Мината година може да се окарактeризира како време на масовните протести. Но имаше и такви кои беа индивидуални, но имаа светски одек, кога беа донесени од срце и со огромен ризик по себе и своето семејство. На Овсјеникова и се придруѓија колегите од истата редакција Жана Агулакова, дописник од Париз и уметничкиот директор Дмитриј Ликин, па уапсен беше Александар Новзаров што известил за уништувањето на Мириупол а следуваа и оставки во важниот канал НТВ…

Ткачук го подигна гласот против бртоубиствената војна – го држи плакат зад официелната спикерка
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Нема сомнение дека изминатата година беше доба на протестите. Аналитичар од белградската N1 во понеделникот рече дека за прв пат по бројот на протестите, светот ја надминал легендарната 68-ма, извесна токму по масовното изнесување на незадоволство. Во светот се забележени 400 протести кои траеле подолго од осум недели во континуитет!
Протестите може да се и масовни, но и да се индивидуални, да не траат долго, но да имаат силен одек. Како во онаа Хемингвеева книга „За кого бијат камбаните“, со дообјаснување – „за тебе“. Протестот на Марина Овсјаникова, новинарка од Москва беше поединечен, но секако се вклопи во изрзувањето на антивоено расположение низ градовите на Русија. Во земја каде протестите се дозволени за кусо време ама цената е висока и може да се искоментира дека и по овој основ тоа е тоталитарна држава. Дотолку чинот на Марина е поголем, кога таа беше практично осамена во „осилото“, пропагандниот штаб на империјата која врши инвазија на соседната земја, дотогаш навидум братска таа го подигнува својот антивоен став! Затоа е таа личност на годината што измина.
„Татко ми е Украинец, мајка ми Русинка. Тие никогаш не биле непријатели“, рече Марина Овсјаникова во видео порака. Објавата на руската новинарка во која жали што работела за „пропагандата на Кремљ“ е снимена непосредно пред нејзината протестна акција во етерот на рускиот државен „Прв канал“. Овсијаникова стана светска сензација откако на 17 март се појави во студиото за време на главната информативна програма со антивоен постер на кој пишуваше: „Стоп за војната. Не верувајте во пропагандата. Тука ве лажат. Русите се против војната.” Родена е во Одеса, украински град во кој живеат многу Руси. Со мајка и биле во Грозни, Чеченија, кога пукнала војната и побегнале во Краснодар. Се бавела активно со спорт (пливање, гимнастика) додека посетувала факултет. Овсјаникова, родена Ткачук, се вработила на факултет со посредство на сопругот Игор Овсјеников, кој работи во Раша тудеј (или барем работеше) во овој „крвоток на државната пропаганда“.
Што ја очекува Овсјаникова (44) по протестот? – се прашуваа многумина.
Овсјаникова, била приведена веднаш откако застанала пред камерата за време на временската прогноза. Таа најверојатно ќе одговара за „јавни дејствија насочени кон дискредитација на акциите на руските вооружени сили со цел да се заштитат интересите на Руската Федерација и нејзините граѓани“, се вели во соопштението на новинската агенција. Казнената легислатива во Русија во однос на протестите, од било кој вид, се заострува па, ширењето на „лажни вести“ може да се казни со до 15 години затвор. Но Овсјаникова можеше да биде обвинета и за поттикнување на „граѓанска непослушност“ со тоа што ги повикала Русите да протестираат против војната. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков го оцени нејзиниот настап како „хулиганизам“. Нејзиниот адвокат Даниил Берман вели дека уште не му бил дозволен контакт со Овсјаникова. Тој очекува тешка казна за неговата клиентка.
Овсјаникова беше првата уредничка во руските државни медиуми која гласно се изјасни против војната во Украина. Од почетокот на офанзивата, која Кремљ официјално ја нарекува „специјална операција“, речиси 15.000 луѓе во Русија се приведени поради учество во антивоени протести. Десетици руски медиуми се блокирани, а пристапот до платформите како Фејсбук и Инстаграм беше суспендиран.

„Се сметам себеси за целосно невина и бидејќи нашата земја одбива да ги почитува нејзините закони, одбивам да ја почитувам забраната што ми беше наметната на 30 септември 2022 година и се ослободувам од неа“, напиша таа на нејзиниот портал. Во август Овсјаникова беше осудена на два месеци домашен притвор. Нејзиниот домашен притвор требаше да трае до 9 октомври, но државниот медиум Russia Today во меѓувреме јави дека таа избегала со нејзината 11-годишна ќерка и дека не се знае каде се наоѓаат.
Во меѓувреме „Ди велт“ ја вработи како хонорарен дописник а со сопругот се развеле заради негово неслагање таа да замине од земјата со ќерка си. Таа се има појавено на најмалку еден амтивоен митинг откако илегално побегна од земјата, организиран во Германија а ја доби и наградата „Вацлав Хавел“ за нејзиниот придонес во заштита на правата на човекот.
Таа е секако една од ретките која рано свати „за кого бијат камбаните“. Си рече – за некој како мене!
Но, Марина сепак не остана осамена и тоа беше барем за некои други поединечни протестантки кај новинаркит.е и Жана (Леонидовна) Агулакова која исто така работела на Првиот канал и дури едно време била дописник од Њујорк а потоа и од Париз. Таа е инаку добитничка на грст важни ордени и пофалници претходно од кои по апсењето на колешката јавно се откажала! Дала отказ веднаш после инвазијата на Русија врз Украина на крајот на февруари, но отказот и е удоволен дури на 17 март, кога нејзината колешка го направила „оној инцидент“.

Сè повеќе има руски новинари кои даваат откази од работните места, поради промовирање лажни наративи во врска со Украина од страна на нивните медиумски куќи. Жана Агалакова, гласно проговори за руската пропаганда. „Воопшто не се мислев дали да продолжам да работам. Исто така, не беше потребно да се мислам дали ова што се случува во Украина е мировна операција. Ова е војна. Сакам руските граѓани да ме чујат – сакам да научат како изгледа пропагандата и да се научат да се информираат од други извори на информации. Не сакам луѓето повеќе да бидат зомби, рече таа.
Сепак, таа изрази стравување дека ќе биде обвинета од Русија дека е „високо платен шпион“. Агалакова (56), која претходно ги водеше вестите, изјавила дека верува дека на руските медиуми им било наредено од Кремљ да емитуваат лаги и пропаганда со години, оставајќи им малку простор на независните медиуми.
Веднаш потоа руските власти објавија дека познатиот новинар
Александар Г. Невзоров, е под кривична истрага поради објава за руското бомбардирање на Мариупол на неговиот профил на Инстаграм.
Лилија Гилдеева, водител на државниот канал НТВ, исто така, поднесе оставка. Таа работеше за медиумот од 2006 година. Со неа си замина и Вадим Глускер, новинар кој во НТВ работеше речиси 30 години.
Откако претседателот Владимир Путин ја донесе одлуката за инвазија врз Украина, Дмитри Ликин исто така даде отказ како долгогодишен уметнички директор на Канал 1, руската државна телевизиска мрежа, која е главен играч во распространетиот пропаганден апарат на Кремљ. Тој изјави дека „не е политичар“, и дека инвазијата ќе значи дека тој треба да биде дел од операција со агенда за „уништување животи“.
Во меѓувреме, руските пратеници одобрија нов ригорозен закон. „Њујорк Тајмс“ ова го коментираше како „последен обид да се сее страв меѓу критичарите на војната пред спроведувањето на тој закон со кој ќе следува дури 15 години затвор за било какво отстапување од официјалниот наратив за она што Кремљ го нарекува „специјална воена операција“ во Украина.
Нашиот ЗНМ протестираше против симнувањето на руските пропагандни канали од нашиот етер, но не протестиераше против оние кои ги исфрлаа и затвораа нивните колеги во Русија?! Принцпиелност, што да се прави…