Дали тактиката на одолговлекување на реформите во секторот на медиумите, доведе до тоа пред избори на кои мора да се брза заради роковите ААВМУ пак да се прескокнува?!
Крајот на неделата кога се медиумите во прашање беа врзани за две прашања. Едната, која ја потенцираше Владата и која се однесува за нејните напори преку јавно достапни информации да им го олесни животот. Втората е поврзана со измените на изборните закони, сега пред референдумот за имотот каде се воведува и своевидна контрола на он лајн медиумите.
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во четвртокот одржа прес конференција. На прес конференцијата министерот Манчевски ги презентираше Стратегијата и Акцискиот план за отворени податоци.
„Препознавме дека отворените податоци можат да бидат силен поттик за социјален и економски развој. Тие може да се искористат и за подобрување на управувањето преку зголемување на транспарентноста, отвореноста, интегритетот и јавното учество во централната и локалната власт.
Ова ќе доведе до подобрување на испораката на услуги и ефикасноста на јавниот сектор. Ќе го зголеми на учеството на граѓаните. Особено треба да се нагласи дека директно ќе влијае позитивно во напорите за борба против корупцијата. Исто така, со малку иновативност, дава можност за отворање и на нови бизниси. Наша главна заложба е да ги донесеме услугите до граѓаните. Тоа е многу полесно отколку да ги носиме граѓаните до услугите. Отворањето на податоците е еден од механизмите да го постигнеме тоа“, посочи министерот Манчевски.
Министерот Манчевски се осврна на конкретни примери кои илустрираат кои се можностите кои ги нудат отворените податоци.
„Преку објавување на податоците од сензори поставени на раскрсниците, се добива слика за тоа како прометот на коли влијае на загадувањето на воздухот. Од тоа би можело да произлезе апликација која ќе кажува каде е најголемата сообраќајна гужва и ќе нуди алтернативни патишта за избегнување на истата. Ова ќе придонесе за намалува загадувањето од издувни гасови од автомобилите. Тоа што во Британија многу успешно функционира се апликациите за квалитетот на услугите што ги нудат определени институции, како болници и училишта. Одлуката во кое училиште да го запишат своето дете британците ја носат според, отворените податоци за училиштата кои даваат јасна слика за услугите што го нудат училиштата. Со изработка на апликација која преку комбинирање на податоци за климата, временските услови и најповолните условите за одредени земјоделски култури. Анализата на овие податоци ќе покаже во даден регион која временска култура има најдобри услови да успее и да даде најголеми придонеси. Тоа што како позитивен пример од кај нас ќе биде исто така дел од порталот е и софтверот за трошоците на функционерите“, рече министерот Манчевски.
Министерот Манчевски информираше дека во моментов МИОА работи на портал за отворени податоци, и презентираше дел од функционалностите на порталот.
„Во наредниот период следат серија на мерки за ажурирање на постојните податоци во институциите и објавување на порталот за отворени податоци. Граѓаните и сите засегнати страни предвидено е да бидат вклучени при дефинирање на тоа што за нив се најкорисни податоци кои треба да бидат достапни. На подолг рок, предвидуваме податочната писменост да биде дел од образовниот процес и поддршка на стартапи кои своите бизниси ги засноваат на отворени податоци.
Преку систем каде граѓаните одлучуваат за тоа кои податоци им се потребни, Владата и институциите преку порталот за отворени податоци ги објавуваат а бизнисите ги користат и создаваат нова вредност, ќе овозможиме подобрување на квалитетот на животот, економски раст и транспарентност и отчетност во работењето на институциите“, заклучи министерот Манчевски.
Во однос на второто прашање, околу измените во правиулата за „надгледување“ на до сега слободните медиуми подецидно се изјасни
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), која ги осудува донесените измени во Изборниот законик по скратена постапка во Собранието, а по претходен договор на лидерските средби на партиите; – Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски и на СДСМ, Зоран Заев
Со измените на Изборниот законик, велат во Агенцијата, рекламите на партиите во печатените медиуми, радијата, телевизиите и електронските медиуми (портали) за време на избори ќе им ги плаќаат граѓаните, а не како досега,тоа ќе зависи од финансиската можност на партиите. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ги осудува донесените измени во Изборниот законик по скратена постапка во Собранието, а по претходен договор на лидерските средби на политичките партии .
„Со измените, платеното политичко рекламирање за време на изборните процеси што досега учесниците во изборите им го плаќаа на медиумите од своите сметки, ќе се плаќа од Буџетот, преку Министерството за финансии. Ако досега трошоците за платено политичко рекламирање и неговиот обем по медиумите беа ограничени од финансиските можности на политичките субјекти, ваквото решение овозможува тие да се зголемат затоа што ќе се плаќаат од парите на граѓаните“, реагира АВМУ.
Агенцијата потенцира дека новата одредба за дополнителните лимити за платено политичко рекламирање на радијата и телевизиите повторно не обезбедува еднакви услови за пристап до платеното политичко рекламирање за сите учесници во изборниот процес, затоа што ги фаворизира партиите од власта и од опозицијата, а воопшто не предвидува време за рекламирање за независни кандидати.
„Мешање во уредувачката слобода на медиумите е законското решение со кое учесниците во изборната кампања ќе ги изготвуваат медиа плановите за платено политичко рекламирање, наместо медиумите“, стои во реакцијата на АВМУ.
Со измените на Изборниот законик кои беа изгласани на вчерашната собраниска седница, се допрецизираат одредбите за платеното политичко рекламирање, финансиските средства кои се обезбедуваат од Буџетот , исплатата на трошоците за објавеното платено политичко рекламирање од Министерството за финансии, како и други прашања поврзани со изборниот процес.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги осуди усвоените измени во Изборниот законик донесени вчера, по скратена постапка, во Собранието на Република Македонија, а по претходен договор на лидерските средби на политичките партии.
„Со измените, платеното политичко рекламирање за време на изборните процеси што досега учесниците во изборите им го плаќаа на медиумите од своите сметки, ќе се плаќа од Буџетот на Република Македонија, преку Министерството за финансии. Ако досега, трошоците за платено политичко рекламирање и неговиот обем по медиумите беа ограничени од финансиските можности на политичките субјекти, ваквото решение овозможува тие да се зголемат затоа што ќе се плаќаат од парите на граѓаните“, реагираат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).
Оттаму велат дека во европската пракса постојат изолирани случаи за надоместување на трошоците на медиумите од државните буџети за време на избори, но за медиумите на кои им се наметнуваат обврски за бесплатно политичко претставување на учесниците во изборите, во услови кога е забрането платеното политичко рекламирање, што не е случај во Република Македонија.
„Новата одредба за дополнителните лимити за платено политичко рекламирање на радијата и телевизиите, повторно не обезбедува еднакви услови за пристап до платеното политичко рекламирање за сите учесници во изборниот процес, затоа што им дава предност на партиите од власта и од парламентарната опозиција, а воопшто не предвидува време за рекламирање за независните кандидати. Мешање во уредувачката слобода на медиумите е законското решение со кое учесниците во изборната кампања ќе ги изготвуваат медиа плановите за платено политичко рекламирање, наместо медиумите“, наведуваат од Агенцијата.
Од АВМУ посочуват и дека наместо да се избрише обврската за мониторинг на медиумското претставување на интернет-порталите, со измените обврски за мониторинг на порталите ѝ се наметнуваат на Државната изборна комисија.
Министерот Манчевски на прес конференцијата во четвртокот изјави дека ААВМУ била цело време во тек со сите промени во оваа сфера кои биле правенипод покровителство на ОБСЕ и немала до сега забелешки на веќе изгласаните реешенија.
(Користени се тектови во повеќе дневни портали)