Институцијата функционира со капацитет од 50 отсто, алармира актуелниот министер
Фондот за пензинзиско и инвалидско осигуривање (ПИОМ) се соочува со над 400 тужби од вработени поради нивни претходни прераспределувања на несоодветни работни позиции во институцијата. Поднесени се и кривични пријави против претходни директори. Ова денеска го соопшти Никола Мемов, директорот на ПИОМ на платформата „100 % посветени на тебе“ посветена на ресорите социјала и здрваство одржана во Владата, посочувајќи дека институцијата функционира со 50 отсто од капацитетот, или со 491 вработен од 950 планирани работни места.
Никола Мемов, директорот на ПИОМ на платформата „100 % посветени на тебе“ / Фото: Принтскрин
„Во последните 15 години ПИОМ е целосно узурпиран, деградиран и се наоѓа во катастрофална состојба од неколку аспекти. Има и кадровски дисбаланс. Фалијалите во западна Македонија се над 90 отсто пополнети со кадар, а во Битола, Прилеп, Велес, Струга, Штип, Струмица, Гевгелија има помалку од потребниот број на вработени потребни за минимум функционирање на филијалите“,рече тој.
Посочи дека во ПИОМ се спроведувал и проект за фотонапонска централа вредна 200 илјади евра без претходно да се оебзбеди лиценца за продажба на струјата, за што кога стапил на функцијата, веднаш дал наредба да се стошпира.
Фондот, како што рече има две одновни функции, како редовна и навремена исплата на пензиите и обезбедување на правата од пензиско осигуривање на сите корисници.
„Морам да констатирам дека имаме беспрекорно функционирање во однос на исплата на пензиите, но кај обезбедувањето на правата имаме целосно друга слика“,
рече тој.
Според него, институцијата финансиски е како и другите институции, односно дека до крајот на годината остануваат без средства.
Најави модернизација и трансформација на ПИОМ во насока на поголема транспарентност, а ќе работат на тоа секој што ќе поднесе барањее за пензија, да ја добие во рок од 30 дена.
„Само за октомври, од 1 893 барања заостанати од претходните месеци, решени се 2 566 предмети. а активни остануваат уште 2 500 барања“,вели Мемов.
Буџетот на институцијата е 135 милиони денари или 2,2 милијарда евра од кои 1,7 милијарди се за исплата на пензиите, 180 милиони евра се планирани трансфери по основ на здравствено осигуривање на пензионерите и околу 250 милиони евра трансфери во Вториот пензиски фонд.
Актуелниот директор Мемов е кадар на ЗНАМ – претходно беше нивен портпарол.
Мемов најави достапност на сите услуги преку веб-сервис, во цел да се смени тоа што секој лично мора да дојде во Фондот за да извади листинг за стаж.