Нема сомнение дека македонското население во Албанија постојано се намалувало. Со децении. За волја на вистината севкупното нселение таму се намалувало исто така бидејќи последните два пописи покажуваат голем популационен дисбаланс. Јасно е дека власта во Македонија од независноста наваму стори многу малку за ова нселение а постојанио го злоупотребуваше. По тие траги тргна и власта во Софија
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Владата на екс-премиерот Груевски ги користеше Макдонците во Албанија како сопствен изборен коректив и ги злоупотребуваше, секако ветувајќи им некаква компензација од која тие веројатно не виделе ништо. По влезот на Бугарија во Унијата тамошните власти систематски го злоупотребија тој факт за сопствен статистички коректив. Засега се поуспешни – вложуваат многу повеќе а самите знаат колку тоа навистина им се исплатува?!
ДВАТА ТРАКТОРИ НА ГОСПОДИНОТ КЉУСЕВ По 1991 година првиот премиер Кљусев им вети на Македонците дека ќе им помогна и ако добро се сеќавам им подари два трактори! Инаку, по падот на енверизмот во таа земја повеќе десеттици илјади граѓани само од областа Голобрдо дојдоа во Дебарско поле со многу молби гледајќи кај нас некакво Елдорадо, споредувајќи се со сопствените состојби ама и потреби. Беа враќани назад, можеби и со верба за постоење на единствена Европа, онаа без граници?
Полесно се влегуваше во тогашна РМ, главно со продавање на албански коњак на плажите во Преспа или Охрид, како и со ангажирање за наполичарски работи на истите места. Тоа секако не беше дов олчно иако барем за исправање на по некоја чатија во Мала Преспа барем очевидно имало одраз.
Начинот на кој груевизмот ги злоупотреби во одржување на изборите во земјава е повеќе од познат – тоа беше крајно понижување на тоа население (предводено од нивниот градоначалник Темелко, кој инаку си живееше во Ресен) ама ја покажа целата злоба на еден систем дури и кон т.н. сонародници.
По трагите на таквите злоупотреби отидоа и властите во Бугарија кои сметаат дека преку врбување на Македонците во Албанија за ковертирање на националното чувство (ама и Горанците на Косово) ќе можат полесно да ја исправаат и и сторијата а по можност и географијата во регионот. Во тоа, очевбијно наидоа на мек прием во Тирана, која е загрижена дека би можела да добие „жолт картон“ во обидите да влезе во Унијата, за што е доволно да има отпор од Софија, сметајќи при тоа дека Атина можеби има во џебот дури и „црвемн картон“ за она што го нарекува како албански иредентизам. Работите очевидно се искомпликуваа на последниот, веќе одржан попис кај западниот сосед кога сите постојни центрифугални сили на еден мал простор ја покажаа својата сила, секако во отсуство на онаа скопската, заспана во својата малодушност.
– Не сум информиран како се одржа овој попис во Албанија, но ова е дипломатски проблем, оставив на албанската држава да разговара и ние ќе дадеме свое мислење. Индивидуално право на секој граѓанин е да се изразува како што мисли и на крајот ќе оставиме државните институции да го кажат последниот збор – рече новопоставениот министер за култура Љутков, дочекан со лути рпашања од албанските новинари при посета на Мала Преспа.
Министерстерот Љутков инаку таму беше да го отвори 19. издание на фестивалот „Македонско културно лето“ во Општина Пустец, но албанските новинари го прашаа дали е тоа активност за бугарските граѓани и за оние кои се во процес на вадење на бугарски пасош од селото Глобочани, на што тој одговори:
– Скоро сите овде секогаш биле информирани дека тоа се денови на македонската култура во Преспа, Албанија. Ние, како Министерство за култура на РСМ нагласуваме дека скоро секоја година во последниве 19 години се одржуваат „Деновите на македонската култура во Преспа, Албанија“, бидејќи културата ги обединува луѓето, Македонците, Албанците итн. Исто така, Пописот што се одржа во нашата земја во месеците септември-ноември 2023 година даде појасна слика за етничкиот состав кај нас – изјавил Љутков, според албанските медиуми.
СИТНЕЊЕ НА ЖИТЕЛИТЕ НА АЛБАНИЈА Инаку, според податоците на албанската служба за статистика ИНСТАТ, бројот на попишани Бугари во Албанија изнесува 7.957, додека бројот на Македонци е 2.281. На претходниот попис во Албанија во 2011 година биле регистрирани 5.512 Македонци.Ова значи дека имало повеќе Бугари од Македонци на пописот во Албанија. Со тоа се обистинија стравувањата на претставниците на македонската партија и здруженија во Албанија. Според извештаите на институтот за статистика ИНСТАТ, во Албанија по најновиот попис живеат повеќе Бугари од Македонци. Според најновите статистики податоци, голема бројка се декларирале како Eгипќани (12.375), додека за националност не се изјасниле дури 13.507 лица.
Врз основа на прибраните податоци од спроведениот попис – Албанија има 2.402.113 милиони жители. Во земјата живеат 755.950 домаќинства со просечна големина од 3,2 члена по семејство. Албанија е попразна за 429 илјади жители во однос на претходниоѕ попис, Во 2001 година попишани биле 3.069.275 жители.
„Изразено во проценти бројот на населението споредено со пописот во 2011 година се намалило за 16 отсто. Во периодот 2001/2011 падот е за осум отсто. Произлегува дека процентот на намалувањето на бројот на населението е двојно повисок“, објави Еуроњуз Албанија.
Оваа значајна статистичка операција беше спроведена од 18 септември до 30 октомври минатата година, по што беше продолжена за уште две недели. Ова е 12. по ред попис во историјата на Албанија.
Припадниците на македонската заедница во Албанија изминатиот период алармираа дека се соочуваат со големи притисоци од Бугарија за време на пописот. Тие бараа дополнително продолжување на попишувањето на населението во Мала Преспа и деловите каде што живее етнички македонско население, јавуваа нашите медиуми.
Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво „Илинден”-Тирана и главен и одговорен уредник на весникот „Илинден“ во изјава за ДВ во септмеври 2023 година рече дека мешањето од бугарската држава последните години и во време на попис во Република Албанија е зголемено и поагресивно. Според него, цела бугарска машинерија била впуштена во притисоци кон Македонците да се попишат како Бугари со сите методи. Главна е делење пасоши и уцена да се пишат Бугари за да добијат државјанство. Тамошните медиуми известуваа дека високи функционери од Бугарија ги посетувале регионите каде што живеат Македонците во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и Врбник, нудејќи
државјанства како на пазар“.
ОТПОРОТ НА ЦРКВАТА КОН ПОПИСОТ Е ИНДИКАТИВНА Но, се чини нема мрморење само меѓу припадниците на македонскиот етнос во оваа земја, туку доста идикативно е дека Православната церква таму искажува отпор кон начинот на кој е изведуван пописот. А тоа дава сенка и на начинот на кој е изведен пописот на други можни „графи“!
Албанската афтокефална православна црква смета дека овој процент е нереален и лажен, навредлив за православните, за христијаните и оти го замрачува целокупниот изглед на верските заедници во земјата.
Во сопштението за јавноста се наведува дека реализираниот метод за попис околу верската припадност ни најмалку не одговара на методите кои се применуваат при попис во европските земји. Црквата смета дека прашањето за верската припадност имало големи недостатоци и оти требало да биде прашање со задолжителен одговор.
Понатаму во соопштението стои дека во црквите на 9 и 16 декември спроведена била анкета меѓу верниците, при што од 7118 верници, 2469 одговориле дека биле посетени од попишувачите, додека останатите рекле дека никој не ги прашал за нивната верска припадност.
Соопштението Албанската афтокефална православна црква го завршува со одлуката за непризнавање на податоците за верската припадност на населението од пописот реализиран во октомври 2011. година. Црквата тврди дека дури 24 отсто од населението во Албанија е со православна веросиповед.
Албанската афтокфална црква, по падот на комунизмот, период во кој целосно беше забранета религијата во Албанија, ја раководи митрополитот Анастасиј Јанулатос. Во јануари 1991. година Цариградскиот патријарх го назначи Јанулатос за патријархиски егзарх во Албанија, а на 24 јуни 1992. година, Светиот синод на Албанската православна црква го избра за архиепископ на Тирана и на цела Албанија.
Пред Втората светска војна во земјата, според Дојче веле, имало 354 цркви и 300 параклиси, 370 парохиски свештеници, 2 семинарии и 28 манастири. Кога владиката Анастасиј пристигнал во земјата, од свештениците живи биле само 15 и сите тие биле стари и болни. Во земјата не постоел ниту еден манастир, а повеќето од црквите биле разрушени и оштетени. Денес сликата е многу поразлична, има неколку стотици свештеници и ѓакони, оживеани се повеќе манастири, изградени се деведесетина нови цркви, исто толку се возобновени а над 150 се санирани, има Богословско училиште а на албански јазик е преведена и Библијата.
Деновиве, вели овој извор, преставниците на македонското, грчкото, влашкото, ромското и српско-црногорското малцинство во Тирана потпишаа Декларација против официјалните резултати од Пописот 2011.
„Ние ги сметаме нив за крунисување на сите спроведени активности на штета на малцинствата од страна на државните, политичките и медиумските преставници”, стои меѓу другото во декларацијата, која е доставена до сите државни и меѓународни институции.
Оваа ситуација со односот на пописувачите кон теизмот секао го раширува прашањето на пописот на доста повисоко ниво!