Доколку идејата за мал Шенген како единствен пазар на трудот се оствари, најголемата политичка придобивка ќе ја собере претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како иницијатор на оваа идеја и новиот „фактор на мир и стабилност“ на Западен Балкан, додека ниту една од земјите во регионот нема да бележи значителни економски профити и економски раст.
СТЕВАН РАПАИЌ
Во октомври 2019 година, лидерите на Албанија, Северна Македонија и Србија ја потпишаа Декларацијата со која се воспоставува слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал на Западен Балкан, што – се испостав – нема никаква врска со другите фактори на производство, но единствено со слободното движење на луѓето. Основно прашање е зошто слободното движење на луѓето стана толку важно за иницијаторите на малиот Шенген, кои не беа во можност да се договорат за бројни економски и политички прашања, како на пример дали царините што ги наметна Приштина на Србија се легитимен политички инструмент или не?
Увидот во основните макроекономски индикатори и структурата на нивните економии покажува дека сите три земји страдаат од недостаток на домашни инвестиции, голем надворешно-трговски дефицит и голема невработеност, особено кај младите луѓе. Овие земји, со Србија во првите редови, го засноваат својот економски раст врз приливот на странски инвестиции, што е непропорционално повеќе субвенционирано од домашните претприемачи. И покрај фактот дека странските компании кои доаѓаат во регионот обично не придонесуваат за локалната економија, за што има докази, политичарите инсистираат на политика за субвенционирање, бидејќи отворањето фабрики им носи значајни политички поени и создава можности за нетранспарентно трошење на буџетски пари. Сепак, и покрај релативно високата невработеност и субвенциите, странските инвеститори сметаат дека е сè потешко да се најде квалификувана работна сила што би работела за плати што се малку над минималните.
Поради фактот што меѓу 40 000 и 50 000 луѓе ја напуштаат Србија секоја година, треба да се одржи ниска минимална плата и да се обезбеди стабилност при приливот на трудот со цел да се задржат постојните странски инвеститори и да се привлечат нови. Ова може да се постигне само со постигнување на единствен пазар на трудот, односно слобода на движење и вработување во рамките на малата Шенген област.
Со оглед дека е тешко да се замисли значителна миграција на српските работници во Северна Македонија и Албанија, претпоставуваме дека токму работниците од овие две земји ќе ги пополнат оние работни места што се создаваат со заминувањето на српските работници во развиените земји во светот. Големите странски инвеститори, од друга страна, ќе добијат полесен пристап до пазарите на другите мали членки на Шенген, со што ќе се генерираат дополнителни профити на штета на локалните бизниси. Невработеноста кај младите во Северна Македонија е дури 45%, додека вкупната стапка на невработеност е околу 20%. Можеме да очекуваме дека повеќето од првиот бран работници ќе дојдат во Србија од оваа земја која е културно, јазично и географски поблиску до Србија од Албанија. Еди Рама и Зоран Заев сигурно ќе ја поддржат оваа идеја, бидејќи тоа ќе ја намали невработеноста и подобри макроекономски индикатори ќе ја зголемат нивната популарност. Европската унија исто така ќе го поддржи овој проект, бидејќи води кон стабилизирање на Западен Балкан, особено ако Косово како независна држава е вклучено во малиот Шенген, додека на земјите од регионот ќе им биде понудена „заедничка европска перспектива“.
Доколку идејата за мал Шенген како единствен пазар на трудот се оствари, најголемата политичка придобивка ќе ја собере претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како иницијатор на оваа идеја и новиот „фактор на мир и стабилност“ на Западен Балкан, додека ниту една од земјите во регионот нема да бележи значителни економски профити и економски раст. . Сепак, ова е добитна комбинација за политички лидери во сите три земји и за блиски странски инвеститори. Работниците од Северна Македонија и Албанија ќе ја задоволат побарувачката за евтина работна сила на српскиот пазар. Невработеноста во регионот ќе биде номинално намалена, а минималните плати ќе бидат на ниско ниво. Ова исто така ќе го отстрани притисокот врз странските компании да создадат подобри услови за работа на своите вработени, а единствените губитници и овие транзиции ќе бидат српските работници кои ја напуштаат земјата секоја година. Сепак, нивното отсуство нема да се почувствува значително во производните хали, а нивното гласање сигурно нема да го промаши српскиот претседател на денот на изборите.
(Стеван Рапаииќ работи во Институтот за меѓународна политика а негова специјалност транските инвестиции и нивното влиијание врз локалните состојби)