Потпретседателот Манчевски за Канал5 изјави дека во ВМРО-ДПМНЕ се лицемерни, гласаа за Република Северна Македонија во НАТО, а се против уставното име
ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ги спречи случаите од СЈО да поминат во обвинтелството, а со тоа да имаат разрешница, тоа беше јасно и недвосмислено, истакна потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија. Јасно е и конкретно, дека Законот за ЈО е клучен за ЕУ, потврда за тоа беше излегувањето на Европската комисија, американската амбасада и Германија кои го поздравија и го оценија како позитивен чекор за владеење на правото во државава- посочи Манчевски. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ треба да каже што планира, дали е за укинување на овој закон, а главен јавен обвинител треба да биде токму нивни предлог.
– Ако сакаме да поставиме владеење на право, мора да поставиме повисоки стандарди, од ова зависи иднината на оваа држава. –истакна Манчевски. Тој го посочи лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ дека од една страна гласаат за прием на НАТО на Република Северна Македонија, како и за Изборниот законик и Законот за АРМ и ред други закони, претставници се на граѓаните во Собранието на Република Северна Македонија, а зборуваат за неприфаќање на уставното име.
Манчевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ треба да престанат да ги манипулираат граѓаните, со укинување на Договорот од Преспа ако дојдат на власт, а треба да бидат искрени и да кажат дека такво нешто како членка на НАТО, би имало големи негативни последици за државата и токму благодарение на овој Договор се откочи и членството во НАТО и можноста за отпочнување на преговори со ЕУ.
Манчевски за Канал5 ТВ: Нема ништо незаконито во вработувањата на Централниот регистер,се работи за различно толкување на законите
Се работи за различно толкување на законите, во однос на тоа зошто Централниот регистар вработувал по Законот за работни односи,а не по Законот за административни службеници.-истакна потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски и министер во МИОА во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.
Тој посочи дека Централниот регистар не само сега ,туку на истиот начин вработува со години, со оглед на тоа дека се работи за самостоен орган кој е и самофинансирачки и како таков не е во опфатот на вработувања наменети за административни службеници.
– Тука нема ништо незаконито, туку едноставно различно толкување на законите.-истакна Манчевски. Се работи за серија на лажни вести, дека лица вработени во јавни државни институции биле под притисок и налог на директори на институции да дојдат на Маршот „Чекориме за правда“ кој беше организиран од страна на СДСМ. –истакна потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски и министер во МИОА во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.
Информациите беа проверени и се потврдија за лажни. Наводот дека Катастарот е во мрак е тотално неточна , напротив работеле дежурните шалтери, а за вработените во училиштето во Куманово, тоа е училиште кое работи само прва смена. Тој посочи дека она што треба да се обезбеди и осигура е заштита на вработените од политички притисоци и нема да се дозволи дамка да падне на овие избори. Се осврна на новата алатка за вработените во јавниот сектор со која ќе можат да пријавуваат прекршување на законите, односно биле под некаков политички притисок. Не смееме да дозволиме повторување на минатото, треба да бидеме конкретни со конкретни случаи и институции, а не слепо да веруваме и се потпираме на лажни и непроверени информации пласирани на некои портали – истакна Манчевски.
За разлика од порано денес судовите носат пресуди, доколку е прекршен законот и повредено правото на вработените има правна завршница.-истакна Манчевски во врска со наводите на прекршување на правата од законот за работни односи во некои одредени случаи.
– Сега институциите на системот функционираат – нагласи Манчевски. –
Главен проблем кај медиумите е ширење на лажни вести, зашто МИОА е Министерство кое треба да штити од лажни вести.-истакна Манчевски.