БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Филозофот Тричко, да речеме, тврди дека кога вмро те секса во мисионерска поза, не може со сигурност да се каже дали сексот е поради мисијата или мисијата поради сексот
Филип Ларкин рекол дека сексуалните односи се слични на тоа кога некој ти го брише носот.
Има и други феноменални мисли за сексуалните односи.
Филозофот Тричко, да речеме, тврди дека кога вмро те секса во мисионерска поза, не може со сигурност да се каже дали сексот е поради мисијата или мисијата поради сексот.
Но, тој смета дека тоа не е толку важно колку фактот дека Македонците ја обожуваат таа поза и тој акт.
Особено ако за време на онадувањето, вморонот јаде аспарагус и манго, а на Македонецот му дава праз.
Нашиот човек сака праз и кога комитата му го дава без пари или со намалена маржа, го разбира тоа како признание дека се ебе на најпатриотски начин.
Толку е ќефлија што не му се станува од под вморонот.
Единствениот сексуален роб кој го сака своето ропство и во него ја гледа божјата смисла на своето постоење, е Македонецот.
Сите што му зборуваат дека има и други пози како и форми на животна реализација, ги смета за будали, предавници и измамници кои сакаат да го одвојат од него како личност и субјект одговорен за себе и за општото добро на Македонија и во Македонија.
Како што кај некои болести не постои друго решение освен операција, така и во случајот со сексуалната зависност на Македонецот, не постои друг начин за ослободување освен за време на односот некој со лопата за снег, може и ашов, да го тресне ебачот по грбот или по главата и да го тргне од својата жртва.
Ова е важно не само за моментален прекин на односот туку и за преобликување на Македонецот, чин кој може да се случи само ако некој го фасцинира.
Неговата жал за отстранетиот партнер многу бргу се претвора во страст кон нормалниот живот и слободата.
Тоа е, драги пријатели.
Инаку неговиот идентитет и субјективитет исчезнуваат во оргазмичките дострели до кои го доведуваат вмро и медиумите во двојната пенетрација.
Ова го пишувам затоа што сум ужасно талентиран да ги пропуштам најважните моменти во животот, најдобрите прилики, најфините перспективи.
Грижата за Македонецот е многу добра илустрација на талентот за кој не бев бил свесен додека не ме штипна Доналд Сатерленд во филмот „Човекот од возот”, филм кој е снимен за да ни открие некои вистини од страната на апсурдот, заедно со малку поезија (Буковски, за орелот што го затворил светот во кафез, или беше тоа некоја друга птица, не се сеќавам) и идејата филмот да му се предаде на талентот на големиот актер кој го засакав, ако не се лажам, уште од MАSH (1970) заедно со еден друг симпатичен лик и добар актер кој се вика Елиот Гулд.
Има нешто симпатично во тој талент.
Ми се допадна кога рече дека го сака Шуберт затоа што му го активира чуството за неуспех.
Ми се допаѓа тоа релаксирано прифаќање на неуспехот во животот. Во кое неуспехот не се третира како пораз.
Не знам кој е мојот Шуберт. И дали тој потсетник може да ми дојде од музиката.
Не сум сугурен дека и сета уметност може да го предизвика моето чувство за неуспех. Затоа што за разлика од Македонија, јас сум успешен.
Македонија не е само неуспешна приказна туку е полна со поединци и цели групи кои го стимулираат моето чувство за успех.
Бертолд Брехт рекол за владата во Источна Германија: „Ако народот не стане подобар, владата ќе го распушти и ќе избере нов.”
Јас би го сменил македонскиот народ.
Почнав да не ја поднесувам неговата приказна.
Таа е инструмент за измачување и хендикепирање на луѓето, а во вакви времиња и за политичка и културна кретенизација.
Политичките филозофи и историчари, како што се Исаија Берлин, Кенет Миног, Роберт Конкест, Џонатан Гловер, Џејмс Скот, Даниел Чиро, ги истакнуваат утописките соништа како главен извор на катастрофата на дваесеттиот век.
Се разбира, нивните погледи се однесуваат на светските состојби, но јас мислам дека „утописките соништа” се главен извор на катастрофата на Македонија. И дека тие што ги потхрануваат, се субјекти на таа катастрофата.
Неизбежна и закономерна.
Тој субјект е, веќе знаете што ќе ви каже овој автор: вмро!
Утопиите кои се втемелени во минатото и во лагите за минатото денеска се презентираат како утопии за ново меѓународно репозиционирање, како утопија дека без Бугарите во Уставот ќе ја потчиниме Европа, ќе ги разбудиме нејзините морални обврски и дека со Софија ќе се испреговара некое друго решение кое ќе ја смени преговарачката рамка, секојдневните приказни за неверојатните успеси-тоа се нови поттикнувања на катастрофата до нивото на дефинитивен пораз на македонскиот национален и државен проект.
Јас повеќе не сум сигурен дали треба да се спасуваме од тој пораз или да му помогнеме на вмро да го изведе до крај и да не спаси од нас самите.
Ние други непријатели немаме. Приказните за околните непријатели и за Европа како непријател, се конструкти кои ја оневозможуваат конституцијата на Македонија во модерна нација, а без тоа Македонија нема шанси.
(frontline.mk)