Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МАТИС: МУ АПЛАУДИРАМ НА ОТПОРОТ НА МАКЕДОНИЈА НА РУСКОТО МАЛИГНО ВЛИЈАНИЕ НА БАЛКАНОТ

May 8, 2018 Filed Under: Македонија

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис ја пофали Македонија за отпорот кон руското влијание на Балканот на денешната официјална средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска  во Пентагон

НА НАЈВИСОКО НИВО Македонија стои цврсто на страната на цивилизираните земји и меѓународното право и рече Матис на гостинката Шеќеринска

„Денешната безбедносна состојба бара дух на пријателство меѓу сите оние кои се залагаат за слобода, основни човекови права и владеење на правото. Морам да му аплаудирам на отпорот на Македонија на руското малигно влијание на Балканот и се радувам на вашето постојано лидерство за пример во овој регион. Протерувањето на рускиот дипломат по нападот со хемиско оружје во Салисбери покажува дека Македонија стои цврсто на страната на цивилизираните земји и меѓународното право“, рече Матис.

Министерката Шекеринска се заблагодари за цврстата поддршка што Македонија ја добива од САД и потсети на силниот консензус во државата од нејзиното осамостојување, за членство во НАТО.

„Дозволете ми да ве уверам дека Македонија е подготвена за членство во НАТО.  Ние брзо се опоравивме од долгата политичка криза и по еден силен реформски залет, на нас се гледа како на извор на надеж на Балканот. Дозволете ми да ја побарам вашата поддршка како стратешки партнер на нашето членство во НАТО. Поканата за Македонија во јули годинава ќе нè поддржи во нашата стратешка цел, ќе му помогне на регионот во градењето на долготрајна стабилност и ќе ги зголеми влијанието и подготвеноста на САД и НАТО“, рече Шекеринска.

Матис рече дека САД ги  цени напорите на Македонија.

„Тие ја афирмираат одлукатa на НАТО во Букурешт во 2008, Македонија да добие покана за членство веднаш штом ќе се постигне заеднички прифатливо решение на прашањето за името со Грција. Ја поздравуваме вашата работа со Грција на разрешувањето на ова прашање и се надевам дека наскоро ќе има резултати. Не сакаме да ве видиме запрени пред вратите на НАТО“, рече Матис.

Ова е прва средба на министри за одбрана на Македонија и САД по 6 години, а се одржа на два месеци пред Самитот на НАТО во јули во Брисел.

Македонија не зборува само за проблемите и реформите, туку таа ги реализира. Потврда за тоа дојде од извештајот на Фридом хаус, но и од најновата препорака за почеток на преговорите со ЕУ“. Вака министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја отвори презентацијата во Атланскиот совет во Вашингтон, додавајќи цитат од документот на Фридом хаус каде стои дека Македонија е мала земја, но со големи можности.

КРИЗАТА Е ЗАД НАС МИнистерката Шеќеринска ги убедуваше домаќините дека нашата внатрешна криза е зад нас

Пред главно американска публика Шекеринска потсети на настаните во Собранието пред точно една година – датум за кој рече дека ќе се памети поврзан со недемократската влада која денес е минато.

Кризата е зад нас, проблемите се` уште се таму. Она за што сакам да разговарам со вас, е дека процесот не е готов, има уште многу работа, заедно од двете страни, ние и нашите стратешки партнери, како тоа ќе се рефлектира на глобалната безбедност и како случајот со Македонија ќе ја покаже тенденцијата на малите демократии во однос на нивната посветеност на либералните вредности, посебно во проблематичен регион како што е Балканот“, рече министерката.

Покрај изнаоѓање решение за името со јужниот сосед, Македонија се очекува безусловно да ги исполни и стандардите на НАТО, коишто бараат политичката стабилност во државата, поддршка од населението, контрола врз руското влијание и модернизација на армија со соодветен буџет за потребите на Министерството на кое таа е на чело.

МАКЕДОНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА Ова е македонската делегација која подолго време претстојува во Вашингтон

„Новата влада на Македонија Буџетот во 2018-та година го зголеми за 15 проценти и превземавме обврска секоја следна година, зголемувањето да биде 0,2 процентни поени од БДП, со цел да го достигнеме тарргетот од 2 процента, дури пред одредени членки на НАТО“, додаде Шекеринска.

Министерката за одбрана најави дека на 1-ви мај во Вашингтон ќе има официјална средба со американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис, на која, рече ќе биде потврдено стратешкото партнерство помеѓу Република Македонија и САД. Според неа, тајмингот на средбата е значаен, бидејќи се случува во пресрет на самитот на НАТО во јули.

Во рамките на посетата на министерката на САД, предвидени се и средби во американскиот Стејт департмент и Конгресот.

Шекеринска од Вашингтон заминува за сојузната држава Вермонт, каде ќе се сретне со командантот на тамошната Националната гарда, генерал-мајорот Стивен Креј. Македонската армија соработува со Националната гарда на Вермонт за унапредување на реформите и натамошен развој на оружените сили.

 

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet