Од компанијата Фејсбук соопштиле дека пронашле странски тролови од нашата зеја и Филипините кои објавувале содржини од „Natural News“ која е веб-страница за борба против вакцинирањето, на која се објавувале лажни вести за коронавирусот, 5Г и Бил Гејст. Покрај од оваа, тие споделувале и содржини од сестринските веб-страници („NewsTarget“ и „Brighteon“) за вештачки да ја зголемат посетеноста
Фејсбук откри „фарми на тролови“ од Македонија и од Филипините кои на страници и групи на социјалната мрежа ширеле линкови од веб-страницата „Natural News“, која важи за еден од најголемите дезинформатори за коронавирусот, објави „Си-ен-би-си“.
Од компанијата Фејсбук соопштиле дека пронашле странски тролови од овие две земји кои објавувале содржини од „Natural News“ која е веб-страница за борба против вакцинирањето, на која се објавувале лажни вести за коронавирусот, 5Г и Бил Гејст. Покрај од оваа, тие споделувале и содржини од сестринските веб-страници („NewsTarget“ и „Brighteon“) за вештачки да ја зголемат посетеноста.
„Ги отстранивме овие страници за спамирање и несоодветно однесување, а не за содржините кои ги објавуваат. Тие ги доведуваат луѓето во заблуда за популарноста на нивните објави и се потпираат на ’фарми за содржина‘ во Северна Македонија и Филипините“,
соопштиле од Фејсбук, а пренесува „Си-ен-би-си“.
Оваа страница беше еден од најголемите промотори и туркачи на видеото „Plandemic“ во кое лажно се тврди дека коронавирусот е пуштен како дел од сложен владин заговор чија цел е да се контролира населението преку вакцини, како и дека носењето на заштитни маски го зголемува ризикот од зарази.
Акцијата на бришење, како што соопштиле од Фејсбук, е дел од нивната рутинска борба против спам-мрежите.
Новиот начин на ширење на содржини од оваа веб-страница доаѓа откако во јуни 2019 официјалната фан-страница која има имаше „Natural News“ на Фејсбук беше забранета поради ширење дезинформации и лажни вести. Едни од групите каде се споделувале линковите се„Amazing Cures“ и „GMO Dangers“.
Сега откако е откриено дека се правеле манипулации преку објавување на содржини во други групи Фејсбук стави забрана на сите свои корисници да споделуваат линкови „Natural News“ и нејзините сестрински веб-страници.
(360 степени)