Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МАКЕДОНСКИ АВТОРИ ОСВОИЈА ДВЕ ПРЕСТИЖНИ НАГРАДИ ВО САРАЕВОНагради за авторката Новакова за документарец и на екипата на тв серија во развој

August 23, 2023 Filed Under: Ревија

Награди за авторката Новакова за документарец и на екипата на тв серија во развој

НАГРАДЕНА Кумјана Новака е наградена за поебна грижа за човековите права со својот документарец „Молк на разумот“

Во Народниот театар во Сараево со доделување на наградата „Срцето на Сараево“ заврши 29. издание на Сараевскиот филмски фестивал (СФФ), а за најдобар е прогласен играниот филм „Кос, кос, капина“, јавува Анадолу.

Документарецот „Молк на разумот“ на македонската режисерка Кумјана Новакова ја освои Наградата за човекови права на Фестивалот. Филмот, копродукција меѓу Македонија и БиХ, е сочинет од сведоштва и видеоматеријали од форензичките архиви за претрпеното насилство и тортурата на жените кои вовојната во Босна и Херцеговина поминале низ камповите за силување во Фоча. Ова е втор долгометражен документарец на Новакова, по наградуваниот „Вознемирена земја“ во 2021.

Струмичанката Кумјана Новакова, работи во полето на креативниот документарен филм и аудиовизуелните уметности од 2006 година кога и го кооснова филмскиот фестивал Pravo Ljudski во Сараево. Моментално работи како филмска кураторка во Музејот на современа уметност во Скопје и предава на одделот за документаристика и нефикција на ESCAC во Барселона. Авторски развива проекти помеѓу филмот и современата уметност, најмногу истражувајќи ја интеракцијата помеѓу идентитетите, спомените и колективното јас. Кумјана ја курира филмската програма на ПРВО ПА ЖЕНСКО од 2014 година.

Познатата шкотска режисерка Лин Ремзи ја доби почесната награда „Срцето на Сараево“.

Во натпреварувачката програма за наградите „Срцето на Сараево“ годинава учествуваа вкупно 49 филмови.

Најдобар игран филм на овогодинешниот СФФ е „Кос, кос капина“ на Елена Навериани од вкупно осум филмови кои беа во конкуренцијата.

Филип Сотниченко со филмот „Ла Палисијада“ е најдобар режисер на 29. издание на СФФ.

За најдобар актер е прогласен Јован Гиниќ за „Изгубена земја“, а Екатерине Чавлеишвили ја доби наградата „Срцето на Сараево“ за најдобра актерка за улогата во филмот „Кос, кос капина“.

„Срцето на Сараево“ за најдобар краткометражен документарен филм го освои Сара Јуринчиќ со филмот „Валерија“, а „Срцето на Сараево“ за најдобар документарен филм го освои Немања Војиновиќ за „Ботлмен“.

ЕКИПАТА НА СЕРИЈАТА „ТУРБОФОЛК ПРИНЦЕЗА“ Оваа тв серија ја заврши првата серија на емсии а се очекува второто продолжение

Најдобар краток филм на 29. СФФ е „27“ на Флора Ана Буда, а наградата за човекови права ја доби Кумјана Новакова за филмот „Тишина на разумот“.

Специјалната награда на жирито му припадна на Герго Сомоѓивари за филмот „Самовилска градина“.

„Срцето на Сараево“ за најдобар студентски филм и припадна на Ана Гимес за филмот „Паѓање“, а специјалната награда за промовирање на родовата еднаквост ѝ припадна на Селма Доборац за филмот „Де факто“.

Филмот „Кајмак“ на македонски режисер Милчо Манчевски вчера беше прикажан на Сараево филм фестивал, најважниот фестивал во регионот, во програмата „Open Air“. Дел од филмската екипа на „Кајмак“ продефилира на црвениот килим на 29-то издание на фестивалот. Највпечатлива беше актерката Ана Стојановска, која се појави во смело издание и минимален црн фустан.

Многу е важно да се спомене и тоа дека ТВ серијата „Авантурите на една турбофолк принцеза“ на ОХО ПРОДУКЦИЈА освои главна
награда за серија во развој на 29. Сараевски филмски фестивал.
Најновиот проект на ОХО продукција, серијата во развој на авторите Андреј Волкашин и Петар Влчев „Авантурите на една турбофолк принцеза“ ја освои престижната награда на Хрватскиот
аудиовизуелен центар, што се доделува во рамките на CineLink индустриски денови на Сараево филм фестивал.

НА ЦРВЕН КИЛИМ Екипата на филмот „Кајмак“ забележана на црвениот килим и по дизајнот на фустанот на актерката Стојанова

Серијата го следи патот на шармантната и несмасна девојка Васка во остварување на нејзиниот сон да биде балканска музичка ѕвезда, потпомогната од нејзината избувлива менаџерка Ебони. Овој телевизиски проект, кој се развива во изминативе 2 години, годинава веќе имаше едно успешно претставување на интернационален филмски форум во Будимпешта, каде го привлече вниманието на продуценти и селектори на програми од Централна и Источна Европа.
„Ова е серија на која работиме веќе подолго време и затоа сме многу горди што бевме наградени помеѓу најдобрите проекти во развој од Југоисточна Европа.“ – вели продуцентот Пеце Талески.
CineLink Drama е специјално дизајнирана програма во склоп на CineLink Industry Days со цел да ја помогне регионалната телевизиска индустрија преку презентација на квалитетни проекти во развој, но и здружување на професионалци од различни области, како што се сценарио, продукција, режија и емитување.
Наградата беше врачена на продуцентите Пеце Талески и Илија Тирицовски од ОХО ПРОДУКЦИЈА во вредност од 15 000 евра, додека вкупниот буџет за реализација на овој проект изнесува 950 000 евра за првата сезона која содржи 8 епизоди по 30 минути

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet