„Звукот на Ориентот“ е насловен концертот кој Марсел Калифе, либанскиот виртуоз на уд, композитор, пејач и уметник на УНЕСКО, кој настапи со оркестарот на Филхармонија и хорот „ПроАрс“. Диригент ќе беше неговиот сонародник маестро Лубнан Балбаки.
ЉУПЧО ЈОЛЕВСКИ
По една декада во која на сцените во земјава ги видовме и чувме неговата сопруга Јола ( на Етно фестивалот во Битола) и синот Башар кој оствари исклучително богата соработка со нашиот перкусионист Александар Петров, во Македонија повторно на гости ни дојде големиот Марсел Калифе. И повторно свиреше со ансамблот на Филхармонија, но овој пат наместо во МОБ, како во ноември 2012 ја свиреше „Арапска ноќ“ перформансот ќе биде во Големата сала на нашата национална институција. Концертот што се одржа беше насловен „Звукот на Ориентот“ и ја понуди сета раскош на музиката што ја твори овој исклучителен уметник, мајстор на инструментот и хуманист.
И, кога ова е веќе познато, ред е благо да ја прелистаме неговата богата биографија. Чисто за потсетување за каков калибар на творец се работи.
Марсел Калифе студирал уд (односно арапска лаута) на Националниот конзерваториум за музика во Бејрут и од тогаш, тој му вдахнува нов живот на овој специфичен инструмент.
Дотогаш традиционалното свирење на уд било ограничено од строгите изведувачки техники кои го одредувале начинот на изведба. Сепак, високо талентираните и надарени музичари како Марсел, се дрзнале да експериментираат и успеале да го ослободат инструментот од тие ограничувања а со тоа значително да ги прошират неговите изведувачки можности.
Во 1972 Калифе ја оформува првата своја музичка група во родниот Aмчит со цел да го оживее музичко наследство на арапската вокална хорска музика. Четири години подоцна под негово менторство се родил ансамблот АЛ МАЈАДИН. На крилјата на дотогашното искуство и смелоста да се исчекори понапред со овој состав Марсел го започнал своето професионално патување во непознатото. Гласот за АЛ МАЈАДИН се ширел многу брзо, па така Калифе и неговите придружници ја почнуваат долгата серија на концертни настапи и турнеи свирејќи во безмалку сите арапски земји, во Европа, САД, Канада, Јужна Америка, Австралија и во Јапонија.
Инаку, тој е автор на повеќе вокално – инструментални композиции, а неговото дуо за уд и контрабас, било наградено од престижната „Charles Cros Academy“ во Франција во 2017 година.
Она што е особено битно е што неговото творештво е исклучиво позитивно оценето не само од критиката во земјите од Средниот Исток, туку насекаде низ светот. Неговата креативност, иновативност, образовни и хуманитарни залагања, како и придонесот за промоција на културата и уметноста во Арапскиот свет се причина поради која добил бројни награди и признанија на меѓународно ниво.
Така по добивањето на националниот медал за култура и уметност од Палестина во 2001 година, Калифе со парите од наградата финансиски го помогнал Конзерваториум за музика Едвард Саид во оваа земја. Оттогаш, Конзерваториумот организира музички натпревар кој го носи неговото име и им доделува поддршка на младите надарени музичари, за нивно натамошно континуирано образование.
Згора на ова тој е добитник и на голем број други награди.
Така во 2005 година, поради неговите творешки достигнувања и хуманитарната работа, Марсел Калифе од УНЕСКО е назначен за Уметник за мирот.
Кон ова само уште и информацијата дека во 2008 година прочуениот уметник го основал и Катарскиот филхармониски оркестар, каде работи и денес како музички директор и резиденцијален композитор.
Од друга страна, роден во 1981 година во Бејрут, Лубнан Балбаки е најмладиот редовен диригент во Либанскиот филхармониски оркестар. Низ целиот свој живот, тој бил опкружен од уметници од блиското семејство: сликари и музичари, кои ја создале инспиративната атмосфера што помогнала да се изгради неговиот музички пат.
Неговиот професионален од започнал на Националниот конзерваториум за музика на Либан во Бејрут,каде ја изучувал виолината како инструмент. Неколку години подоцна посетувал додипломски студии по музикологија на Универзитетот „Свет Дух“ во Каслик (УСЕК). Во 2009 дипломирал на одделот оркестарско диригирање на Академијата за музика „Георге Дима“ под менторство на маестро Петре Шбарцеа во романскиот град Клуј-Напока, со нагласБалбаки магистрирал во 2011 година на одделот за оркестарско диригирање на Националниот универзитет за музика во Букурешт под менторство на д-р Хориа Андреску.
Во 2017, пак, ги започнал докторските студии каде тема на неговото истражување била „Психолошката врска помеѓу диригентот и оркестарот“ под менторство на д-р Дан Диу. Помеѓу 2018 и 2019 година Лубнан Балбаки се здобива со уште една диплома по оркестарско диригирање на Универзитетот за музика и уметности во Виена (Австрија) со професор Јоханес Вилднер како негов ментор.
Од 2009 до 2011 бил дел и од одделот за културен менаџмент на Националниот
Универзитет за музика во Букурешт со проф.д-р Луциа Континеску, а веќе наредната година учествувал на мастер -клас по културен менаџмент со поранешниот генерален секретар на „Виенската Опера“, Јоан Холендер.
Паралелно со своите студии, учествувал и на повеќе мастер класови по оркестарско диригирање со познати европски диригенти како Курт Мазур, Колин Метерс, Конрад вон Абел и Кристијан Бадеа. Во 2013 е назначен за редовен диригент на Либанскиот филхармониски оркестар и го основал Националниот младински оркестар. Диригирал со оркестри како Катарскиот филхармониски оркестар, Националниот радио оркестар на Букурешт, Филхармонискиот оркестар на Мексико Сити, Државниот симфониски оркестар на Истанбул, „The 5 the Mayo“ од Мексико, Филхармонискиот оркестар „Queretaro“ од Мексико, Државниот филхармониски оркестар од Трансилванија, Државниот филхармониски оркестар во Сибиу-Романија и „Тимисоара“, Националната Опера во Романија.
Иако диригирањето е неговиот примарен фокус, маестро Балбаки грижливо ги организира повеќето од неговите изведби и има блиска комуникација со луѓето инволвирани во неговите проекти, на сцената и надвор од неа. Откако ја започнал својата музичка кариера, Балбаки работи како музички советник и шеф диригент со Маџида ел Руми и Марсел Калифе..