Кој е студентот што го изврши масакрот на колеџот во Прага: Бил инспириран од масовни убиства од странство, гледајќи играни филмови. „Отсекогаш сум сакал да убивам“ – напишал на својот електронски дневник, непосредно прд да влезе во акција со легално набавен снајпер
Студентот Дејвид Козак е сторителот кој на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во Прага уби 14 луѓе и рани повеќе од 20, а се сомнева дека пред тој масакр го убил својот татко во селото Кладно. По масакрот на колеџот, Дејвид Козак се самоубил. Но тоа е според една верзија на наводни сведители – бил на покривот, си пукал во главата и паднал од голема височина. Полицијата тв рди дека користела оружје и стелата во него а дека после падот телото е тешко препознатливо.
Козак поседувал повеќе парчиња легално оружје, пишува чешкиот Иднес и додава дека по него била започната потрага непосредно пред масовното пукање на универзитетот, поради сомнение дека учествувал во убиството што се случи во сеото Хостоуни кај Кладно. Чешката полиција објави дека ја истражува поврзаноста на двата случаи, но Иднес тврди дека Давид Козак прво го убил својот татко, а потоа вооружен со снајпер се упатил кон универзитетот лоциран на прашкиот плоштад Јан Палах.
„Го видов како влегува во зградата на факултетот, се сретнавме на врата“, рече еден од студентите.
Давид Козак студирал историја на Филозофскиот факултет, а во мај за својата дипломска работа ја добил наградата „Марјан Шиковски“ која ја доделува Полскиот институт во Прага за трудови насочени кон полската историја.
Според Иднес, студентот кој го извршил масакрот имал психолошки проблеми. Од полицијата велат дека тој одел на предавањата, бидејќи бил на магистерски студии кои требало да се одржат на улицата Челетна, па не се знае зошто отишол во зградата на плоштадот Јан Палаха.
Давид Козак студирал историја на Филозофскиот факултет, а во мај за својата дипломска работа ја добил наградата „Марјан Шиковски“ која ја доделува Полскиот институт во Прага за трудови насочени кон полската историја.
Полицијата потврди дека Козак објавил пораки на социјалните мрежи во кои сугерирал дека планира масовно убиство, а началникот на полицијата Мартин Вондрашек рекол дека е „инспириран од слични ужасни настани од странство“.
Началникот на полицијата Мартин Вондрашек на прес-конференција рече дека наводите „кои во моментов се многу реални“, дека напаѓачот од Филозофскиот факултет е одговорен и за две жртви од крајот на минатата недела во Клановице, што се истражува многу сериозно, пренесува чешкиот портал.Новаци.
Минатата недела, на 15 декември, 32-годишен маж и неговата двомесечна ќерка беа застрелани од непознато лице во Клановице, но полицијата се уште не го пронајде одговорниот за двојното убиство.
Подоцна, доста после масакрот шефот на прашката полиција рече дека инспирација за масовниот убиец е инспириран од конкретен настан што се случил во рускиот град Ижевск, лани на 17 септември каде едно лице убило 17 лица а многу други ранило. Убиецот се викал Артем Казанцев, имал 34 години а крвавиот пир се случил во учиилиштетот број 88 во кое тој некогаш учел! Убиецот потоа извршил самоубиство. Оружјето го поседувал легално!
Инаку е најголем масовен злостор во Чешка од промена на системот. Постои напад што го извршило без причина еден маж во болница во градот Острова убил 4 мажи и две жени што како пациенти чекале во чекалната. По овој настан од декември 2019 година тој се самоубил. Настанот не е расчистен за да се објасни мотивот.