Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МАКЕДОНЦИТЕ ЌЕ ВЛЕГУВААТ БЕЗ ВИЗА ВО САД?

September 22, 2021 Filed Under: Македонија

Се работи на приклучувањето на Република Северна Македонија кон Visa Waiver Програмата на САД. Дали од Нова година нашите државјани ќе се вработуваат во Германија под исти услови какои и локалната работна сила

ОСМАНИ Процесот за укинување визи за нашите државјани за влез во САД е долгорочен и комплексен процес, но заради сојузништвото процесот тргнува

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, формираше работна група која ќе има задача за приклучување на Република Северна Македонија кон програмата на САД Visa Waiver, односно укинување на визите за државјаните на нашата земја.

„Формирав работна група во рамки на Министерството за надворешни работи што има за задача да работи на приклучувањето на Република Северна Македонија кон Visa Waiver Програмата на САД.
Процесот за укинување визи за нашите државјани за влез во САД е долгорочен и комплексен процес, но со оглед на нашите заложби за зајакнување на постоечкото сојузништво, создадени се условите да го започнеме овој процес. Најголема потврда за тоа е приклучувањето на нашата земја кон НАТО Алијансата, но и напредокот постигнат на полето на безбедноста, како надополнување на нашето стратешко партнерство со САД.
Успешното завршување на овој процес налага долгорочна и посветена работа, а постигнувањето на оваа цел ќе биде од бенефит за државјаните на двете пријателски земји. Дополнително тоа ќе создаде значителен позитивен ефект на економската соработка, демократскиот просперитет и развој, но сметаме дека и генерално ќе има позитивно влијание врз целиот регион.
Ваквиот чекор е уште една потврда за посветеноста на Република Северна Македонија за градење стабилни билатерални односи со САД и зајакнување на нашето стратешко партнерство.

НЕДОСТАТОК На моѓната германска индустрија и требаа во мигот 100 илјади индустриски работници

На овој план има и уште една новина.

Поради измената на законот за вработување во Германија, вработувањето на граѓани од територијата на поранешната ЕХ – ЈУ е суспендирано до понатамошно известување.
Во овој момент, граѓаните без пасоши од ЕУ нема да можат да се вработат, ова се однесува на граѓаните со српски, босански и македонски пасоши, без оглед на работата за која сакаат да аплицираат. Ова важи за сите работни места без разлика дали сакате да аплицирате како лекар, градител, чистач или нешто друго. Од 1.1.2022 година. Се воведува нов закон за вработување, според кој сите граѓани на поранешна Југославија чии земји не се во ЕУ ќе можат да најдат работа под истите услови како и граѓаните на ЕУ.
Што значи дека секој што ќе најде работодавач ќе може да се вработи, како и државјаните на ЕУ, одењето во амбасада повеќе нема да биде неопходен услов за добивање работна виза. И наоѓањето сигурни работни места сепак ќе биде преку агенции како порано. Во моментов, може да се вработат само граѓани со пасоши од ЕУ. Оваа информација е поткрепена со фактот дека Германија, покрај недостатокот од 100.000 работници во медицинската индустрија. Во другите индустрии, недостасуваат до половина милион работници, а нивната економија страда.

Оваа вест доаѓа од австралиски тв канал и секако треба да се провери.

Filed Under: Македонија

ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ
КАНСКА КОНКЛАВА: БРАК ОД ЉУБОВ
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (129): КРЕМЉ ЌЕ БИДЕ ОБЕСХРАБРЕН, САМО УКРАИНА Е ВООРУЖЕНА ДО ЗАБИ

Најново

  • ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
  • ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
  • СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet