Некои сметаат дека спасувањето на 50.000 евреи во т.н. Стара Бугариja е „уникатен чин“. Но извесно е дека еден човек има посебна улога во спасувањето на Евреите од Бугарија. Тоа е Патријархот Кирил !
САНТА АЛ ЏИКА
Дали ви е познато дека бугарскиот митрополит, подоцна бугарски патријарх, легнал на шините, за да не тргне возот со Евреите. Бил етнички Армн (Влав) , по потекло од Албанија!
Холокаутот беше најстрашниот злочин што беше направен во време на Втората Светска војна во кој беа убиени околу шест милиони европски евреи и уште многу други роми, словени и хендикепирани лица од различни националности, комунисти, масони, хомосексуалци итн.
Меѓу нив и околу 7.200 евреи од Македонија.
За среќа се спасија Eвреите од Бугарија !
Во контекст на актуелниве политички вратоломии и толкувања за административните улоги на тогашните фашисти во Македонија, сакам да укажам на еден интересен аспект за среќата на бугарските Eвреи и за заслугата за нивниот спас.
Имено, во јануари 1941 година царска Бугарија го донесува „Закон за заштита на нацијата“, а на први март 1941г. се приклучила на Силите на Оската како сојузник на Германија. Со одземањe на основнитe граѓански права всушност почнала бeздушната и систeматска ликвидација на Eврeитe во границата на тогашното Tрeто бугарско царство. Бугарија учествувала во холокаустот, предизвикувајќи смрт на 11,343 Евреи, и иако 48 000 Евреи ја преживеале војната, тие биле предмет на присилна внатрешна депортација, одземање и дискриминација.
Некои сметаат дека спасувањето на 50.000 евреи во т.н. Стара Бугариja е „уникатен чин“. Но извесно е дека еден човек има посебна улога во спасувањето на евреите од Бугарија. Тоа е Патријархот Кирил !
Еве неколку збора за тоа кој бил Патријархот Кирил, Првиот Патријарх на Бугарската Православна Црква.
Роден е во Софија како Константин Марков Константинов, но неговото вистинско име е Коста Пачу ( на влашки/ аромански Costa al Marcu al Paciu !
Неговиот татко Марко Пачу е Влав роден 1845г. во влашкото село Грабува (денес во Албанија). Дедото на Птријархот Кирил, Коста Пачу пак со неговата фамилија од Албанија се доселил во Велес во 1846г.
Мајката на идниот бугарски патриојарх, пак, Поликсена е исто така Влаинка, родена 1870г. во влашкиот град Москополе (денес село во Албанија) и е ќерка на Наум Глава (на влашки/аромански Naunǐ al Costa al Glava) и на Трандафила Балаури (на влашки/аромански Trandafila al Mihalǐ al Balaurǐ) , фамилија која води потекло од уште по познатата влашка фамилија Кавалиоти.
Поликсена Глава се мажи за Марко Пачу во Велес и тука живееле се до 1889 г. кога се преселуваат во Софија, Бугарија.
Марко и Поликсена Пачу имале големо семејство, дури седум деца од кои Коста е четвртиот по ред.
Постарите браќа и сестри на идниот патријарх се родени во Велес, а тој Коста Пачу е роден, на трети јануари (по стар стил) или 16-ти по нов стил 1901 година, во Софија.
Семејтвото Пачу е истакната религиозна фамилија од чии редови се изродиле многу учени и свештени лица. Парадедо му на Коста Пачу бил поп, а пак неговиот дедо бил владика во Гора, тогаш Албанија.
За побожноста на неговите родители пак се свидетели нивните современици. Во Софија се уште е жив Тома Ќуркчиев (Влав/Ароман чие потекло е од Крушево) кој сведочи дека тој, со неговата мајка често одел во манастирот Драгалево каде доаѓала и мајката на Патријархот Кирил, Поликсена. Двете често знаеле да се замуабетат, а секогаш раговарале на својот мајчин, влашки јазик.
И. Александров пак сведочи дека своето влашко потекло го потврдил и афирмирал и самиот Патријарх Кирил на средба со големиот борец за влашката кауза Васил Барба во Виена, Австрија, на која , според зборовите на Александров, изјавил: „Да, по крв сум Влав ! Но по државјанство сум Бугарин“.
Константин Марков Константинов, алиас Коста Пачу, по основното образование и средното гимназиско образование учи во Теолошката семинарија во Софија. Потоа се запишува на Теолошкиот факултет при Универзитетот Св.Климент Охридски исто така во Софија. И во извонредно богатата биографија на Патријархот Кирил може да се прочитаат уште многу други работи. Но она што во актуелниот миг сакам да го апострофирам е неговата улога во спасувањето на евреите од Бугарија од депортација.
Во времето кога царска Бугарија почнува да ги спроведува антисемитските закони, фашистичка Германија го испорачува своето барање, де се истребат Евреите ! Во тоа време , Константин Марков Константинов, алиас Коста Пачу е Епископ, со името Митрополит пловдиски Кирил.
Според повеќе историски податоци дури ни бугарскиот цар Борис Трети не бил расположен да се депортираат Евреите од Бугарија. Се сретнал со Светиот Синод на Бугарската Православна Црква. Сакал да им укаже на владиците дека Евреите сепак мора да бидат депортирани. Не затоа што тој така сакал, бидејки тој лично немал ништо против Евреите , туку затоа што требало да бидат прагматични.. затоа што „неизречените совети на времето диктираат, Фирерот од нас очекува…“. дека нивниот апстрактен хуманизам ја води државата во катаклизма, дека … и другите држави на ист начин го решаваат проблемот со евреите“ и дека нема да биде добро ако Бугарија остане единствената држава во Европа која нема да го реши проблемот со евреите.
Патриотизмот се користел како последен аргумент, па им порачал на владиците да бидат патриоти.
Можеби имало и такви кои ќе го послушале царот, но влијанието на Митрополитот Стефан и на Митрополитот Кирил било пресудно.
„Не протерувајте за да не бидете и вие протерани, во животот се се враќа на кантар “ – го предупредувале царот дека еден небесен Борис ќе го мери неговото однесување.
Што мислел тогаш царот за двајцата владици само Господ знае.
Еден прагматичен ум ќе се праша: што ќе станеше ако се случеше поинаку, ако во војната победеше Хитлер, како што се плашел царот дека може да се случи и Бугарија да останеше со своите Евреи дома пред победникот? Дали грешката на прагматичниот ум би била само таа дека проценката за победникот била погрешна?
Не, ниту пак така треба да се разбере. Како и да завршеше војната, подобро е да се спасат луѓето , отколку да се остават (не)среќата да им ја крои судбината.
Некогаш е прагматично да спасиш некој човек, но за хуманост се смета само ако се спасат сите што може да бидат спасени. Хуманизмат суштествува само ако не се мисли на хуманизмот на другите. Прагматично е да помогнеш ако сите помагаат. Хуманизмот, православната човечност од Абрахам е, во духот на Книгата на Рут, да се помогне кога никој не помага.
Затоа и ден денес се слави големината на Патријархот Кирил.
При првиот обид да се депортираат 800 евреи, се спротивставил Митриполитот Стефан и депортацијата била одложена. Но веќе на 10 март 1941 требало да се депортираат 8.500 евреи меѓу кои и 1.500 од Пловдив.
Тогаш на чело на протестите застанува Митрополитот Пловдиски Кирил, односно нашиот Коста Пачу!
Според кажувањата на очевидци, со окулу тристотини верници се Митрополитот Кирил се упатува и пристигнува на железничката станица. Сточните вагони се опкружени со есесовци и бугарски џандари. Возбуден, лут, гневен, приоѓа кон композицијата тргајки ги настрана луѓето кои се обидуваат да го запрат и отвара еден вагон за да влезе внатре. „Каде ќе одат тие, одам и јас!“
Но не успева да се качи. Луѓето се натиснати како стока. Германскиот офицер дава наредба вагоните да се затворат и забрават. Митрополитот Кирил, алиас Коста Пачу оди пред локомотивата и легнува на шините. Некои очевидци сведочат дека епископот цело време грмел со цитати на делови од Книгата на Рут од Стариот Завет: „Немој да ме тераш да те оставам и да заминам од тебе: бидејки каде одиш ти, одам и јас, и каде ќе се населиш ти, ќе се населам и јас; твојот народ е и мој народ и твојот Бог е и мој Бог. Каде ќе умреш ти, ќе умрам и јас; кде ќе те закопаат тебе, нека ме закопаат и мене. Исус нака ми врати со секакво зло и несреќа ако било што, освен смртта, ме раздели од тебе.“ Со Книгата за Рут, најкратката, а можеби метафорички и најјасната старозаветна книга, за христијаните започнува историјата на Другите, странцита, избеглиците, прогонетите. Со неа Исусовото милосрдие се шири на Другите.
Транспортот од Пловдив за Треблинка не тргнал. Не тргнал ни тој од Софија. Ниту еден транспот со Евреи од Бугарија кон Полска не тргнал. Прагматичните Германци забележале дека заради „некои подлуѓе“ не вреди да се изгуби воен сојузник . Одложените депортации никогаш не биле реализирани,а Бугарија останала единствената држава од окупирана Европа, сојузничка на Силите на Оската, која на крајот на војната имала повеќе Евреи отколку пред војната.
Митрополитот Кирил не легнал на шините пред возот затоа што бил многу храбар туку затоа што знаел дека животот нема никаква смисла ако победат оние кои лужето ги третираат како стока.
Така беа спасени од истребување Евреите од Бугарија.
По војната, на 09 септември 1944, Митрополитот Кирил беше пикнат в затвор и избричен, каде одлежа и неколку месеци. Го ослободија најмногу заради интервенциите од страна на влијателните Евреи. (Митрополитот Стефан бил избран за Егзарх.)
Ја предводи делегацијата на Бугарската Православна Црква на Меѓурелигиската Конференција во Москва, 1948г. (на која треба да се осудат екуменизмот и политиката на Ватикан)
На осми март 1953г. со донесување на нов Устав БПЦ е рансформирана од Егзархија во Патријаршија.
На 10 март 1953г. Митрополитот Пловдивски Кирил, алиас Коста Пачу е избран за прв Патријарх на Бугарската Православна црква !
Се разбира, историјата сведочи дека и блиските односи помеѓу двајцата Власи, едниот Кирил,Патијарх во Бугарија, а другиот Атенагора, Патријарх во Константинопол помогнале во признавањето на патријаршискиот статус на Бугарската Православна Црква од стана на Цариградската Патријаршија(1961г.).
За богата биографија на Коста Пачу, односно Патријархот бугарски Кирил во друга пригода.
Она за што сведочи ова писание е потврдено со наградата која му е дадена од страна на еврејката држава. Постмортем, 2002 г. Институтот „Јад Вашем“ му ла додели плакетата „Праведник меѓу народите“ !
Тоа е признание кое Израел го доделува на припадници на други народи кои ги спасувале Евреите од истребување во текот на холокаустот рескирајќи ги дури и своите животи.
На медалот што го доделува израелската влада и Меморијалниот музеј „Јад Вашем“ е напишано: „ Тој што ќе спаси еден човек, го спасил целит свет“.
Неговата човечност и големо дело се опеани во ораториумот „Меланхолична убавина“(„A Melancholy Beauty“) што го компонираше Георги Андреев по либрето на Скот Чернс (Scott Cairns) и Арие Финклестин (Arie Finclestin), а за прва пат изведено во Вашингтон во јуни 2011г. (https://www.youtube.com/watch?v=LK5oKTdlZOc).
И за да биде комплетна сликата за човечноста која Власите ја носат во својата душа, ќе кажам само дека меѓу другите бугарски граѓани кои се одликувани како „Праведници меѓу народите“ се и Владимир Куртев (член на делегацијата од Ќустендил која барала да не се депортираат Евреите) и Лилјана Паница која пак како секретар на злобната Комисија за еврејските работи ги известила водачите на Евреите дека веќе е потпишано писмото за депортација на Евреите од Ќустендил, Дупница и Пловдив.
(пренесено од сајтот на Стерјо Шапка Пусевски)