РУДИ ЛАЗАРЕВСКИ
Очигледно, поважни се формални матурски цертификати отколку суштинските што значат нивен старт ап во животот. Ова се вика corrupted mindset, за кое имам многу пати пишувано . Или преведено, корумпиран начин на размислување
Многу интересно. Децава штрајкуваат и бојкотираат, не сакале полагање матура. Или како компромисно решение, да полагале само два предмета. Музичко и Физичко. И да матурираат. Би било чудо во пакетот на предмети да бараат да биде вклучена на пример, информатичката технологија или основите на вештачката интелигенција. Очигледно, поважни се формални матурски цертификати отколку суштинските што значат нивен старт ап во животот.
Ова се вика corrupted mindset, за кое имам многу пати пишувано . Или преведено, корумпиран начин на размислување. А тоа е најлошиот облик на корупција во една минијатурна држава. Уште имам верба дека тука не почнува крајот на државата.
Се сетив на студентските протести за време на шарената револуција. Студентиве излегоа со полу шарениве свртеа два три круга и си завршија работа. И никогаш не се јавија повторно. А потоа следуваа изблици на љубов, паѓање во нествест и останато на вечитиве “шарени”интелектуални инфлуенсери во државичкава, воскликнувајќи, ете и студентите излегоа против режимот! А студентиве само си го искористија моментот да си обезбедат лесен живот и понатаму.
Тоа само покажува дека корумпираниот начин на размислување е во корените на оваа држава. Една наша пријателка, на искршен македонски велеше, Не деца! Родитељи на психијатар!!
Се сетив на една изјава на мајка ми, нека почива во мир, која за време на студентските протести рече: Што ги малтретираат децава!? Нека формираат комисија и нека им поделат дипломи! Зар не гледаат дека се е отидено у к….!
Од оваа дистанца, можеби и била во право. Дајте им да полагаат матура само Физичко и Музичко, па ко ќе дојде време, ќе чистат клозети во Германија и ќе имаат причина да ја пцујат државава дека ги избркала и ништо не им дала.
Во фамилијава деновиве слушнав дека внукот- прво оделение ќе има час посветен на Кристифор Колумбо. Да повторам, прво оделение. Паралелен свет. Кој ќе биде во право не можам да предвидам. Дали овие со основите на вештачката интелигенција или овие со музичко и физичко.