Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МАШНИЧКАТА НЕ ОДИ СО „КОРОНА НОЖИЧКИ“

June 16, 2020 Filed Under: Македонија

Корона-кризата го одложи отворањето на граничниот премин Маркова Нога – Герман. До кога? До октомври?! Преминот е затворен 52 години

ДОЛНО ДУПЕНИ Ова село се доживува како крај на светот

Поради пандемијата на коронавирус беа одложени средбите меѓу македонски и грчки претставници за отворање на граничниот премин Макова Нога – Герман во Преспа. Преминот е затворен 52 години, а неговото отворање беше најавено при потпишувањето на Преспанскиот договор за промена на името.

Корона кризата одложи дел од средбите кои се водеа меѓу претставници на Министерствата за надворешни работи на Македонија и Грција за активностите за отворање на граничниот премин Маркова Нога – Герман на македонско – грчката граница во Преспа, вели министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Дополнителни средби се договорени за октомври.

Дел од разговорите кои ги водеше МНР со грчкото Министерство за надворешни работи беа во насока на интензивирање на тие средби, но токму поради здравствената криза тие средби беа одложени. Не би шпекулирал со термин кога ќе се отвори, но мислам во брз период. Се работи на решавање на тој проблем и да се направи добра работа нашите две држави поинтензивно да соработуваат, но и на тие луѓе кои живеат во тие предели да им овозможиме да го користат тој граничен премин“, рече Сугарески.

КАРТА НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕДЕЛ Од картата се гледа дека проспериттот на предлеот е на дофат

Во меѓувреме, од двете страни на границата течат градежни работи.

„Свлечиштето на регионалниот пат Макази – Маркова Нога од македонска страна се санира. Ќе се зголеми сериозно безбедноста на возачите, граѓаните и сите туристи кои минуваат од таму. Од грчка страна има тампонирање на патот. Во октомври треба да има дополнителни средби, согласно програмата за прекугранична соработка од каде ќе биде финансиран преминот, да биде ставен во функција“, додаде Сугарески.

Уште лани во октомври беше најавено дека ќе биде вложена поголема сума пари за отворање на граничниот премин Маркова Нога – Герман, како и за развој на Преспанскиот Регион каде беше потпишан Преспанскиот договор. Обезбедени беа 4,5 милиони евра за отворање на преминот, а преку ЕУ фондовите до крајот на 2020 година предвидени се дури 45,5 милиони евра за прекугранична соработка на општини од двете страни на границата.

Рампата на овој граничен премин е спуштена 52 години. Преминот Маркова Нога – Герман некогаш се минувал само со лична карта, но во 1968 година беше затворен и досега не проработи. Жителите се во исчекување да биде отворен и да донесе туристички развој на Преспа од двете страни на границата.

ТУКА ЗАД КРИВИНАТА Граничната линија е вднаш зад аголот

Отворањето на преминот би значело економски развој. Ова овде е мртва точка, како крај на светот. Право не се оди, само назад. Бидејќи жителите од селата претежно си заминаа, барајќи работа во Скопје, можеби ако туристички се развие местото ќе се вратат и ќе работат

тука. Последното село на македонска страна, Долно Дупени имаше 700 жители, а денес 120. Имаме училиште со тројца ученици. Најблиското село од другата страна е Раби, на 2 километри. Но, за да одиме таму ние мора да вртиме околу од кај друг граничен премин Меџитлија дури 100 километри“, вели Зоран Димовски, сопственик на продавница во Долно Дупени.

„Да се отвори во интерес е на сите, ќе има поголема фреквенција на движење, промет, селата изумреа од оваа страна, сите се иселуваа“, рече Леко Митревски.

Во Преспа пред две години беше потпишан Преспанскиот договор со што се стави крај на долгогодишниот спор за името со Грција.

(Радио Слободн Европ – опремата е на Глобус)

 

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet