Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МАСОВНО ЗАТВОРАЊЕ НА ТЕКСТИЛНИ ФАБРИКИ

October 7, 2025 Filed Under: Македонија

Не може да се говори дека било што во врска со овие слупчаи треба да не изненадува. Најмалку негрижата на одговорните кои на странските инвеститори им дозволуваат да се извлечат од обврските што произлегуваат од нивниот влез на нашиот пазар на трудот

ТЕШКА ЗАРАБОТУВАЧКА ШТО ЧЕСТО ЈА СНЕМУВА Платите во гранката се најниски а нивното неисплатување е најчесто во земјата

Јавноста веројатно може да си дозволи да биде изненадена како се случи пред една недела да ги затв ори протите и четвртата текстилна фабрика во земјава за кус период. Сите фабрики остануваат без газди со странски псоши кои просто исчезнуваат без да си ги завршат обврските кои се нормални во било која правна држава. Затворањето на „Мода ејкслузив“ од Штип заврши најнапред без било какво објаснување на работодавачите, просто преку ноќ, но со неисплатени плати за вработените и тоа со  месеци наназад!

Кристина Ампева од Здружението за заштита на работничките права „Гласен текстилец“ вели дека последната фабрика што се затвори е холандско-македонска и имала 30 вработени. Се работи за фабрики кои одат далеку на источните пазари на трудот каде цента на работната рака е уште помала од нашите. Таа најави дека наскоро е можно и уште едно затворање во фирма со турки сопственици.

За затворањето на „Мода експлузив“ нема никакво ивестување или какво било објаснување од работодавачите, па вработените исплашени за својата егзистенција и за неисплатенате плати и повеќе други принадлежности што законски им следуваат, соопштија дека и тие од денеска се без никакви придонеси и без никакви работнички права.

При крајот на август се затвори и конфекцијата „Елит фешн“ чии газди се од странство, па работниците враќајќи се од колективниот годишен одмор се соочиле со ситуација кога остануваат без егзистенција!

Според Ампева тие како синдикат редовно ги алармираат државните институции и надлежните органи и тела: трудовата инспекција, УЈП, надлежни министерства и ресори.

Звучи како парадокс што за тие прашања ќе се одлучува на 9-та Текстилијада, место за тоа расправа Комората и секако Владата преку Министерството за економија, ама и Министерството за труд и социјала.

Бидејќи текстилниот сектор е втор најголем индустриски сектор во земјата по металургијата. Вработува 36.000 луѓе или околу една четвртина осд работените во производствените индустрии. Таа дава 2,4% од БДП и 17% од индустрискиот БДП. Осумстотини компании во текстилната индустрија се активно вклучени во различно ниво на производство.

Главните карактеристики на македонската текстилна и конфекциска индустрија се: фокус и ориентација кон клиентот, достапност на искусна работна сила, флексибилност за брзо реагирање по барање на клиентот, краток временски период од нарачки до испорака, можност за производство на мали нарачки на исти цени како големите порачки (поголема продуктивност), долгогодишните деловни односи со партнери од светска класа и искуството за работа за добро познатите меѓународни брендови, обележан квалитет за производство на облека и добри услуги за транспорт и логистика.

Да додадеме дека тоа е гранка каде инветиторите од ндвор во ова индустрија се меѓу поголемите измамници во економијата кај нас. А не дека немаат конкуренција…

Filed Under: Македонија

ТРЕНЧЕВСКА: БУЏЕТОТ ЗА ГОДИНАВА Е ИНДИКАТОР ДЕКА ЌЕ ИМА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ
И ЛАНИ ПИШУВАЧИТЕ НА РОМАНИ БЕА АКТИВНИ
НЕУСПЕШНИОТ „САМИТ“  ВО КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ АКТИВИРА ОБВИНИТЕЛСКИ АМБИЦИИ КАЈ ВЛАСТА
ЦРНА ПРОГНОЗА АКО САД ГО ЗАЗЕМАТ ГРЕНЛАНД
ЕВРОПСКИ ОСКАР: ГЛАВНИТЕ НАГРАДИ ЗА НОРВЕШКИ ФИЛМ

Најново

  • ТРЕНЧЕВСКА: БУЏЕТОТ ЗА ГОДИНАВА Е ИНДИКАТОР ДЕКА ЌЕ ИМА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ
  • И ЛАНИ ПИШУВАЧИТЕ НА РОМАНИ БЕА АКТИВНИ
  • НЕУСПЕШНИОТ „САМИТ“ ВО КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ АКТИВИРА ОБВИНИТЕЛСКИ АМБИЦИИ КАЈ ВЛАСТА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet