Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МАРИЧИЌ: МИЦКОВСКИ НЕМА ОБЈАСНУВАЊЕ ЗОШТО Е ТОЧНО ПРОТИВ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

June 8, 2023 Filed Under: Македонија

Во гостувањето на Канал 5 вицеопремиерот за евроинтеграции јасно ја постави дилемата – шефот на ВМРО ДПМНЕ да одговори зошто внесувањето на останатите заедници во Уставот е причина за блокада на процесот за членство во ЕУ

ПОКАНА Мицкоски беше поканет да учествува во работната група, но тие не испратија претставник

Скринингот тече по планираната динамика и дава добри резултати, кажа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во Канал 5 телевизија. Според него, скринингот е длабинска анализа на нашето законодавство којашто ни дава појасна слика каде сме и што треба да направиме.

– Скринингот треба да заврши до ноември, кога треба отприлика да завршат и уставните измени, по што ќе се одржи Втората меѓувладина конференција за отворање на кластерот 1 од преговорите, кажа Маричиќ.

Тој кажа дека Владата ќе искористи неколку дена за консултација за нацрт-амандманите за промена на Уставот, кои покрај консултации со институциите, ќе се искористат и за средба Ковачевски-Мицкоски, по што во наредните десетина денови Маричиќ очекува да започне собраниската процедура.

– Наше е како одговорна Влада да пружиме рака. Мицкоски беше поканет да учествува во работната група, но тие не испратија претставник. ВМРО-ДПМНЕ реши да се исклучи од процесот, но би прашал што е проблемот да се вклучат уште неколку заедници во Уставот. Не зборуваме за бугаризација, бинационална држава, промена на јазикот и идентитетот. Предлогот е да се дополнат уште неколку заедници. Ако е тоа причината за блокада на Мицкоски кон ЕУ тие треба да дадат одговори, кажа Маричиќ.

Имавме серија претседатели и премиери од земји членки на ЕУ кои кажаа дека евроинтеграцијата нема и не смее да го загрози идентитетот и јазикот, кажа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во Канал 5 телевизија.

ТВРДО НЕ Мицковски е против промените на Уставот ама неговиот став нема никаква „арматура“

Тој очекува многу скоро една од најмоќните држави членки на ЕУ да направи голем чекор и да даде гаранции дека нема да биде посегнато по јазикот и идентитетот за време на евроинтегративниот процес, но не сподели детали.

Прашан за евентуално ново вето од Бугарија, доколку се спроведат уставните измени, тој кажа дека не очекува вето до зачленувањето во Европската Унија ако се запазуваат критериумите од преговарачката рамка.

– Од работата на Мешовитата историска комисија не може да се вадат услови за преговорите. Условите ги вади Европската Комисија. Ќе се цени генералниот успех на добрососедските односи, истакна Маричиќ.

Тој нагласи дека за уставните измени ќе течат разговори со пратениците и очекува промената на Уставот да се случи со најмалку 80 гласови „за“.

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet