Работите што се случуваат на меѓународната свена со воведувањето на тарифите на претседателот Трамп кон земјите во светот треба да се гледаат раздвоено од задачите на НАСТО, смета генералниот секретар на Алијансата

„Мислам дека зборуваме за две различни работи, треба да ги одвоиме и да не ги мешаме во дискусиите“, рече Руте по дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО.
Руте додаде дека најавените американски царини не се во спротивност со Северноатлантскиот договор.
„Порано имаше бројни различни ставови, царински спорови, а и тогаш немаше прекршување на членот 2 од Северноатлантскиот договор“, рече Руте.
Членот 2 од договорот за основање на НАТО предвидува дека земјите-членки „во нивните меѓународни економски политики ќе се стремат кон решавање на споровите и унапредување на економската соработка“.
Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО се одржа во сенка на одлуката на американската администрација да воведе царини за увоз од целиот свет, вклучително и од сојузничките земји.
Главните теми на средбата беа подготовката за претстојниот самит на Алијансата на крајот на јуни во Хаг, зголемувањето на трошоците за одбраната, на што инсистираат САД и континуираната поддршка за Украина.
Шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман по средбата изјави дека атмосферата е „добра, сојузничка и партнерска“, дека е потврдено дека НАТО останува кредибилен политичко-воен сојуз.
На средбата за прв пат учествуваше новиот американски државен секретар Марко Рубио.
„САД и новата администрација воведоа нова динамика меѓу сојузниците“, рече Грлиќ Радман.
На последната прес-конференција, генералниот секретар на НАТО Марк Руте ги потврди претходните одлуки на Алијансата дека Украина е „на неповратен пат кон НАТО“, но дека никогаш не било ветено дека членството во НАТО ќе биде дел од мировниот договор.
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој ги иницираше разговорите со Русија и Украина за прекин на огнот, на самиот почеток изјави дека членството на Украина во НАТО е исклучено.
На прашањето дали треба да се постави краен рок кога Русија треба да одговори на предлогот за прекин на огнот, Руте рече дека „топката сега е на теренот на Русија“.
„Американската администрација и претседателот Трамп ги започнаа работите од мртва точка, започнаа разговори. Сега топката е на теренот на Русија“, рече Руте, додавајќи дека не сака да се меша во тие разговори.
Тој рече дека е „импресиониран“ од начинот на кој Американците ги водат овие разговори и тоа што редовно ги информираат Украинците и европските сојузници за тоа што го прават.

Украина го прифати предлогот за безусловен прекин на огнот, додека Русија продолжува со нови услови.
Инаку в печаток е дека Си Џинпинг внимателно ја следи војната во Украина за да види кој е посилен, Русија или Западот. Ова не е само европски конфликт бидејќи Кина, Северна Кореја и Иран се вклучени и ги поддржуваат руските воени напори во Украина. Тоа е навистина глобално прашање.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одржа прес-конференција во Брисел и ја коментираше актуелната ситуација во Украина и потенцијалната закана од Русија за членките на НАТО.
На прашањето како може да се обезбеди мир во Украина, Руте рече дека „очигледно е дека во моментов нема мир во Украина, но токму тоа е проблемот и Американците се обидуваат да постигнат мир на начин кој е фер и траен. Потребно е да се постигнат услови така што Путин никогаш, никогаш повеќе нема да се обиде да добие еден квадратен километар или една квадратна милја од Украина во иднина“, рече тој.
На прашањето дали Кина стана закана за НАТО, а не само предизвик, Руте рече дека смета дека Кина се повеќе може да се гледа како закана, но дека на официјалниот јазик на НАТО тоа не се нарекува така.
„Но, кога ќе ја погледнете изградбата на воената индустриска база во Кина, кога ќе го погледнете фактот дека тие сега имаат повеќе бродови од НАТО што пловат, како и од САД, дека ќе имаат 1.000 нуклеарни боеви глави до 2030 година, апсолутно е јасно дека не можеме да бидеме наивни за Кина“, рече тој.
Во врска со Русија како закана, тој рече: „За целото НАТО, Русија е долгорочна закана, дури и ако оваа војна заврши. Да не бидеме наивни за Русија. Никој не е наивен кога е Русија во прашање. Но, кога станува збор за завршување на војната, мислам дека е важно Американците да се обидат да го направат тоа, тесно соработувајќи со Украинците, информирајќи ги и постојано ажурирајќи ги Европејците“.
„Ова не е само европски конфликт бидејќи Кина, Северна Кореја и Иран се вклучени и ги поддржуваат руските воени напори во Украина. Тоа е навистина глобално прашање и на крајот, како што реков претходно, има човек кој го гледа сето ова. Тоа е првиот секретар на Комунистичката партија на Кина, Кси Џинпинг. Тој сака да знае кој е посилен. Дали е тоа Запад или Русија? А ако е Русија, тоа ќе го поттикне да размисли што би можел да направи во неговиот регион, бидејќи има и некои територијални претензии кои можеби сака да ги задоволат“, додаде Руте.
Инаку Соединетите Американски Држави не планираат „ненадејно“ да се повлечат од европскиот континент и остануваат целосно посветени на Организацијата на Северноатлантскиот договор, изјави во четвртокот генералниот секретар на НАТО Марк Руте.

„Не се очекува дека тие наеднаш ќе го намалат своето присуство во Европа“, изјави тој пред новинарите непосредно пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел.
Тој, сепак, призна дека вниманието на Америка сега се префрла на Кина и другите земји и дека Европа мора да се подготви за тоа.
САД долго време бараат европските земји од НАТО и Канада да трошат повеќе за својата одбрана. Руте ги поздрави напорите кои веќе беа направени во изминатите неколку години, но потсети и дека треба да се направи повеќе.
Овој напор е „веројатно најголемото зголемување на трошоците за одбрана од европските земји на НАТО од крајот на Студената војна. Но, сè уште ни треба повеќе“, нагласи тој.