Како што вообичаено се случува во Бугарија, шокантното убиство поларизираше до крајност две гледишта. Првото, дека новинарката била убиена поради својата работа. И втората, дека станала жртва на психички болно лице од блиската болница. Фактите останаа во втор план
ПОЛИНА ПАУНОВА
Ужасното убиство на 30-годишната новинарка Викторија Маринова ја потресе цела Бугарија. Во неколку градови во земјата беа одржани масовни бденија во нејзино сеќавање. Истовремено, тоа ѕверско убиство, чиј извршител сѐ уште се открива, повторно покажа колку е поларизирано бугарското општество. Но, посочи и на уште еден факт: тоталниот распад на сите институции, што ја компромитира секоја теза во јавната сфера.
ФАКТИТЕ Телото на Викторија Маринова е пронајдено во саботата, 6 октомври, крај Дунав. Извршителот на убиствотои и неговите мотиви се непознати. Според обдукцијата, смртта настапила како последица од удари по главата и задушување. Жртвата била и силувана. Според една верзија на полицијата се работи за кражба. Според друга, можно е убиството да е поврзано со новинарската работа на Маринова. Но, втората верзија е помалку веројатна.
Случајот стана главна вест и ширум светот- речиси и да нема западен медиум во кој не се споменува убиството на Маринова како трет таков случај во ЕУ. Насекаде таа е претставена како „истражувачки новинар“, што пак, не е сосема точно.
Што покажува биографијата на Маринова? Имала 30 години, и седумгодишно дете. До февруари годинава била сопруга на Свилен Максимов, бизнисмен и сопственик на интернет оператор и на телевизијата „Нетворкс Бугарија“, која е една од поголемите во регионот. Со други зборови, Максимов е сопственик на медиумот во кој Маринова е директор. Според информациите, двајцата останале во добри односи по разводот.
Во последното издание на емисијата „Детектор“ на Маринова, беа интервјуирани новинарите на „Бивол“, Димитар Стојанов и неговиот романски колега Атила Биро, кои претходно беа уапсени од полицијата додека истражувале корупција со користење на фондовите на ЕУ, а поврзано со компанијата „Џи Пи Груп“.
Во емисијата, Маринова само го најавува интервјуто кое го водел нејзин колега од телевизијата. Во таа смисла, таа е водител, но не и истражувачки новинар. И нејзиниот колега не е истражувачки новинар, туку направил интервју со такви новинари. Пред да ја започне емисијата „Детектор“, Маринова водела магазин за лајфстајл на истата телевизија.
Тоа, се разбира, не значи дека немала искуство или смелост, а уште помалку дека не била искрена. Значи само дека не била истражувачки новинар. Од друга страна треба да се потенцира дека Маринова била во раководството на една телевизија која е меѓу ретките кои им даваа гласност на истражувања како оние на „Бивол“. На бугарската медиумска сцена, тоа е ретка пројава на храброст.
ПОТОА…? Како што вообичаено се случува во Бугарија, шокантното убиство поларизираше до крајност две гледишта. Првото, дека новинарката била убиена поради својата работа. И втората, дека станала жртва на психички болно лице од блиската болница.
Зачудувачки притоа е дека фактите останаа во втор план, а во медиумите и на социјалните мрежи севозможни аналитичари, новинари и лидери на општественото мислење, компетентно заклучија што се случило, без притоа да ги земат предвид фактите.
Застапниците на двете позиции прибегнаа кон манипулации. Едните категорично ја исклучуваат верзијата дека Маринова била убиена поради нејзината работа, и побрзаа за убиството да обвинуваат „цигани“ и „бегалци“. Други пак, ја преувеличуваат нејзината биографија, прогласувајќи ја за истражувачки новинар – тврдење кое нема ништо заедничко со фактите.
Западните медиуми, пак, кои се посвесни за степенот на медиумските слободи во Бугарија од нас самите, потрчаа да го поврзат случајот Маринова со фактот дека Бугарија се наоѓа на 111 место на листата според слободата на медиумите. Никој не се сети дека еден ден по убиството е прерано да се прават такви врски во инаку очајната состојба на бугарската медиумска сцена. Впрочем, таа неспособност е и дел од проблемот со медиумската слобода.
ЗАБЛУДИТЕ ЗА СЛУЧАЈОТ Притоа, случајот со новинарката од Русе за последен пат потврди неколку факти. Основниот меѓу нив е дека општеството не им верува на своите институции, а тоа во пракса значи и распад на државата. Втор, не помалку значаен факт е, дека самите новинари се склони да ги преувеличуваат или премолчуваат информациите, што е еднакво на заблуда. А секоја заблуда има цел. Последно, но не и најмалку важно, тие две компоненти го формираат мислењето за земјата во странство- Бугарија изгледа како територија во која е „нормално“ новинар да биде убиен поради својата работа. И како држава која нема капацитет сама да се справи со проблемите.
На крајот и уште нешто: злоупотребата на една смрт е исто толку опасна како и самото убиство. А премолчувањето или измислувањето на фактите од нечија биографија е како повторно убиство.
Инаку, бугарскиот министер за внатрешни работи Младен Маринов на 10 октомври во Софија ја потврди информацијата дека на 9 октомври вечерта во Германија е уапсено лице кое побегнало од Бугарија и се сомничи за убиство на новинарката Викторија Маринова.
„Располагаме со доволно докази кои притвореното лице го доведуваат во врска со местото на злосторството и жртвата“, рече Маринов. Осомничениот Северин К. роден во 1977 година, во Германија е уапсен на барање на бугарските власти. Според изјава на бугарскиот државен обвинител, Сотир Цацаров, досегашните сознанија од истрагата не укажуваат на поврзаност на убиството со работата на 30-годишната новинарка:
„Доказите со кои располагаме укажуваат на спонтан напад заради сексуално злоупотребување на жртвата. Сепак, ние продолжуваме да истражуваме во сите насоки.“ Цацаров изјави дека притворениот Северин Красимиров (21) веќе бил во конфликт со законот и по него постоела потерница поради убиство и силување.
Германските медиуми тврдат дека лицето било сослушаново суд во надлежниот суд во Долна Саксонија и дека се согласил е да оди по скусена постапка со што може еветуално брзо да биде вратен во Бугарија. Полицијата го пронашла за осум ласа, истражувајќи во Хамбург и Долна Саксонија. Инаку уапсениот излегол од Бгарија на 7 октомври, ден после убиството преку преминот Дунав мост. Во вторникот, на 9 октомври бил кај мајка му во градот Шчад
Апсењето на Крсимиров ќе ги задили анагонизмите во Бугарија- уапсениот е ром, живеел во Ромско маало во Русе. Коа се дознала веста дека е силувана и убиена позната новинарка, од ова маало многумина момчиња се дале во бегство! Ова го врлат жителите на маалото кои мислат дека Северин тоа не го сторил сам. Но, при тоа се вели дека оние кои гго зеле автомобилиот знаат што прават и дека имале однапред план каде ќе се сокријат трагите. „Северин има одвај 20 килограми“ – коментираат некои негови соседи.
Телото на 30-годишната новинарка беше најдено во саботата во бугарскиот град Русе. На тоа место таа често џогирала. Таа била силувана, а починала од последици на удари во главата и задушување.
Претходно вчера во Бугарија веќе беше уапсено едно лице во врска со убиството на Маринова, но по неколку часа беше пуштено на слобода.
Телевизиската новинарка била вработена во приватната локална телевизија ТВН, која на 30. септември емитувала нејзини две интервјуа со истражувачки новинари. Во емисијата модерирана од Маринова, двајцата новинари зборувале за својата истражувачка работа поврзана со проневера на пари од ЕУ-фондовите од страна на бугарски бизнисмени и политичари.
РСЕ СЕ ВРАЌА ВО БУГАРИЈА Дури и ако се покаже спротивното, спостојбата со медиумите во Бугарија е толку лоша што веднаш се помислува оти убиството на новинарката Маринова е политички мотивирано вели Даниел Кадик, од фондацијата Фридрих Науман.
– Не можеме точно да кажеме, за што се работи. За жал полицијата откри дека таа била силувана и на најлош начин малтретирана. Интересно е дека целото граѓанско општество во Бугарија веднаш реагираше на случајот и дека никој во Бугарија нема дилеми дека може да се работи за политички мотивиран случај. Дури и да се покаже дека се работи за дело поврзано со проблеми во врската или пак дека зад него има други мотиви, мора да констатираме дека ситуацијата со слободата на медиумите во Бугарија е толку лоша што секој веднаш помислува дека тоа е политички мотивирано дело.
Бугарија де факто е на светско ниво на 111-то место во однос на слободата на медиумите. Со тоа Бугарија не само што е на опашката на ЕУ, туку и од цел Балкан. Зад тоа има повеќе причини: од една страна на хартија имаме слободни медиуми, но од друга страна многу централизирана сопственичка структура, што значи дека малкумина сопственици ги имаат медиумите под контрола. Тука имаме функционирачки рекламен пазар, односно голем дел од финансирањето тече преку средства од ЕУ на пример, кои се распределуваат преку Советот на министри, така што постои силна автоцензура во медиумите. Тоа за жал води до случаи на екстремна корупција во земјата и закани за новинари, особено оние што се занимаваат со истражувачко новинарство. Фондација Фридрих Науман навистина соработува со истражувачките новинари од страницата Бивол. Тука во Бугарија имаме Црна книга во која откриваме случаи на злоупотреба на даночни пари и за тој дел соработуваме со тие новинари. Еден од нив, Димитар Стојанов, пред неколку недели беше уапсен заедно со негов романски колега додека истражуваа случај за злоупотреба на средства на ЕУ, односно за корупција поврзана со тие средства.
Фридрих Науман нема преголеми очекувања што се однесува до развојот на медиумските слободи во земјата. International Press Institute пред неколку дена испратил луто писмо до премиерот Бојко Борисов во кое бараат заштита на новинарите и поголема медиумска слобода во земјата. Од зачленувањето на Бугарија во ЕУ се забележуваат перманентни тонења на медиумските слободи. Толку е лоша состојбата во земјата што Radio Free Europe повторно се враќа во Бугарија. Што може да се направи од европска страна е да се проверува каде одат европските средства за поддршка на медиумите, односно каде одат средствата за ПР на ЕУ, а од друга страна јасна определба на членките на ЕУ за медиумски слободи. Тоа значи и Бугарија евентуално да одговара. И третата и можеби најважна точка е да се создаде европска јавност. Случајот сега стигна до европската јавност и меѓународните медиуми, но повторно е оган од слама кој веќе следната недела може да е изгаснат и никој веќе да не се интересира за случувањата во Бугарија. Бугарија како членка на ЕУ и на Тројка и натаму мора да остане во фокусот на европската јавност, бидејќи инаку ништо нема да се случи во делот на медиумските слободи или борбата со корупцијата.