Ако во светот на автомобилите, ако не си задоволен со форд, ќе купиш шевролет. Но, ако прекинеш со користењето на Фејсбук и излезеш, не си сигурен дека твоите податоци не се се’ уште во оптек и некој може да ги користи и да тргува со нив!
ЗОРАН СТАНОЈЕВИЌ
Према своето признание Марк Закемберг не е некој кул тип. Напротив, приоритет му е да биде функционален. Затоа ги усвои принципите на Стив Џобс, основачот на Ејпл, да не го троши драгоценото време на размислување што ќе облече преку денот, наутро или навечер, дали ова се вклопува со она. Главно носи едноставна сива маица (седиштето на Фејсбук е во Калифорнија, каде е секогаш мај или јуни), конфорни широки пантолани и адидас влечки. Не е единствен милијардер од ИТ секторот кој така размислува. Ама стилистите и психолозите кои добро го знаат тој свет ни порачуваат да не се лажеме. Можеби Марк и другите не трошат многу време дневно мислејќи што ќе облечат, ама одлуката како ќе се облекуваат е донесена многу промислено и има длабока порака.
Исто така мисли и Трамповиот нов (а тие се секогаш нови) економски советник – Лери Кедлоу, кој на прашањето што очекува од сослушувањето на Фејсбукот во Сенатот и Конгресот на САД одговори дека пред се го интересира што ќе облече Закемберг. Ако дојде во тренерка и маичка, тогаш ќе знаеме дека дошол да ни продава финти, вели Кедлоу, додавајќи дека луѓето кои водат сериозни кампањи сериозно и се облекуваат, особено кога е во прашање судбината на тие кампањи.
БЕЗ ЕМОЦИИ Во случајот на Фејсбук токму тоа и се случува. По објавувањето дека компанијата Кембриџ аналитика ги користела податоците на повеќе од 80 милиони корисници на Фејсбук без нивна дозвола или знаење, а како би им праќала вешто сокриени политички и други маркетиншки пораки и така влијаела на јавното мислење во САД и Велика Британија, јавноста во овие земји побара првиот човек на Фејсбук да биде испитан од највисоките законодавни тела во тие земји (Сенат, Конгрес, Парламент односно нивните одбори за трговија). Бидејќи е граѓанин на САД, Закемберг се отповика на барањето на американските власти, додека Бритите засега ги игнорира. На Капитол Хил се појави во темносин костум и единствени по што се разликуваше неговиот настап пред сенаторите и следниот ден пред конгресмените беше бојата на вратоврската. Првиот ден носеше светлосина, практично нијанса на логото на фирмата. Следниот ден вратоврската беше потемна токму како и прашањата на кои одговараше.
Прашања имаше многу и беа разновидни а неговите одговори повеќе или помалку роботизирани. До таа мерка што и самиот стана поважен во еден миг од самиот чин на испрашувањето. Онака млад (33 години) и сериозен, во костум, кусо потстрижен, делуваше повеќе како студент „гребатор“, кого го фатиле во сериозен престап, типичен за младоста, отколку како прв човек на компанија кој знае многу повеќе за луѓето кои го испрашуваат отколку тие за него. Не се служеше со шарм, за кој вели дека го нема, ниту еден миг не беше арогантен или надмен, иако беше веројатно најбогатиот поединец што политичарите го сретнале. А виделе и испитувале многу милијардери.
Затоа Закемберг веднаш беше прогласен за рептил, вонземјанин, се потсмевнуваа на начинот на кој пие вода (во милилитри), коментирале отсуство на гримаси или емоции на лицето. Дури кога одвреме-навреме беше духовит во одговорите, делуваше дека е тоа последица на околностите, отколку на намерата непријатната ситуација малку да ја одмрзне. Ако се насмевнеше, тука немаше спонтаност. Повеќе емоции и човечност покажува ајфоновата асистентка Сири.
РАСПРАВА ЗА ПРАВОТО НА ПРИВАТНОСТ После два дена испрашување на највисокото место во САД, пред судот, едно е сигурно. Ние за начинот како дејствува Фејсбук не знаеме ништо а Марк Закемберг навистина се потруди да не убеди дека и онака сме подлегнале на предрасудите. Накусо, ако некои за нас непријатни информации се наоѓаат на Фејсбукот, ни сме ги ставиле таму, па ако некој не следи додека се движиме по Фејсбукот, сами сме си виновни, сами сме си го барале. Компанијата не ги чита нашите пораки, еднакво како што ниту ние не ги читаме препораките на Фејсбук, што и онака нараснало на повеќе од илјада страници густо чукан текст за последните 15 години.
Еден од занимливите моменти – а за вкупно десет часови сослушување на двете места имаше и такви моменти – беше прашањето на сенаторот Дик Дарбин, дали на Закемберг би му било пријатно со светот да го подели името на хотелот каде отседнал во мигот и кому се последните денови му праќал пораки. По неколку секунди проценување на прашањето, кога изгледаше дека се претворил во компјутер кој анализира како да одговори, Закемберг со насмевка со насмевка рече дека тоа не би му било пријатно, по што Дарбин на прв поглед поентираше со хипотетичкото прашање дали сето тоа не е расправа за нашето право на приватност. Таа размена на мудроста малку не забави, ама подобро беше да постави прашање дали Фејсбук знае каде се’ присутните сенатори спиеле претходната ноќ и дали тоа може да ги знае од нивните мобилни телефони кои му се доверени од броевите кои ги имаат тие. Бидејќи суштината на нашето незадоволство со Фејсбук и со начинот како тој функционира не е во тоа што ние го работиме свесно, туку во она што ние го правиме мислејќи дека никој не не гледа! Но и да имавме такво прашање, Марк секако ќе речеше дека ќе му наложи на својот тим ова да го испита. И дека потоа ќе се врати со копнкретен одговор. Таа реченица тој ја повтори барем десет пати, додека беше сослушуван и некои конгресмени тоа сериозно му го замерија. Забележаа дека првиот човек на една од најголемите компании на светот знае малку за тоа како таа функционира!
„Не знате ништо за тајните профити на Фејсбук, не знаете колку апликации треба да преконтролирате, не знаете кому се Александар Коган (психолог и човек во срцето на сканалот) ги продавал вашите податоци, не знаете ниту какви се податоци за корисниците собирала вашата компанија, му рече претставничката во Конгресот Деби Дингел со повишен глас. Кој знае што би му рекла ако времето на испрашувањето на беше ограничено на 4 минути по сенатор, односно конгресмен. Но конгресменката во тие неколку реченици ги билансираше сите прашања што му беа поставувани во тие два дена. Тајните, односно профитите во сенка, се профити на луѓе кои не се воопшто корисници на Фејсбук, ниту тоа некогаш посакале да бидат. Меѓутоа се дружат и електронски комуницираат со оние кои тоа се и така во Фејсбук влегуваат информации за поединци, ги врзува за мејл адреса и ви нуди со нив да стапите во контакт и потоа се случуваат оние појави кои ја отворија расправата. Мрежата чека тие да се поврзат во неколку секунди со некои со кои не се познаваат, иако истите за себе не дале никакви податоци. Па нема потреба, се е веќе таму. Што би рекол Марк Закемберг, не знам како е тоа можно, ниту знам за постоење на „шедоу профил“ (профил во сенка) ама мојот тим ќе го испраша тоа , па ќе се вратам со одговор
КОМПАНИЈА ИЛИ МЕДИУМ, ПО ПОТРЕБА Мнозинството на аналитичари, во обичниот свет тоа им се допадна, односно тие коментираат дека политичарите покажале колку малку го разбираат интернетот. И дигиталниот свет. А работа им е тој свет да го средат прописно. Секогаш е весело да се потсмеваат на политичарите, ама сите тука сме претерале. Бидејќи нивните прашања и кога се технолошки наивни, всушност се базираат на верувања, трачеви и претпоставки што за таа технологија се шират, бидејќи технолошките компании се двојно заклучани кон корисниците. Прво, ги штитат своите тајни од конкуренцијата и на тоа имаат право. Второ и кога тајните би ги прикажале кој би разбрал нешто од километарските колони на програмерскиот код.
Така, чувме прашање во колку категории Фејсбук ги разместува податоците кои ги собира за нас, на што Зукемберг одговори дека не го разбира прашањето. Потоа не го разбра ни потпрашањето на една сенаторка која можеби и не постави како што треба. Сенаторот Брајан Шац праша дали Фејбук гледа со кого се разговара корисникот и во тој контекст му понудува реклама. На ова Закемберг рече дека пораките се шифрирани и тие не ги гледаат содржините. Најинтересен беше одговорот на прашањето на сенаторот Џон Кенеди, дали можеби Фејсбук технички податоците за него да ги проследува на трето лице без негово знаење. Бидејќи неколку пати го преформулираше прашање за да дојде до суштината доби одговор дека Фејсбук тоа технички го може, ама тоа би било тешко кршење на законот и приватноста.
Тука некаде е суштината на таа приказна. Фејсбук и сличните медиуми се половина риби, половина девојки и секогаш ја преземаат формата која во мигот повеќе им одговара. Значи, ако треба да нудат свои услуги на пазарот тие се медиуми со ридови на податоци за своите корисници. Но ако тогаш кон нив треба да применат строгите медиумски прописи, тие одеднаш се само технолошки компании кои вработуваат инженери и програми и така ја одбегнуваат контролата.
Уште потешко е да се разбере со која работа се занимаваат. На прашањето дали Фејсбук е монополист (а американските законодавци обожуваат да разбиваат монополи), Закемберг одговори дека тој така не се чувствува, предизвикувајќи смеа на новинарите и своите соработници. Со причина, бидејќи во ИТ светот владее најпримитивен дарвинизам, опстојуваат само оние кои можат да ја изедат својата конкуренција. Со причина, бидејќи ако во светот на автомобилите, на пример, не си задоволен со форд, ќе купиш шевролет. Но, ако прекинеш со користењето на Фејсбук и излезеш, не си сигурен дека твоите податоци не се се уште во оптек и некој може да ги користи и да тргува со нив!. Информацијата која еднаш сум ја користел и понатаму е моја, секако резонуваат во оваа компанија.
ФЕЈСБУКОВА ВОЈСКА Слично беше и прашањето дали Фјесбук не следи и кога го исклучуваме? Ниту тоа Закемберг „не го разбра“, зошто политичарите не разбираат дека со гасењето на Фејсбукот не сте излегле од него. И додека имате профил а и кога го немате, Фејсбукот во заднината ви е вклучен, следи што работите, ги собира сите информации а на вас е само да донесете одлука што од тоа ќе биде јавно односно достапно на сите. А не само да биде на оние кои се подготвени тоа да го платат. Тоа е казниво по знакон, ама не чувме дали тоа не се прави?! А токму затоа конггресмените и сенаторите се собраа.
Неколку заклучоци од тие две сослушувања можат да се извлечат. Фејсбук нема да го менува својот деловен модел. И натаму користењето ќебиде бесплатно а работењето ќе се финансира со огласи. Компаниите ќе ги претресе сите апликации кои се присутни и ќе ги укине оние кои ги кршат важечките прописи. Не би било лошо да се воведе некаква регулација, па Фејсбук е подготвен да соработува во нејзината изработка. Да споменеме дека и до сега Фејсбук со надворешните компании работеше на принципот „жими мајка“. Кога во 2015 година беше откриено дека податоците се користат незаконски се задоволиле со тврдењето на Кембриџ аналитика дека истите се избришани. Без понатамошно инсистирање, далеку било известување на ФБИ или некого друг за откриениот инцидент.
Посебно ќе се води сметка за политичкото влијание, особено кога се изборите во прашање. Марк Закемберг со став дека тука се води вистинска војна, ја спомена Русија како противник, а тоа знаќчи дека не може да се очекува дека компанијата ќе биде единствена одговорна ако некој е вешт да го измами системот. На крајот на краиштата и Заакембрговиот профил е еден од оние на 87 милиони компромитирани што Кембриџ аналитика ги злоупотребила. Ако тоа не ни натера солзи на очите не знам што друго би било повод.
Пред неколку години била актуелна приказната дека Марк Закемберг би можел да се кандидира на следните избори, бидејќи би бил постар од 35 години. Ако во таа шпекулација има малку вистина, можеби бил поттикнат дека држи силно оружје во своите раце. Тој потврди дека тимот на Трамп го користел Фејсбук ама Закемберг напомена дека тоа го правел под услови кои тоа можеле да го прават и другите.
На сенаторите им напомена дека ќе ангажира 20 илјади лица да се грижат за безбдносните прашања а кога еден сенатор го притисна со прашањето што подразбира под она „безбедносни прашања“, Закемберг едноставно повтори дека неговиот тим ќе го разгледа тоа прашање и тој ќе се врати со одговор.
Не прецизираше дали ќе се врати на Капитол Хил или во Белата куќа.