Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МАНАСТИРОТ БИГОРСКИ Е ПРИМЕР НА НЕГРИЖА КОН КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО

October 27, 2020 Filed Under: Колумни

НИКИЦА КОРУБИН

Тој е одраз на односот на државата vis a vis религиозноста. Па, државата побрза да ги врати во владение, без да ја обезбеди заштитата. Ама, лесно се заборава дека Бигорски речиси целосно беше уништен во 2009 година, како резултат на негрижа, грешка, невнимание, па сега истата таа држава се јавува во улога на поголем славеник од самата црква

Прво орден за заслуги за манастирот, што тоа и да значи во секуларен контекст кон чисто религиозна институција; потоа масовна прослава без речиси никакво почитување на ковид протоколите, бидејќи “за светите работи” не се зборува. На ист начин како што реалниот страв од ироничната мерка за “4-ца гости” всушност метафорички се реферира токму на отварањето на сезоната на славите, а стравот и врската со официјалната црква толку големи, што капитулира дури и пред заштитата на здравјето, кога веќе одамна никој не помислува на човековите права.

А, всушност иронијата да е поголема, токму комплексот Свети Јован Крстител, Бигорскиот манастир е флагрантен пример за негрижа кон културното наследство и нејасниот однос на државата кон него како таков vis a vis религиозноста. Па, државата побрза да ги врати во владение, без да ја обезбеди заштитата. Ама, лесно се заборава дека речиси целосно беше уништен во 2009 година, како резултат на негрижа, грешка, невнимание, па сега истата таа држава се јавува во улога на поголем славеник од самата црква. Кога треба да ја поместиме границата на секуларноста, во име на прослави, тука сме; ама кога треба да бидеме ригорозни кон истата таа црква за негрижата кон заедничкото културно наследство, тогаш никаде не нема. Уште еден практичен пример на појавност, наместо суштина.

Сеприсутноста на прославата на Јован Бигорски, уште еднаш го отвара прашањето за културното наследство и третманот на истото од страна на државата; посебно на она кое е во владение на црковните институции. Ако сакаме тоа сите да го чувствуваат како свое, мора да разбереме дека заштитата е пред верата. Тоа не ја намалува светоста на местата, на ист начин, како што верата не е детерминирана од самите места. Но, државата пред се, се грижи за нивната заштита. Кога веќе не се грижи за својата уставност, каде личната вера ќе ја тргне од извршувањето на државните функции. Ако, се уште сме секуларна држава.

Filed Under: Колумни

БИТИЌИ: ИНФЛАЦИЈАТА НЕ Е ОД ПЛАТИ И ПЕНЗИИ, ВЛАДАТА ПРЕФРЛА ВИНА
МИЦКОСКИ – МЕЏИТИ: ЕТНИЧКА ПОЛАРИЗАЦИЈА НА НИВО НА ПРЕМИЕР И ВИЦЕПРЕМИЕР
АКАДЕМСКИ ГЛАСОВИ, ПРИОПАГАНДНО ЕХО: КАКО ИНТЕЛЕКТУАЛЦИТЕ НА БАЛКАНОТ ШИРАТ ПРОРУСКИ НАРАТИВИ
СОРЕНТИНО И СТРУГАР МИТЕВСКА ЈА ОТВОРААТ ФИЛМСКАТА СМОТРА ВО ВЕНЕЦИЈА: БУНТОВНИОТ ПАНК-РОК ДУХ И ЖЕНСКИОТ СВЕТОГЛЕД НА МАЈКА ТЕРЕЗА ВО ФИЛМОТ „МАЈКА“
ПРЕДИЗБОРНИ „ПОТЕМКИНОВИ СЕЛА“ НА ВЛАСТА ИЛИ ВИСТИНСКА НАМЕРА ДА СЕ ПРАВАТ ШТЕТИ НА ДРЖАВАТА?

Најново

  • БИТИЌИ: ИНФЛАЦИЈАТА НЕ Е ОД ПЛАТИ И ПЕНЗИИ, ВЛАДАТА ПРЕФРЛА ВИНА
  • МИЦКОСКИ – МЕЏИТИ: ЕТНИЧКА ПОЛАРИЗАЦИЈА НА НИВО НА ПРЕМИЕР И ВИЦЕПРЕМИЕР
  • АКАДЕМСКИ ГЛАСОВИ, ПРИОПАГАНДНО ЕХО: КАКО ИНТЕЛЕКТУАЛЦИТЕ НА БАЛКАНОТ ШИРАТ ПРОРУСКИ НАРАТИВИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet