Пожарите не стивнуваат, државата е во кризна состојба, силите и ресурсите се исцрпуваат и на крајот сè се сведува на човечкиот фактор, и причината, и помошта и последицата – точна медиумска констатација
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
По првичните реакции за пресметка со пожарите и подметнувачите како да се менува генералната политика кон појавата која можеше да ја сруши државата. Одеднаш пироманите не се толку зли, се оди кон помеката варијанта на вина а дури и премиерот така беше настроен! Така пак се враќаме на ситуацијата „кибритот му запали самиот…“ или „шишето со бензин му испадна од џебот… Генерално, и пред да има истрага опцијата на првата власт (што несомнено ќе има влијание врз третата власт) е дека се работело за невнимание а не за намера да се потпалува и да се прави хаос во земјата. На друга страна ПР тимот на Мицковски се заврте за 180 степени и сега глуми конструктивност (дури лидерот почлна да истоварува кисела вода во селата на Источна Македонија), како да свати дека „се претера“ (како што вели газдата на поранешната А1 ТВВелија Рамковски). Уапсените потпалувачи, само осомничени секако, можат да здивнат: се ќе заврши како во 2017 г. Значи – ни лук јал ни лук мирисал…ситуацијата ќе биде заборавена,
Пример за ова е промена на односот кон пожарот во ОХИС, каде имавме три одделни пламени јазици, го кажа тоа и моментиот оперативен шеф во Владата – Груби, вивнати истовренмено(!), што се окарекректизира како најочигледен промер на подметнување. Медиумите, како инструменти на опозицијата ,тврдеа деак пожарот е започнат во управната зграда (каде одговорноста може да дифузира- да прошири на многу фактори) за на крај да биде одговорен некој човек кој заварувал ограда! Па кој заварува ограда среде пладне, на над 40 степени, во објект каде и онака ништо не функционира а оградата секако може да почека некоја недела, па и повеќе?
Како функционираат медиумите во овие мигови? Па како и оној заварувач кој дошол од Прилеп во ОХИС: најдоа нов момент да ја засилат пресијата врз гасначите на пожарите – ја најдоа прва жртва ТВ 24). Нели, то недостасуваше во и онака запаливата ситуација. Впрочем, какви се тие пожари без човечки жртви? И се најде Стојанка од Бујановац која невенчано живеела во Старо Нагоричане. Да, ама жртва има а тело нема! Тоа го нема во целата криминалистичка теорија. Човекот кој го откри фактот дека сепак таа теорија со телото не важи е невенчаниот сопрруг, кој има 80 години и не говори баш поврзано, многу е контрадикторен а не чувме и како се презива хипотетичната жртва, поточно исчезнато лице, за евентуално да се најде! Дури и првиот човек на ЦУК Стојанче Ангелов изрази сочувство на старецот што остана крај куќата која е пеплосана и преорана од истрагата, па се прашувате дали некој не остана со ладна глава во овој прежежок август. Посебно оние од кои очекувате одлуки кои би биле соодветни на тежината на ситуацијата. Ангелов се обиде да бара виновник за пожарите инаку, следниот ден во ЕВН? Им биле ниски жиците и од нив искрело и горело. Даде шлагворт – следните уапсени за подметнување во Радовишко имнале во рацете изгорени кабли колку сакаш – таман да ги надополнат пејсажите што ги замислуваат во ЦУК. Или е тоа само поединечен став на директорот?
Ако се изземе премиерот, кој си даде оценка за вината на уапсените (не е чудо тие лица и да се пуштен и дома, место да се најде нивната врска со можните рушители на државата) кој смета дека негрижата на лицата е клучен фактор, од ЦУК немаме званично разделување од теоријата дека огнените јазици се предизвикани од човечкиот фактор. Мириса на намера. Барем тоа остана како поглед од страта позиција. Да повториме – oд Центарот за управување со кризи, ги издвојуваат човекот – намерно и ненамерно, како нешто на што укажува истрагата. Па како што пишуваат некои колеги (значи пишуваните медиуми, кои остануваат постудиозни) – „пожарите не стивнуваат, државата е во кризна состојба, силите и ресурсите се исцрпуваат и на крајот сè се сведува на човечкиот фактор, и причината, и помошта и последицата“.
Од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, имаат некаква статистика и велат дека најчестиот фактор за предизвикување пожари е невниманието, односно, човечкиот фактор. Под невнимание, како што изјавија за МИА, подразбираат и несоодветно одржување на електрична мрежа низ градовите!
Од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје појаснуваат дека она што најчесто го забележуваат на терен се догорчињата од отпушоците од цигари, нивно невнимателно фрлање на сувата вегетација. Оттаму нагласуваат дека биле евидентни и неколку места на кои може да се види дека има и намера за подметнување на пожар.
„Особено како што беше случајот од Батинци, каде што при наша интервенција на еден дел од просторот каде што гореше високостеблеста шума, при преместување на екипите за подобро поставување, наидовме на нов локалитет, многу далеку од постоечкиот пожар, каде што беше подметнат, класично, со картонски кутии подметнтаи под дрва, запалени и среќа што ги видовме брзо и интервениравме и беше пријавено во полиција веднаш”, велат отта
Според член 227 од Кривичниот законик, предизвикувањето на шумски пожар, намерно или од невнимание, претставува кривично дело кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена и затворска казна до осум години, зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.
Според податоците од МВР, дадени за МИА, само во изминатите 12 месеци, на територија на државата се поднесени 28 кривични пријави за сторени 26 кривични дела „предизвикување на општа опасност“ и две кривични дела „тешки дела против општа сигурност“, кои се однесуваат на подметнување на пожари.
Според член 19 од Законот за пожарникарство, секој граѓанин кој ќе забележи непосредна опасност од настанување на пожари или ќе забележи пожар, должен е да ја отстрани опасноста, односно да го изгасне пожарот, ако тоа може да го стори без опасност за себе или за друго лице. Доколку граѓанинот не може сам да ја отстрани опасноста, односно да го изгасне пожарот, должен е веднаш да ја извести најблиската противпожарна единица или полициска станица и да побара помош од граѓаните во непосредна околина.
Од ЦУК истакнуваат и дека однесувањето на локалното население било различно, зависно од реон до реон, некаде се вклучувале граѓаните, некаде само барале помош и очекувале од воздух да се интервенира. Оттаму, споделуваат дека одејќи по терен се сретнувале со различни примери, меѓутоа, како што велат, сепак имаме една кохезија кога ќе дојде тој момент да се браниме од огнената стихија, при што безбедноста на луѓето и животните е на прво место, а потоа материјалните добра, бидејќи, материјалните добра може да се направат и купат повторно, луѓето не можат.
„Имаме примери каде што доаѓа човек со кеса и носи шише со сок и вода и им го дава на пожарникарите, има и примери што се обратни од тоа, едноставно доаѓаат и само како да сакаат да направат некоја сензација на својот профил на фејсбук”, велат од ЦУК за МИА.
Дополнуваат дека има и случаи, каде што со намера, граѓаните сакајќи да ги исчистат своите земјоделски површини кои се надвор од градот, ги палат, и при посилен ветер тие излегуват од контрола и се пренесуваат на шумските површини.
Пожарите се еден од најголемите проблеми кај нас, посебно за животната средина, но и за економијата и за животите на граѓаните.. Бројот на шумски пожари во Република Северна Македонија досега го достигна врвот во 2007 година, кога се регистрирани 652 шумски пожари. Стручњаците велат дека засега не е доволено шумски пожар да навлезе во градска средина. Но КОчани беше на работ од тпокму таква ситуација.
На почетокот од јули, Јавното претпријатие „Национални шуми“ воведе делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува, на целата територија на државата, во период од 6 до 20 часот, по претходно добиена согласност од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Движењето беше овозможено единствено со писмена дозвола издадена од подружниците на ЈП за подрачјето со кое стопанисуваат.
Но, по избувнувањето на неколкуте шумски пожари на 2 август, веќе следниот ден – на 3 август стапи во сила целосна забрана за движење во шумските предели. Со воведувањето на ваквата забрана, Владата до сите граѓани апелираше да не се движат низ шумските подрачја во земјата, поради заштита на личната безбедност и спречување натамошно ширење на пожарите.
Ако и овој пат земјава со толку лоши искуства со пожарите го покаже своето „Исусово лице“ – ако те удрат во еден образ, покажи го другиот – тоа ќе покаже дека ништо не сме научиле од минатото и дека лесно го уништуваме трудот на многу генерации зад нас, кои, од 1945 г. наваму создадоа многу зелени, шумски површоно. Прото со својата правна малодушност не сме заслужиле да бидеме нивни потомци.