Можеме да се фалиме со извозот на вино и тоа е добро за насловни страници, ама ние имаме стагнација и во понудата и во производството
РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС
Деновиве сме бомбардирани со наслови кои укажуваат на тоа дека ние имаме најдиобра позиција како извозници во регионот. По таа табела ние сме на прво место со извоз од 50,1 милиони долари. Следната земја после нас е Србија, да реќеме со 30 миолиони евра и така натаму. Ама на Википедија пишува дека во 2017 година Македонија остварила извоз од 52,4 милиони американски долари и била рангирана на 28 место во во светот според извозот на вино. Но, сме имале и увозот кој бил во вредност од 699.000 американски долари и по овој основ Македонија била рангирана на 173 место[
Оваа официјална бројка покажува дека нема никакви „чуда“ а нашето вино и пласманот во странство! Всуѓност, бројката на извоз од 50 милиони долари е достигната во 2016 година. При тоа фактот дека сме меѓу првите 30 земји во светот, далеку сме од светските џинови како Франција, Италија или Шпанија, но интересен е податокот што може само да е предизвик за домашната индустрија за вино, дека и некои северни земји со далеку понеповолна клима за развој на лозарство, како Литванија, Латвија, Данска, итн., се двојно или тројно поголеми извознички на вино од Македонија. Скокот од 7 отсто во 2016 годин е последниот што се случил.
Инаку, во извозот на вино од Македонија се уште доминира наливното вино со околу 65-70 отсто во однос на флашираното, но производителите велат дека напредокот иако можеби не со посакуваната динамика, сепак се случува.
„Ако погледнеме наназад имавме сооднос 80 отсто, па и повеќе во корист на наливното вино во извозната структура, што значи дека работите се помрднуваат. Реалноста, сепак, е дека со моменталните количини на вино што се извезува од Македонија (околу 70-80 милиони литри годишно,) ние сме само капка во морето. За да станеме значајни играчи, т.е. да зборуваме за позиционирање на македонско флаширано вино на светските пазари останува да се правиме со клучниот предизвик кој е: поставувањето на Македонија на светската винска мапа и брендирањето на нашата земја како винска дестинација во светски рамки.“, велат од винарницата Стоби, која штотуку направи значителен успех на кинескиот пазар со своите вина.
„На светските пазари сите производители на вино се наша конкуренција. Особено што доаѓаме од непозната – небрендирана дестинација. Но, ние сме сигурни во квалитетот на нашите производи и настапуваме сизифовски – туркаме не еден, туку два камена угоре по ридот. Едниот да ја етаблираме Македонија како винска земја, а другиот да го етаблираме нашиот бренд. Предизвикот е голем, но и нашите планови“, вели за медиумите Јадранка Накова, маркетинг директор во Перминдекс, холдингот во чиј состав е и винарницата Стоби.
Ако се анализираат бројките на македонскиот извоз на вино, каде што флашираното вино коешто е со поголема додадена вредност учествува со околу 30-35% сметано количински, и околу 45-50% вредносно, заклучокот е дека сè уште има голем простор за подобрување, бидејќи, како што велат врасботените во оваа гранка на аграрот и просечните цени за извезено литар флаширано вино се доста ниски и се во рамките од околу 1 евро/литар извезено флаширано вино, додека во наливниот дел исто така цената е ниска (15 – 20 отсто пониска од европскиот просек) и е во рамките од 0,46 евра / литар.
„Имиџот на македонските вина во светот од година во година се подобрува, македонски вина сè почесто добиваат врвни награди од светски признати критичари и сл. Во ова голем придонес има перманентното претставување на македонските винарници и вина на разните саемски манифестации во Европа и светот, како и индивидуалниот пробив на дел од македонските винарници на пребирливите светски пазари. Меѓутоа, долг е патот до успехот и во наредната декада мора уште посилно да се работи на пробивот на македонските вина.“, вели за Капитал Дане Јованов, инаку одличен познавач на винскиот бизнис во земјава, претходно повеќегодишен директор на винарницата Стоби.
За десет години површините со лозје се намалиле за близу 1.400 хекатри. Според последните статистички податоци лозовите насади во земјава се застапени на 23.613 хектари, за разлика од 2007 година кога површните под лозје зафаќале близу 25.000 хектари.