Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МАНАСТИР ПРОХОР ПЧИНСКИ: ВО ПОТРАГА ПО „ОРИГИНАЛНАТА ПЛОЧА“

August 15, 2022 Filed Under: Македонија

Дали плочата посветена на настанот – Прво заседание на АСНОМ е некакво дело како портретот на Мона Лиза за да се нбајде „влакно во јајцетои“? Демек, морала да биде оригинална… а што е тука „оригиналот“? Кирилиските букви?

МЕСТОТО НА ВТОРИОТ ИЛИНДЕН Важно е дека во иднина Илинден ќе се обележува онаму каде се случил!

Паметникот со кој се одбележува дека токму во овој манастир на Илинден 1944 се одржало Првото заседание на АСНОМ го нема. Информацијата, која се прошири откако оваа фотографија се појави на неколку домашни портали, ја потврдија и од кабинетот на шефот на државата.

Плочата била од времен карактер за да се реализира минатонеделната посета на државната делегација – е објаснувањето од претседателскиот кабинет.

„Беше договорено во најбрз можен рок да се формираат работни групи составени од претставници од двете министерства за надворешни работи, министерствата за култура, како и од други државни институции кои ќе ги утврдат начинот и формата за прослава на 2 Август, Илинден, во ‘Св. Прохор Пчински’ за наредната година.

Целта на таквата формализирана соработка е да се воспостави институционална форма за одбележување на празникот Илинден во манастирот ‘Св. Прохор Пчински’“, информираа од Кабинетот на Пендаровски.

Настанот доби домашно-политичка димензија – опозицијата денеска го обвини шефот на државата дека води политика „од денеска за утре“.

„Се е сведено само на гол пи-ар и зад неговите ставови и потези нема никаква стратегија, туку се води според народната купи ден помини. Поминаа само фалбите на Пендаровски, помина пи-арот и по принципот на потемкиново село, работите ги снема. Она на кое што Пендаровски посвети најмногу фалење, а тоа е спомен плочата во манастирот, веќе е тргната. Но Пендаровски не би бил Пендаровски, ако не си ги порекне своите зборови“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Пендаровски ја предводеше делегацијата на минатонеделното одбележување на 2 август во Прохор Пчински кога и беше обелоденето поставувањето на новата спомен-плоча идентична на оригиналот.

„Морам уште еднаш да ги пофалам на српските домаќини зашто која успеаја за рекордно време наместо оригиналната плоча, која не можат да ја најдат, да ја заменат со нова со оригиналниот текст пред која денеска се поклонивме. Се надевам дека ова е почеток на една добра традиција во која нашиот втор Илинден ќе го прославуваме тука “, изјави Стево Пендаровски, претседател на Северна Македонија.

СПОМЕН ПЛОЧА Тоа е некаква работна верзија ама се разликува ли од оригиналот?

По сето ова се поставува прашањето –

Минатата недела, за првпат по 18 годишна пауза, македонска држава делегација го посети местото каде се одржало Првото заседание на АСНОМ и се поклони пред тазе вратената спомен-плоча која за кусо време пак беше симната.

По сето ова се поставува дилемата – дали плочата посветена на настанот – Прво заседание на АСНОМ е некакво дело како портретот на Мона Лиза за да се најде „влакно во јајцето “? Демек, морала да биде оригинална… а што е тука „оригиналот“? Кирилиските букви?

Filed Under: Македонија

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?
(НE)ОЧЕКУВАНО СЦЕНАРИО
ПСИХОЛОГИЈАТА И ВОСПИТУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА: КАКО ДА БИДЕТЕ ВИСОКО ЧУВСТВИТЕЛЕН РОДИТЕЛ

Најново

  • СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
  • ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
  • ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet