Очевидно е дека српското подземје регрутира се почесто млади луѓе од земјава за извршување на високо ризични операции. Многу често се споменуваат скопските општини Кисела Вода и Аеродром како фегрутни центри

Судсирите меѓу српските и црногорските организирани крими групи го одбележуваат балканското подземје подолго време. Практично откајо имаме распад на некогашната СФРЈ и поделба на системот на заштита на имотот и животот на граѓаните по републики. Криминалот од највисок ранг не признава граници и оди онаму каде лежи богатството и какде се наоѓа пазарот на кој треба да се растура нелегална стока. Бидејќи, Србија и Црна Гора останаа подолго во една заедница (федерација криминалот опстојува и во некаков непризнаен „комонвелт“.
Во последно време е забележлива поинтензивна регрутација на млади луѓе од Македонија за служба во белградските крими групи. Особено се користат во случаи каде треба да се извршат некои ризични акции, како што се убиства на истакнати шефови на конкурентски групи. Младите Македонци, на кои им се нудат разни „погодности“ како лессен живот и забава во екссклузивни клубови не паѓаат во очи кога ќе додјат во некакво ризично подрачје. На почетокот на октомври 2025 година загина во обид да направи експлозивна направа во изнајмен стан во Белград Мартин Сиповски (21) . За него пишувавме во тоа време како за дел од вмешаноста на криминалот во политичките пресметки против студентскиот отпор во Србија – бомбата требала да експлодира за студентите да бидат побвинети за тероризам, беше една од претпоставките. Чудно беше тоа што Сиповски беше осуден за тешко убиство кај нас на казна затвор од осум години. Одлуката не беше правосилна, но за таква тешка пресуда некој да добие мерка – домашен притвор е вистински скандал и може да сугерира дека постои спрега меѓу многу криминогени фактори меѓу Македонија и Србија и нивно влијае и онаму каде не би смеело. Споменатиот побегнал од таквиот „притвор“ (за ова никој не одговараше!) а се виде каде и беше јасно за чинја смнетка ќе биде понатаму користен.
Сега имаме еден сличен случај каде се споменува младо момче од Скопје кое е уапсено во Никшиќ. Деветнаесетгодишниот македонски државјанин Андреј Танасковски беше уапсен во Никшиќ, Црна Гора, во полициска акција поврзана со истрагата за обидот за убиство на Марко Љ., жител на Будва познат како Кан, кој според црногорските медиуми е високорангиран член на кланот „Шкаљари“.
Според полициски извори, Танасковски бил пронајден во изнајмен стан во населбата Видрован во Никшиќ. Заедно со него бил уапсен и Н. Марковиќ (34) од Никшиќ, кој е осомничен дека му помагал да се сокрие.
Танасковски се сомничи за обидот за убиство што се случил на 7 август 2025 година во хотелскиот комплекс „Маестрал“ во Будва. За него била распишана меѓународна потерница преку НЦБ Интерпол Подгорица.

„Во акцијата беше пронајден и, според меѓународна потерница издадена од НЦБ Интерпол Подгорица, лишен од слобода е А.Т. (19), државјанин на Северна Македонија, осомничен за обид за убиство на член на спротивставена криминална група“, соопшти црногорската полиција.
Но, некој ден по апсењето на споменатиот во Црна Гора а е убиен високорангиран член на кланот „Шкаљари“. Ист клан, ист град каде е уапсен нашиот државјанин! Дали тој таму не само што се криел, туку требал да направи уште еден злостор!
Инаку Јован Мрваљевиќ од Никшиќ беше убиен во пукање во селото Капино Поље во Црна Гора. Мрваљевиќ важеше за високорангиран член на кланот „Шкаљари“, а полицијата интензивно трага по сторителите, пишува црногорскиот медиум „Вијести“.
Управата на полицијата соопшти дека во саботата, околу 20 часот, во населбата Капино Поље, непознато лице со огнено оружје пукало во Ј.М. од Никшиќ. Тие потврдија дека убиениот бил член на организирана криминална група и дека починал на самото место.
„Службеници на Управата на полицијата – Регионален центар за безбедност „Запад“, во соработка со надлежниот државен обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, преземаат сите законски пропишани и итни мерки со цел да се утврдат сите околности и целосно да се расветли овој настан“, се наведува во официјалното соопштение.
На почетокот на 2021 година, Мрваљевиќ беше осомничен дека е дел од криминална група која наводно планирала убиство на белградските криминалци Вељко Беливук и Марко Миљковиќ во Тиват.
Убиениот Мрваљевиќ претходно ги обвини полициските службеници Петар Лазовиќ и Југослав Раичевиќ, поранешни членови на Специјалниот тим за оперативна поддршка, дека го малтретирале во ноќта меѓу 30 и 31 декември 2020 година, по неговото апсење во Никшиќ. Во своето сведочење, тој наведе дека полицајците го мачеле во службено возило на патот од Никшиќ кон Подгорица.
Тој тврдеше дека му ставиле кеса на главата, го давеле, го удирале и му се заканувале со силување. Поради тие обвинувања, пред Основниот суд во Подгорица се водеше постапка против суспендираните полициски службеници. На почетокот на јули оваа година, Лазовиќ и Раичевиќ беа ослободени од обвиненијата за мачење на Мрваљевиќ и Мило Јовановиќ.
Неправосилната ослободителна пресуда беше донесена на 8 јули. Судијата на Основниот суд во Подгорица, Илија Радуловиќ, објасни дека одлуката се заснова на два клучни докази: снимки од безбедносни камери од Центарот за безбедност во Никшиќ и од полициските простории во трговскиот центар „Сити мол“.
Тој истакна дека на снимките не можеле да се утврдат никакви повреди. Од друга страна, обвинението на Државното обвинителство во Подгорица се засноваше на докази од комуникацијата преку апликацијата „Скај“ (SKY).
Правдата го ослободи ама го стигна брза егзекуција од конкуренцијата. Колку за нас неопходна е добра анализа кој и а како ги врбува македонските момчиња за учество во најтешки форми на криминалитет.
(Р.Г.)




