Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МАКЕДОНСКО СЕЛО ЌЕ СЕ ВРАЌА ВО ЖИВОТ

January 29, 2025 Filed Under: Македонија

Треба да се објасни дека концесионерите одамна не работеа со комплексот поради неисплатливост, планот за стартап простор што го имаше претходната власт не заживеа, а ниту актуелната влада нема јасна визија што да прави со местото за кое е потрошена голема сума на пари.

ФОТОГРАФИЈА ОД УБАВИТЕ ДЕНОВИ Оној кој ќе го земе овој објект треба добро да испита зошто истиот не беше рентабилен

Властите имаат намера повторно да го заживеат комплексот Македонско село, кој се наоѓа кај манастирот Свети Пантелејмон. Од заедничките служби велат, до крајот на работната недела ќе се објави оглас за избор на концесионер. Почетната цена на наддавањето за 12 автентични куќарки во кои има простор за 150 легла, три ресторани и останати помошни реквизити ќе биде само четири илјади евра месечно.

– Она што ние како држава го правиме во моментов е проценка на тој имот. Нема да го издадеме како јавно-приватно партнерство како што тоа било во минатото – ние да одржуваме дел, а дел економскиот оператор. Практично, му даваме клуч на економскиот оператор со нашата замисла и тој стопанисува комплетно и целосно со тој објект. – вели директорот на СОЗР, Ивица Томовски.

Инаку, да се вратиме на минатотот, во средината на јуни 2016 година во близина на Нерези, спроти манастирот „Св.Панталејмон“ се отвори новиот комплекс „Македонско село“. Ова ново место само на 15-тина минути од центарот на градот навистина има прекрасен поглед и имаше автентична атмосфера.

Нотворање на објектот директор беше Павле Камилоски кој тогаш рече дека првичната цел и замисла за отворање на овој комплекс била да се зголеми туристичкиот бенефит во градот.

Објектот навистина е создаден да фасцинира со стилската воедначеност на објектите но и со тоа да им се даде автентуичен белег. Имаше работилница за филигран, грнчарска работилница, ткајачница… „Ние се трудиме занаетите што се пред умирање, повторно да ги оживееме“-  потенцираше тогаш Камиловски. Комплексот е сочинет од 12 тематски куќи, а секоја претставува по еден град од Македонија –  беровска, делчевска, кумановска, реканска, струшка, прилепска, тетовска, кратовска, галичка, битолска, велешка и куќа од Скопска Црна Гора.

Во долниот дел од куќите беа дел од занаетчиските работилници, додека на горниот кат имаше соби за престој. Во битолската куќа, на пример, се наоѓаше грнчарска работилница, па тие што ги интересира ќе имаат можност да влезат внатре, да се обидат сами да направат нешто со помош на занаетчијата вработен таму, или пак да купат нешто од готовите производи.

Постоеја три ресторани – во едниот се служеше традиционална храна, имаше и етно бар. Неговото функционирање е замислено како паб. Третиот пак, „Антигона“, беше замислен како интернационален ресторан, каде што ќе се послужува храна што не може да се сретне во Македонија. За комплетно уживање и доживување, обезбеден е и простор за најмалите, каде што ќе можат да се забавуваат, како и огромно зелено пространство со домашни животни, што исто така буди интерес кај најмладите, па и возрасните љубители на животни.

Комплексот се простира на околу 10.000 квадрати, а располагаше со 50 вработени, а се очекува вкупната бројка да биде околу 70.

За комплексот Македонско село се потрошија 6,5 милиони евра, но тој беше4 затворен а почна да се распаѓа, не само заради забот на времето, туку поради негрижата, па разбојниците ја краделе климатизацијата и другата опрема и реквизити. Треба да се објасни дека концесионерите одамна не работеа со комплексот поради неисплатливост, планот за стартап простор што го имаше претходната власт не заживеа, а ниту актуелната влада нема јасна визија што да прави со местото за кое е потрошена голема сума на пари.

Filed Under: Македонија

СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (136): ПРИХОДИТЕ ОД НАФТА СЕ ТОПАТ, ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА МОСКВА
ГОРДОСТА МИ УДРИ ВО ЧЕЛО – И МИ ИЗВАДИ ОКО

Најново

  • СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
  • РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
  • КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet