Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МАРИЧИЌ: МИЗРАХИ НЕ ОТВОРАШЕ, ТУКУ СОЗДАВАШЕ СКАНДАЛИ

February 24, 2020 Filed Under: Македонија

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ на Алсат телевизија зборуваше и за противуставните постапки на поранешната техничка министерка Рашела Мизрахи. На ВМРО ДПМНЕ му беа прифатени 60 амандмани ама тие наденаш побара – нови!

СИТНИ ИНТЕРЕСИ Маричиќ изјави за Алсат М дека интернационални интереси се загрозуваат од ВМРО ДПМНЕ за ситни интереси

„Мизрахи нема ниту еден ден искуство во труд и социјала. Таа не отвори скандали за претходничката, таа создаде скандали. Мила Царовска има за 600 проценти зголемена социјална помош, 60 отсто зголемување на минималната плата, ВМРО ДПМНЕ само за газдите се грижеше, а ние се грижиме за работниците. Постапките на Мизрахи беа одобрени од партијата. Таа ја доведе државата во ситуација да се прашуваме дали министрите од ВМРО ДПМНЕ ќе го почитуваат Уставот и законите. И при тоа, таа одби да го усклади своето однесување согласно законот. На тоа реагираше и грчката Влада. Практичо, таа почна да ја враќа државата назад. Ако може министерка да придонесе државата да се враќа во изолација, што може да се случи ако таква биде целата Влада на ВМРО ДПМНЕ?“- праша Маричиќ.

Тој смета дека успесите на Царовска не можа да ги загрози никој затоа што се видливи и таа е најуспешната министерка што ја имало тоа министерство.

„ВМРО ДПМНЕ на дело покажа дека за нив Уставот е само парче хартија. А тоа што ние сакаме да го заштитиме Уставот не може да биде антисемитизам. Ние водиме искрени политики во процесите кон ЕУ и НАТО, а со ваквите постапки ВМРО ДПМНЕ не само што не враќа назад, туку одново ни отвора трауми, ќе уназадуваме и повторно ќе се најдеме во преговори со соседите и меѓународните преставници“- заврши Маричиќ.

„Талир 1 и Талир 2 се двата предметa во кои се открива криминалното дејствување на ВМРО ДПМНЕ, односно нивното незаконско финансирање. Од ВМРО ДПМНЕ сакаа сите случаи да се укинат, прислушуваните материјали да се уништат и да не постои ниту едно дело на СЈО. Но, осуетена е намерата да умрат делата од СЈО и тоа ги боли во ВМРО ДПМНЕ. Законот го пишуваа експерти како Лажетиќ, Калајџиев, Камбовски и други. Поенатата беше независно судство, избрано без политички влијанија и успеавме во тоа. ВМРО ДПМНЕ до последно се бореше тие како партија да го избираат обвинителот, за повторно преку него да ги загрозат предметите на СЈО“- изјави секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ на телевизија Алсат.

ДЕБАТА Има ли Мизрахи искуство за работата која и беше доверена – прашање на дебата на Алсат М

Тој изрази сериозна забелешка во однос на преговарачкиот тим на опозицијата, но и укажа дека летото СДСМ прифатил 60 амандмани на опозицијата, но наеднаш на ВМРО ДПМНЕ му текнало дека сака нова група амандмани.

„ВМРО ДПМНЕ на преговорите пушташе лица на кои треба да се однесува законот, како Милошоски, Димовски и други кои нарачуваа лустрации, нарачуваа пресуди и кои имаат сторено дела кои треба да ги третира законот. Бренд на ВМРО ДПМНЕ е заробена држава и заробено судство“- дополни Маричиќ.

Тој не се согласи со ставовите на ВМРО ДПМНЕ дека Законот за Јавно обвинителство е донесен на шверцерски начин.

„Како може законот да е донесен надвор од процедура и да не обезбедува независно судство кога го поздравија и ЕУ и САД со официјални соопштенија“- поентираше Маричиќ.

Во врска со случајот „Рекет“ Маричиќ посочи дека постојат два јасни докази, смс пораки кои докажуваат дека Заев не сакал ништо да има со случајот и сугерира да се пријави, но тоа го потврди и најголемиот финансиер на ВМРО ДПМНЕ кој е дел од случајот „Рекет“

ЗАГРОЗУВАЊЕ Чулев не разјасни ништо на пресот околу кокаинот

Маричиќ на Алсат истакна и дека Чулев ја загрозил меѓународната акција со кокаинот, заради партиска и лична промоција. „Тажна слика е како кадрите на ВМРО ДПМНЕ ги водат секторите во кои се поставени. За жал, во трка по ексклузивни информации и покривање на  лажните тези, дека министерот се бори против криминал и корупција, се доведе големата акција во ризик. Со таквиот однос во опасност е една акција, со меѓународен канал, започната во време кога Оливер Спасовски беше министер. И за еден килограм може да се растури цела интернационална операција, порача вечерва во емисијата „Патот кон“ на Аласат, секретарот за меѓунардона соработка на СДСМ Бојан Маричиќ.

Тој додаде дека кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада заради партиски интереси ги кршат Уставот и законите.

„За ситни поени се доведуваат под прашање големи операции. Имаме проблем во МВР и за вадење на патни исправи и лични документи. Жално е што Чулев и Мизрахи тераат лични партиски агенди и го крашат Уставот и законите и под прашање го ставаат целиот систем и неговото функцинирање. Овие министри се поставуваат заради изборите, да имаме фер и мирен процес а, не заради промоција на нови политики, не за да се докажуваат дека се подобри од некого и затоа се прават вакви киксови. И кога зборуваме за бегалците од правдата, сите што избегаа од државата се од партијата ВМРО ДПМНЕ, и Груевски и агентите од УБК“ – додаде Маричиќ

МИЗРАХИ Не отвори стари скандали, направи нови и ја загрози меѓународната позиција на земјата

Тој најави дека ако Чулев не најде решение за пасошите, тогаш Владата е таа што го знае решението и ќе го реализира.

 

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet