Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МАС: НЕМА ВЕЌЕ НИКАКВИ ПРЕЧКИ ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

September 16, 2019 Filed Under: Македонија

Шефовите на германската и македонската дипломатија од Берлин порачаа дека се исполнети сите предуслови и барања за Северна Македонија да ги започне преговорите со ЕУ. Според Мас, за Скопје нема веќе никакви пречки

МАС И ДИМИТРОВ Оптимистичка порака од Берлин

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас не гледа веќе никакви пречки за Северна Македонија да ги започне преговорите за членство со ЕУ. Мас денеска во Берлин разговараше со македонскиот колега Никола Димитров околу надежите на Скопје дека по 10 позитивни препораки, конечно, ќе може да ги почне пристапните преговори. Мислењето на германскиот министер е позитивно, и како што најави, Мас ќе се залага за почеток на преговорите и „ќе лобира за тоа во германскиот Бундестаг“.

„Не гледам воопшто никакви пречки за почеток на преговорите со Северна Македонија. Она што беше сторено во реформскиот процес е забележително. Предусловите за почеток на преговорите се исполнети и затоа се залагаме за нивно започнување – како во Бундестагот, така и кај нашите партнери во ЕУ“, рече Мас.

Министерот Димитров вели дека по посетите на Париз, Брисел и Берлин неделава, во Скопје се враќа со оптимизам за позитивен сигнал во октомври иако потенцира дека „не можеме да се опуштиме“. Потсетувајќи на десетте позитивни извештаи од ЕК за почеток на преговорите, Димитров ја окарактеризира годинава како „историска за македонскиот народ и другите заедници кои живеат во земјата“.

„Голем е влогот за земјата, за регионот, но и за ЕУ од она што ќе се случува во октомври“, вели Димитров.

Германскиот парламент во јуни годинава ја одложи расправата по извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија и Албанија. Се очекува дебатата да се одржи до крајот на овој, или почетокот на следниот месец. Според најавите, Северна Македонија ќе добие зелено светло од мнозинството во Бундестагот.

Мас денеска им честиташе на, како што рече, „северномакедонците и северномакедонките“ на очекуваниот влез во НАТО, и уште еднаш ги пофали Скопје и Атина за напорите во постигнувањето на Преспанскиот договор. По прес-конференцијата, од германското МНР се извинија поради лапсусот на Мас. Оттаму велат дека била сторена ненамерна грешка и потенцираат дека „министерот Мас во целост стои зад Преспанскиот договор и сите договорени аспекти во него“.

„За нас е јасно дека Северна Македонија цврсто припаѓа кон Европа. Имаме голем заеднички интерес за стабилен и натамошен развој на вашата земја и на регионот и затоа и понатаму со сите сили ќе ги поддржуваме вашите напори“, рече Мас.

Димитров во Берлин денеска и утре одржува серија разговори на оваа тема со пратеници во Бундестагот и со високи функционери во кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел.

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet