Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МАТИС БЕШЕ ГОЛЕМ ПРИЈАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

December 25, 2018 Filed Under: Македонија

Не се очекуваат драматични промени во балканската стратегија на САД, иако несомнено дека Трамп бара поголем верник меѓу генералите кон себе

СРЕДБА Шеќеринска на средба со Матис во Вашингтон

Претседателот Доналд Трамп викендот објави дека ќе го замени секретарот за одбрана Џејмс Матис веднаш после Новата година, два месеци порано од планираното заминување на државниот секретар за одбана.

– Со задоволство можам да објавам дека нашиот многу талентиран заменик-секретар за одбрана, Патрик Шанахан, ќе ја преземе титулата на в.д. секретар за одбрана почнувајќи од 1 јануари 2019 година. Патрик има долга листа на достигнувања како заменик и претходно во Боинг. Ќе биде одличен!, напиша Трамп на Твитер.

Матис во четвртокот ја објави својата оставка со писмо во кое се вели дека неговите ставови не се усогласени со Трамповите и најави дека ќе се пензионира кон крајот на февруари. Извор близок до Белата куќа рече дека Трамп бил лут поради вниманието што го предзвика оставката на Матис и затоа го принудува да замине порано од првично планираното.

Портпаролот на Пентагон, полковникот Роб Менинг по тој повод изјави дека „секретарот за одбрана му служи на претседателот. Одделот останува фокусиран на националната безбедност”.

Објавата за пензионирање во Матис во четвртокот предвика реакции во Вашингтон, вклучувајќи ги и од клучните републиканци, кои изразија загриженост од промената во раководството во Пентагон. Најавата за оставка уследи по одлуката на Трамп за целосно повлекување на војниците  од Сирија и разгледување на можноста за повлекување во Авганистан. Всушност, се работи веројатно за договор за меѓусебни отстапки меѓу Трамп и Ердоган – САД ги извисуваат своите најверни сојузници на Блискиот Исток – Курдите, кои сега ќе бидат изложени на жестоки напади од турската армија! За возврат Ердоган купува оружје од Американците, место од други добавуавчи. На малите екрани видовме и коментари дека Матис не се согласува со заканите на американскиот петседател кон Европа во врска со судбината на НАТО.

Шанахан, кој според Трамп привремено ќе го замени Матис, беше избран за негов заменик минатата година, поради што дојде до судир со сега покојниот сенатор Џон Меккејн.

Некои колеги по овој повод пишуваат за „благо разочарување во Скопје“, бидејќи со Матис постоеја интензивни контакти. Шефот на Пентагон, Џејмс Матис, кој допатува во Скопје пред референдумот, се потсетуваме сега од днмевните гласила, симболично да аплаудира за, како што рече, неуморните напори да се постигне историскиот договор со Грција, е последно на богатата листа имиња кои ја напуштаат администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Но како што коментираат светските медиуми, веројатно тоа е најважното и со најголемо влијание досега.

ПОГЛЕД ШТО МНОГУ КАЖУВА Може ли некој во Белата куќа да ја истпи тортурата на шефот – Трамп и Матис

Матис во мај годинава ѝ беше домаќин во Пентагон на министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Тој даде јасна поддршка за референдумот за прашањето за името, но изрази и загриженост поради можното мешање на Москва во процесот.

„Ќе одам да ги посетам нашите македонски пријатели и јасно ќе ставам до знаење дека САД го поддржуваат македонскиот народ“, рече Матис пред доаѓањето во Скопје.

Матис несомнено беше еден од неколкуте симболи, неколку места на сила и безбедност во администрацијата на Трамп. Или како што напишаа дел од американските медиуми, еден од последните „возрасни личности во собата“.

Во македонските дипломатски кругови веста за заминувањето е пречекана со одредена доза на разочарување.

ТРГОВИЈА Ердоган доби одврзани раце кон Курдите откако испазари оружје во Вашингтон

„Матис (68) е дел од т.н. стара гарда – генерал маринец со четири ѕвездички и четириесет години кариера. Трамп во една прилика рече дека Матис, кој е познат и под прекарот ‘бесен пес’, е многу мек и дека е наклонет кон демократите. Тоа обвинување дека тој е продемократ практично беше ‘смртна пресуда’ во редовите на републиканците. Огромен е контрастот меѓу Трамп и Матис. Тие се судрија околу трансатлантската алијанса. Заложбите на Матис се темелеа врз трансатлантско партнерство преку НАТО во кое секако е вклучено европското сојузништво. Трамп не верува во тоа. НАТО и Европа не се неговите приоритети. Неговата политика е ‘трансакциска политика’ – што добива и што губи. Фокусот целосно му е завртен кон Кина“, вели во разговор за „Независен“ искусен дипломат.

Пораките на Трамп до европските сојузници, според него, имале заканувачка интонација: учествувајте со повеќе финансиски средства, во спротивно водете си самите сметка за безбедноста.

ПОСЛЕДНИОТ ВОЗРАСЕН Еден американски весник напиша дека Матис бил последниот возрасен човек во Овалниот кабинет

За време на претседателската кампања, Трамп еднаш го нарече НАТО „застарено“. „Токму на овој план контрастот со Матис не може да биде поголем. Кариерата на Матис вклучуваше и раководење со командата на НАТО-алијансата, која за него беше круцијална и тој редовно ја искажуваше својата поддршка за европските сојузници“, вели нашиот соговорник.

Иако не може стопроцентно да тврди, сепак, како што вели, проценките се дека Македонија нема да трпи посериозни последици во однос на политиката на проширувањето, од причини што САД имаат цврста стратегија да ја притиснат Русија кон истокот.

„Важно е, сепак, да се види кој ќе биде наследникот на Матис. Досега Трамп беше опкружен со неколку соработници кои ги омекнуваа неговите ставови, убедувајќи го дека алијансата е децениска стратегија која не смее да доживува силни деконструкции во својот основен концепт“, вели неименуваниот македонски дипломат за „Независен“.

 

Filed Under: Македонија

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОДБИ ДА ГОНИ 40 ЛИЦА ЗА НАПАДОТ ВРЗ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО 1999 ГОДИНА
МАТНИ ЗДЕЛКИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА
И РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ГО КРИТИКУВААТ ТРАМП
СЕРГЕЈ ЛОЗНИЦА: ПУТИН И СТАЛИН СЕ РАЗЛИЧНИ, АМА ИМААТ ИСТА МОЌ И СИСТЕМ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ
СКОПЈЕ, ТАГАТА ЌЕ СЕ ВИКА СО ТВОЕТО ИМЕ (1)

Најново

  • ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОДБИ ДА ГОНИ 40 ЛИЦА ЗА НАПАДОТ ВРЗ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО 1999 ГОДИНА
  • МАТНИ ЗДЕЛКИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА
  • И РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ГО КРИТИКУВААТ ТРАМП

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet