводот за незадоволствво беше врзан за нивната, професорска ампутација: се работи за решението на Груевски да ги стави под капа високошколските институции, односно да бидеме посликовити негови политички комеари, веројатно и неписмени или со проблематични дипломи (традиција со стаж во ВМРО ДПМНЕ) два пати годишно да го преписпитуваат од страна на „екстерни елементи“ веќе оценетиот успех од страна на регуларните професори и асистенти!
Само да потсетам како светско искуство тоа го имаше само во т.н. кинеска културна револуција (1966 – 76). Тогаш стуентите беа масовно носени од факултетските клупи на оризовите пиолиња каде би покажале единстевно општествено корисен труд. Добро, можеме да имаме разбирање за евентуалната аверзија на Груевски за образованието, но тука се и професорите кои не истрпеа да бидат понижени и обесмислени. Фактот дека Професорскиот пленум се рааспадна овнатре заради одредени кадровски амбиции на одделни членови – се сеќаваме кога премиерот дојде пред хотелот Александар палас и им се обрати директно на оние кои „ги сметал за свои“, пред се на сега актуелната претседателка на државата и на профеорката Ванковска (кандидатка за претседател на Левица годинава) која одговори во стилот – „не немаме ништо против вас“. Да не одиме во детали, би било дегутантно.
Имаше секако и многу поинакви примери. Текстот на професорот по уставнио право Шкариќ (http://globusmagazin.mkk/академската-заедница-чувар-на-акаде/) јасно укажа на тоа дека во тој миг можеби се гради новата иднина. „ Масовните студентски протести ја најавија и промената во општеството. Без наука универзитетот ја губи смислата на своето постоење. Ако и натаму науката се уредува со друг, посебен закон, како што е случај со Законот за научно-истражувачката дејност од 2008 година, тогаш не може да стане збор за квалитетно високо образование, ниту за излез на универзитетите од постојната криза“ – напиша тој.
ФАКУЛТЕТИ НА СЕКОЈА БАНДЕРА Професорите дури добија поддршка од познати професорски умови во светот (https://okno.mk/node/43466) – „осумдесетина видни светски мислители и филозофи, кои предавaат на најугледните универзитети на планетата, стотици домашни универзитетски професори и интелектуалци се против државен испит за студентите на факултетите во Македонија. Тврдат дека со него нашата влада воведува концепт каков што не познава ниту една цивилизирана држава во светот. Оваа оцена ја бранат со аргументи, со докази, со научниот и личен дигнитет. „Им се обраќаме на пратениците во нашиот законодавен дом, а не на угнетувачи-туѓинци“, велат. Па, што? Што значи сето повикување на разумот во споредба со неразумниот глас на лидерот, сите тие нивни отворени писма спрема заповедното слово пастирово…“.
За волја на вистината издвојувам една подалекугледа опсдервација на Бранко Тричковски во колумната во Глобус под наслов „Какви бунтовници, бе, студентите се обични опортунисти“ (пренесено бо Окно – https://okno.mk/node/42439). „ мене, да речеме, протестите првин ми личеа на копа сено од која, можеби, може да се роди некој убав пламен, но потоа почна да ме освојува чувството дека и овие демонстрации се патетична, манекенска, позерска манифестација на македонската бунтовност против промените на подобро! За статус кво! Ако може! Во таа смисла објективните посматрачи не можеа да не забележат дека маршот извира од некаков претапорте ревијален формат и во него се враќа!“
Тричковски посебно ги проблематизираше некои од потезите како што е писменото обрфаќање до надлежниот министер, прашувајќи се „на што во оваа писмо ви личи на категорично барање, демарш, нота, ултиматум!? Па ова е интонација што секој ден го заплиснува министерот од стотици дописи на кои тој, нормално, обрнува помало внимание отколку на тендерите за креди и сунѓери“.
Јасно, имаше некои колумни на професори кои длабоко се врежаа во меморијата на нацијата, како оние на професорката Попсимонова која јасно му го посочи клучниот проблем во високото образование на Груевски – „формиравте повеќе од 20 универзитети со преку 100 факултети? Вие, кои имавте мегаломанска визија да создадете дисперзирани студии на секоја втора бандера и да формирате најмногу високообразовни установи на квадратен метар во светот? Вие, кои немате три чисти да признаете дека уништивте генерации млади луѓе со вашите ’креации“’за факултетски дипломи по секоја цена?“ (https://www.radiomof.mk/stav-talkin/). Да додадеме, па ова е значи стара вмроовска тактика: создади проблем за да го „решиш“!
ПЛЕНУМИТЕ ЗАВРШИЈА, ДОЈДОА „БОМБИТЕ“ Да скусиме – студентските протести и пленуми се смирија на крајот на 2014 година и беа заменети со снимените телефонски разговори во врвот на ВМРО ДПМНЕ – „бомбите“ кои ги најави Заев. За сознанијата од преслушаниот материјал тој разговараше директно со Груевски во јануари 2015 година, кога домаќинот во Владата одби да преговара за условите за нивно необјавување. Јасно, опаниката на дворот беше активирана со цел на наошање на спречување на објавувањето на снимените разговори односно подигнување на незадоволството во земјата. Беа тоа паралелни процеси – едни на опозицијата во седиштето на СДСМ а втори во партиските кулоари на ВМРО ДПМНЕ. По ова, од февруари таа година започнаа сепак снимените телефонски разговори истите да се отвораат во период од секои три дена по неколку снимени, шокатни разговори за методите на владеење на веќе можеше да се рече – груевизмот. Иако е парадоксално, тоа беше пред се автогол на власта која заради потреби на шефот на ДБ Мијалков уредно снимала секого во оваа држава која бил од интерес а тука влегуваат и оние кои се во самата власт! Во паника власта организираше теористички наопад во Куманово кој заверши со принудна смена во јавната и државна безбедност, под притисок на меѓунаросдниот фактор. Отставки дадоа Мијалков и Јанкуловка.
Но овие настани, на општ шок (јас не сум исклучок) не предизвикаа никакви бранувања на улиците (во медиумите секако и не можеаа да допрат – мејнстрим весниците и тв станици и онака си беа и останаа огласни табли на груевизмот), што ја оправдува тезата на Тричковски дека сепак се работеше за една во основа пасивна стуидентска маса која се задоволи со условно – постигнатиот резултат. Ќе ги нема полит-комесарите во визита. Некои од тие студенти значи мирно ќе си дипломираат а ќе станат и самите дел од режимот, ќе бидат идни полит-комесари. Многу осд нив со маратонски долг стаж на полагање на испити.
Студентски протести од пред 10 години значи сепак беа заради проблемите што се отвораат во високото образование, ама тоа немаше конекција со вистинските проблеми во општеството! И после потенцијалот што го нудеше отворање на т.бн. бомби практично првиот посериозен протест на улиците се случи дури на 5 мај 2015 година, кога едно од писмото го откри комплотот околу прикривањето на убиството на еден млад човек на денот на изборите ама уште во јуни 2011 година, кога се направи се’ да се спаси неговиот убиец. Значи минаа три месеци од отворањето на содржината на снимените разговори за да проработи совеста на народот барем во еден забележителен обем и тоа за случај кој бил пред четири години. Потоа дојдоа и другите кризи како онаа во Дивље насеље, па „шарената рволуција“ со релативно кусо траење, потоа дојде до Пржинските преговори 1 и 2… се до изборите во декември 2016 година.
МНОГУ АРТИЛЕРИЈА ЗА ЗА ВЛАКНО ДОБИЕНИ ПРОМЕНИ Колку само „тешка артилерија“ беше потрошена за да дојде до една логична промена во земјата која и после изгубените избори на тогаш актуелната власт (додуша за влакно!) се одолговлече до средината на 2017 година. Нашиот нов Скадар на Вардарот, таа тврдина на нешто што се викаше режим, многу тешко паѓаше, дури и покрај големата солидарност која Западот ја покажа со нашите политички проблеми, со големо трпение, po најмалку половина деценија?!. Само оваа хронологија од погоре може да укаже на тоа колку се далеку нашите протести од оние кои се случуваат во српските поголеми градови со студентите како иницијална каписла. Сличности има, но тие се сепак главно терминолошки.
Тука за кусо да се вратиме на колективниот труд од почетокот на текстот ((https://epi.org.mk/docs/Sakam-doma-da-ziveam.pdf), направен со многу интервјуа а која во основа ја користи користи дефиниција од социологот Kerstin Jacobsson, шрофесорка од Упасала (Шведска), која се занимава со новите социјални движења во Централна, Источна и Југоисточна Европа, со фокус на „грасрут“ мобилизации од регионот. Имено, во „Урбани грас-рут движења во централна и источна Европа“ (Jacobsson, 2015,) социјалните движења се дефинирани од неа како „напори за колективно делување со цел предизвикување на моменталната состојба на работите од страна на луѓе со заеднички интереси и солидарност во постојана интеракција со елитите, авторитети и/или противниците, потврдувајќи дека репертоарот на колективната акција се разликува во различни контексти и може да се движи од симболички отпор до отворен протест“(2016).
Ова истражување ги потврдува четирите фази на младинските протести – појава, соединување, бирократизација и пропаѓање и тоа пред да ни се случат потоа пред нашите очи. По тој редослед, што го потврдува истражувањето на професорката.
( Во друга прилика, зареди можната должина на текстот, би вредело да се одбележат првиот студентски протест од поголем обем во СФРЈ, што се случи во Скопје во април 1967, пасивизацијата која следеше следната година кога цел свет се брануваше од младински протести, потоа квази стуидентските протести кои се случија во Жена паркот кога се граде[е идната полтичка релација ВМРО – ДА).