Даваме шанса на процесот на разговори и таа шанса ќе ја искористиме. Јас сум убеден дека ќе успееме, ние не можеме да сметаме на неуспехот како наша стратегија“, порача вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето на ТВ Сител

Во неодамното гостување во дневникот на Сител, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ истакна дека се подготвени за компромис кога се работи за суштински и важни одлуки за граѓаните и државата, но и дека е потребно да се покаже зрелост од политичките партии.
– Ние го нудиме тој план, да гласаме веднаш под услови под коишто ВМРО-ДПМНЕ бара, но да бидат реални, да не влегуваме на нереални условувања за тоа што би направила Бугарија, што би направила ЕУ, рече Маричиќ.
Тој додаде дека ако им е потребно на опозицијата политичка гаранција бидејќи правни гаранции веќе се во Преговарачката рамка, се подготвени како Влада заедно со нив да разговараат за тоа со европските претставници, во границите на тоа што може, во спротивно Маричиќ кажа дека „ваквата стратегија ќе нè паркира во чекалната и ќе седиме таму каде што сме биле 17 години“.
За пораките по средбата со Габриел Ескобар, американскиот специјален претставник за Западен Балкан и заменик-помошник на државниот секретар за Европа и Евроазија, вицепремиерот Маричиќ рече дека од страна на македонската делегација било потенцирано колку е важно за граѓаните и за Северна Македонија да влеземе токму во овој пакет на проширување и дека чекањето не е стратегија која носи напредок.
– Чекањето подобри времиња и очекувањето дека ќе преговараме нови услови не е стратегија којашто може да ја однесе државата таму каде што сакаме, туку напротив, стратегија е која би ја испразнила државата од млади луѓе, би ја убила надежта за европска иднина и би не ставила на категорија со Косово и Босна и Херцеговина, кои се држави со системски проблеми и нерешени прашања, објасни вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ, Маричиќ.
За планот кој го нуди опозицијата Маричиќ рече дека тоа се нереални планови коишто не се консултирани со никого освен внатре во рамките на партијата и дека се скапи заблуди коишто ќе ги платиме на крајот со многу висока цена бидејќи нема да се реализираат.
На прашањето за потребата на кампањата „Ние сме Европа“, во услови кога нема консензус околу европската перспектива, Маричиќ нагласи дека ова е една од многуте кампањи поврзани со нашата стратешка цел, зачленувањето во ЕУ, а со да се нагласи важноста на нашата припадност кон ЕУ и на стандардите, како и подобро да се информираат граѓаните.
– Ова е кампања којашто ќе се одвои во наредните недели и месеци, којашто има за цел да оствари во директен контакт со граѓаните, да ги одговори нивните прашања, да ги информира за теми кои им се важни од ЕУ, да ги оттргнеме нивните грижи и стравови, да чуеме што е тоа што ги плаши можеби и зошто немаат причина за страв да им објасниме, да им кажеме кои се придобивките од членството во ЕУ, истакна Маричиќ во гостувањето во „Тема на денот“, во дневникот на Сител.
„Даваме шанса на процесот на разговори и таа шанса ќе ја искористиме. Јас сум убеден дека ќе успееме, ние не можеме да сметаме на неуспехот како наша стратегија“, порача вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостување во „Тема на денот“ во дневникот на Сител.
Тој рече дека доколку сакаме брзо и ефикасно да ги решиме прашањата и предизвиците со кои се соочува нашиот систем но и граѓаните да ги почувствуваат придобивките од пристапните преговори и членството во ЕУ, потребно е да останеме во процесот и со поголема динамика да навлеземе во реформската агенда.
„Тоа не значи дека треба да се откажеме од придобивките на ЕУ, напротив мислам дека тоа треба да биде мотивација што поскоро да влеземе подлабоко на процесот на пристапување затоа што сите слабости ќе излезат во тој процес и ќе мораме да ги исправиме за да станеме членка во ЕУ, посочи Маричиќ додавајќи дека со нетрпение очекува да почне да се зборува повеќе за реформи, наместо најголемиот дел од времето да се зборува за Бугарија и за уставните измени, бидејќи како што рече Маричиќ „заслужуваат граѓаните да зборуваме за тие прашања и да се посветиме политички, институционално и секако на тие прашања, а тоа можно само ако ги тргнеме од дневен ред овие другите.“
Маричиќ кој оваа недела ја најави кампањата „Ние сме Европа“, објасни дека во комуникација со граѓаните сакаат да покажат дека има аргументи зошто треба да се поврземе во ЕУ и низ споредба со искуството на другите држави членки на ЕУ да се пренесе пораката зошто брзањето треба да биде нашата стратегија, а не чекањето.
„Клучната идеја на оваа кампања се да им се објаснат трите работи: придобивките од членството во ЕУ, реформите и трансформацијата којашто ги донесе членството во ЕУ на целиот систем и трето дека нашиот јазик и идентитет се најдобро заштитени во ЕУ“, подвлече вицепремиерот Маричиќ во интервјуто на Сител.