Да потсетиме – во 2002 година во околината на ПМФ претседателот Борис Трајковски фрли лопата за изградба на нови факултетски згради. Потоа „барокниот“ Груевски ги пресели проектите да го покрие модернизмот во скопската архитектура на деловите од УКИМ. Па снема пари и пропадна екслузивниот градител…. Оваа сегашна нервоза и актив ирање на студентите е насочена кон криви субјекти. Само да се правело нереди, онолку колку што се силите на „неутралнитер“ бунџии
Во услови кога постои техничка влада и кога никој не може да даде зелено светло да продолжи инвестиција која чини многу, која стаои нагбаритни нозе, некој осмислил дека постојано некој треба да создава нервоза во земјава, дека ситуацијата не е добра генерално и дека тоа може да на генерален план да создава слика дека рабоата „ич не чини“. Јасно кому тоа ми оди на сметката: на опзоицијата. Такв случај е и со пропадната акција „ФИНКИ нема зграда, учиме пред Влада“ “. Таа група на студенти и многу малку професори, да не речеме дека нема нивна видливост, бара да им се дадат бараките на БРО, Биро за развој на образованието: ова не е став на сите, туку главно на студентската администрација, која зиме ќе има парно а лете климатизација. Студентите, оние кои излегуваат на улица се залагаат да се доизгради започната зграда во кругот на УКИМ.
Од оваа установа (БРО) велат дека нема да прифатат „наддавања“ и избрзани решенија за дислокација на институцијата, без, како што се вели во соопштението, да се земат предвид спецификите поврзани со дејноста и потребите на институцијата, согласно бројот на вработени и согласно услугите што ги дава на повеќе од 23 000 наставници, без да се изработи архитектонски проект и да се обезбедат целосно уредување на соодветен простор и соодветни услови за работа
Кога во кампусот на УКИМ започнаа да се градат своевремено објектите за ФИНКИ и познатиот ДИФ (високо образование за „фискултурците“) имаше масовни протести на другите студенти од тој кампус, оние на Филозофскиот, Филолошкиот, Економскиот и Правниот. Проценка беше дека се нарушува целиот амбиент а пред се’ доаѓа до задушување со огромен број на студенти на веќе постоен простор. Поминаа многу години од тогаш, студенти од ФИНКИ, протестираа заради тоа што немаат објект каде да студираат! Пред која Влада? Пред онаа што објектите почна да ги гради во 2013 година а прекина откако не даваше пари а изведувачот, Бетон од Штип падна во кома и конечно замина во стечај во 2019 година…
Веќе споменавме, тоа не е динствен простор на оваа тема. Студентите на 15 декември 2015 година привремено ја прекинаа блокадата на Рфекторатот а му порачаа на тогашниот ректор Велимир Стојковски, дека има рок да свика итна седница на Сенатот, на која заедно со студентите ќе се разговара за изградбата на двете нови факултетски згради. Во спротивно, студентите од Студентски пленум и М.О. Мугра велат дека повторно ќе го блокираат влезот на Ректоратот.
Според нив, Стојковски треба да понесе одговорност за нетранспарентноста и побараа отворена средба на која ќе можат да ги кажат нивните барања и аргументи зошто се против изградбата на новите објекти за Факултетот за физичка култура и ФИНКИ, во кампусот на УКИМ.
„Ја гледаме потребата и сме за изградба на нови згради на ФИНКИ и ФФК, затоа што ја согледуваме потребата и знаеме дека условите во кои тие моментално функционираат се нечовечки и катастрофални, особено со Факултетот за физичка култура. Ние немаме ништо против изградбата на тие факултети, туку имаме против локацијата и просторното планирање. Не ја гледаме оправданоста да се исечат 47 дрвја и со тоа да се донесат тука уште речиси пет илјади студенти“, рече тогаш Ѓорѓи Рајчиноски од Студентски пленум.
„Деканите на ФИНКИ и на ФФК вчера засадија триесетина дрва, иако тврдеа дека се 150, дури и толку да се, не гледаме како тие 150 дрва, ќе ги надокнадат тие 50 дрвја што беа стари по 30-40 години. На тие дрвја ќе им требаат неколку децении за да го постигнат тој ефект и може да се види дека дел од овие дрвја не се ни дрвја“, рече Рајчинoски.
Тој најави дека во наредните денови ќе има акции за информирање на студентите за тоа што точно се случува со изградбата на новите згради. Рајчиноски вели дека токму нетранспарентноста на целиот процес е причината поради која дури и студентите на ФИНКИ и на ФФК не се инфомирани што точно се случува, откако вчера заедно со нивните декани беа дел од акцијата за садење на дрвца.
Па поминаа години ….Некој се сети дека тука има некаков експлозив за да се прави нефед по градот, да ее блокираат и онака преполние со автомобили во гхрадот, особено на пладне (!)… Така проблемот не се решава, само учесниците се бламираа5т како партиски апаратчици. Р.Г.)