И покрај изборниот пораз од неодамна и најавата дека се повлекува Ле Пен побара и доби одново водечка функција во Народниот фронт. Најави и борба со Макрон за претседателското место на Републиката
Може да се каже дека Марин Ле Пен лесно помина на последните избори на својата естремно десничарска партија Национално собирање (порано Нацуионален фронт). Дури и покрај најавата од 1 април дека наесен ќе го напушти кормиолото на партијата, кое, сега изгледа како „првоаприлска шега“. Но и тогаш и сега најави дека ќе се готви за „пресметка“ со макрон на следните претседателски избори кои треба да се случат напролет следната година.
Таа беше единствен кандиодати на конгресот и освои 98,35 отсто од гласовите на присутните. Нејзиниот заменик Жпрдан Бардела кој е инаку многу млад (26) избран е да го води Советот на партијата а веротно ќе биде избран за привремен претседател, кога Ле Пен ќе се готви за претседателската трка. Инаку Таа на претходните изборти беше поразена од Макрон, но изборот беше драматичен.
Конгресот треба да ги мобилизира партиските приврзаници по неуспехот на неодамнешните регионалните избори а пред споменатите претседателските избори. Ле Пен(52) сега сака реванш од нејзиниот главен противник – Емануел Макрон.
Ле Пен поразот на регионалните избори го припишува првенствено на исклучително нискиот одив на гласачите. На изборите партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, „Република во движење“, оствари многу лош резултат во вториот круг на регионалните избори со вкупно освоени 7 отсто од гласовите, а подобро помина деничарско популистичката партија на Марин Ле Лен, „Национален сојуз“, која освои околу 20 насто. Сепак, најдобар резултат на регионалните избори оствари десничарската партија Републиканци, која доби доверба од 38 отсто од избирачите, а следуваше коалицијата на партиите на Социјалистите и на Зелените со над 30 проценти.
Ле Пен во регионалните избори влезе со амбиција да освои повеќе региони, што ќе беше голем поттик за претседателските избори, но нејзините кандидати не победија ниту во еден регион. Таа најголеми шанси требаше да има во регионот Прованса-Алпи-Азурен брег, но излезните анкети покажаа дека нејзиниот кандидат освоил 44,2 насто од гласовите, а претставникот на Републиканците 55,8.
Регионалните избори во Франција се последниот тест на расположението кај гласачите пред претседателските избори во Франција во 2022 година. Конзервативците насетуваат шанса идната година да го победат претседателот Емануел Макрон. Неговата млада партија „Република во движење“, според очекуваното, доживеа голем неуспех, со освоени околу 11% проценти е на петто место, како што јави ТВ Франс2.
Со лошиот пласман на нејзината партија, се поставува и прашањето за политичката иднина на Ле Пен, таа инаку има намера идната година да настапи како конкурент на Макрон на претседателските избори. Марин Ле Пен ги повика своите приврзеници да се мобилизираат за идниот изборен круг и вината за лошиот пласман ја припиша на екстремно ниската излезност.
Социјалистите освоиле околу 16%, а Зелените околу 13% гласови.
Излезноста во првиот круг на регионалните избори од 31 до 34% од 48 милиони граѓани со право на глас достигна историско дно. Некои политичари тоа го оправдуваат со пандемијата на коронавирус, но епидемиолошката ситуација во земјата е значително подобрена, по речиси осум меесеци, вчера конечно беше укинат и полицискиот час во Франција.
Разорните напади во Брисел минатата недела ги остави Европа и САД растресени. Стравувањата од понатамошно насилство се зголемени со воочените ризици кои произлегуваат од милитантната група Исламска држава (ИСИС) и масовната бегалска криза, што придонесуваат за општото чувство на нестабилност и поделеност.
Командантот на НАТО генерал Фил Бридлав веќе има изјавено дека Русија го „употребува како оружје“ бранот на бегалци за дестабилизација на Европа, а сега останува да се види дали последиците од нападите на Брисел ќе бидат од корист на Кремљ и режимот на претседателот Владимир Путин, пишуваат Дамиен Шарков и Ања Григас во Њузвик.
Демнечката опасност од тероризам го оттргнува вниманието од политиката на Русија кон Украина. Минатите две години од конфликтот, откога Москва изврши анексија на Крим во сенка на војната во источна Украина, ја чинат Русија скапо во смисол на економските санкции и меѓународната изолација. Санкциите во комбинација со ниските цени на енергијата во глобални рамки од 2014 ја уништува руската економија и рубљата. Русија се обидува да стави крај на санкциите и да се позиционира како потенцијален партнер на Западот во борбата против ИСИС. Новото свртување на вниманието кон екстремизмот може да создаде можност Русија да лобира против санкциите, особено кога ЕУ ќе ја разгледува можноста од нивно проширување оваа есен.
Нестабилноста во Европа исто така може да отвори прозорец на Русија за обид да ги консолидира нејзините придобивки во источниот дел на Украина, каде што, поддржани од Москва милитантите воспоставија сепаратистички територии во Донецк и Луганск. На 16 март, сепаратистичките лидери на т.н. Народна Република Донецк (ДНР) започнаа да издаваат свои пасоши. Милитантниот лидер на територијата Александар Захарченко го нарече потегот „многу важен чекор кон градење на државност“.
Навистина ова е обид да се зацврсти и формализира сепаратистичкиот статус на територијата а, најверојатно, потоа ќе следи зголемено давање на руски пасоши во согласност со претходните стратегии на Москва за „пасошизација“ на странските сепаратистички територии како што се Транснистрија во Молдавија, Јужна Осетија и Абхазија и Крим во Украина. Сè на сè, ова значи дека е малку веројатно Русија да се придржува на договорот за прекин на огнот потпишан од Путин во февруари 2015, и ќе продолжи со поткопување на територијалниот интегритет на Украина, што може да биде полесно ако вниманието на Европа и САД е фокусирано на борбата против екстремизмот.
На истиот ден кога нападите на Брисел го потресоа светот, Русија го осуди украинскиот пилот и член на парламентот Надја Савченко на 22 години затвор. Таа е обвинета за соучество во убиството на Антон Волошин и Игор Корнелиук, двајца новинари кои работеа за руската државна телевизија, кои починаа во артилериски напад за време на конфликтот во источниот дел на Украина во јуни 2014. Савченко постојано ги негираше обвиненијата, а судењето беше оценето во Украина и на меѓународно ниво како политички мотивирано. Нападите во Брисел го свртеа вниманието на јавноста од казната, иако лидерите, како американскиот државен секретар Џон Кери при неговата посета во Москва, продолжија со притисоците за нејзиниот случај.
Повеќе од ситуацијата во Украина, заканата од тероризам и стравувањата поврзани со масовната миграција на бегалците го зголеми антиимигрантското и антибегалско расположение во Европа, што ја зголеми популарноста на екстремно десничарските политички партии. Не е никаква тајна дека најблиските сојузници на Москва во Европа може да се најдат меѓу екстремната десница, националистите, политичарите и партиите кои се против ЕУ и НАТО, вклучувајќи ги тие од Велика Британија до Германија, од Грција до Бугарија. Таквите европски екстремно десничарски партии ја поддржаа Русија во анексијата на Крим и нејзината политика во Украина. Само минатиот месец, екстремно десничарската партија Национален фронт во Франција, наводно, побарала од Русија 27 милиони евра за изборната кампања во 2017. Партијата веќе доби заем од 9 милиони евра од руската банка во 2014. Лидерот на Националниот фронт, Марин Ле Пен, негираше дека финансирањето од банката во сопственост на Руси ќе влијае на политиката на партијата.
Во поширока смисла, заканата од исламски екстремизам во Европа дава дополнителна потпора на самопрогласената улогата на Русија како бранител на традиционалните христијански вредности од „либералните“ и „декадентни“ Европа и САД, и бранител на христијаните од радикалниот ислам во Сирија или пошироко. На пример, Руската православна црква која е подредена на Кремљ ја опиша воената интервенција на Русија во Сирија како „света битка“ за заштита на христијаните.
Во САД, стравувањата околу ширењето на екстремизмот добија политички карактер, и се повеќе доминираат и во реториката за надворешната политика во претседателската кампања. Републиканскиот фаворит Доналд Трамп предложи надворешна политика на САД без интервенции надвор и искажа сомнеж во потребата од НАТО.
Демократскиот фаворит Хилари Клинтон возврати дека „Путин веќе се надева дека ќе ја подели Европа. Ако г-дин Трамп успее во својата намера, тоа ќе биде како Божиќ за Кремљ“.
Трагичните настани во Брисел, и итната потреба европските земји и САД да се фокусираат на превенција од идните терористички напади и фаќање на радикалите, не треба да ги засени сосема другите приоритети во надворешната политика. Русија јасно се претстави како предизвикувач на редот во периодот по Студената војна и таа ќе се обиде да ги искористи сегашните проблеми на ЕУ и свртеното внимание на Америка кон претседателската кампања и ИСИС. Тешките времиња како овие едносмерната надворешна политика ја прават да биде опасен избор за Соединтетите Држави, ЕУ и нивните сојузници.
Agnia Grigas е виш научен соработник во Атлантскиот совет и соработник на Truman National Security. Таа е автор на книгата „Beyond Crimea: The New Russian Empire“.