Охгромен успех на нашите автори – со ова дело ќе се отвори престижната програма „Хоризонти“

Во ова издание на „Имаме неколку прашања за вас“ ги „собравме“ најважните поенти од прес конференцијата за филмот „Мајка“ на Теона Стругар Митевска, којашто кој ќе ја отвори престижната селекција „Хоризонти“ на годинешниот 81. Венецијански филмски фестивал, веќе е распродаден за кино дистрибуција во над 15 европски земји, вклучувајќи ги Франција, Германија, Италија, Шпанија, Данска, Шведска, Норвешка, Полска, Чешка, Финска, Белгија.
„Мајка“ ќе се натпреварува во повеќе категории во Венеција, вклучувајќи: најдобар филм, режија, сценарио и актерски остварувања. Премиерата на 28 август е само почеток на неговото европско и светско фестивалско патување.
За македонската публика, „Мајка“ ќе биде премиерно прикажан на 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, што ќе се одржи од 20 до 26 септември во Битола.
На прес конференцијата говореа Теона Стругар Митевска, режисерка на „Мајка“, Лабина Митевска, продуцентка на филмот, Гоце Смилевски, којшто го напиша сценариото и Сашко Мицевски, директор на Агенцијата за филм, и ова е изборот од нивните настапи пред новинарите што ги спакувавме во „Имаме неколку прашања за вас“.
Како се роди се роди и како зрееше идејата за филмот „Мајка“ на Теона Стругар Митевска и на Лабина Митевска?
Лабина Митевска: „Мајка“ е амбициозен проект кој ние го започнавме пред седумнаесет години, а благодарение, морам тука да спомнам на Македонската национална телевизија која тогаш ни понуди на мене и на Теона да правиме документарен филм за Мајка Тереза.
И тогаш малце наивно прифативме тоа да го направиме, незнаејќи колку во суштина е тешко да се дојде до вистински информации за Мајка Тереза.
Бидејќи кога го правевме тогаш истражувањето, сфативме дека сè се легенди останати за неа, а дека само има околу, тогаш беа четири сестри кои имаа по веќе осумдесет години, коишто можат директните приказни да ги кажат за неа. Кои ја започнале со неа Missionaries of Charity (Мисионерки на милосрдието). И тогаш ја наивно мислев, океј, им кажав на македонската телевизија, они ни дадоа сосема отворени раце, и им реков, но ние сакаме да снимаме во Индија. Они ни рекоа во ред, снимајте во Индија. Но, кога чукнав на вратата на Мишенери оф Черити, тогаш замислете, тоа се сестри коишто немаат интернет, ни ден-денес.
Сè се случува преку факс кореспонденција. Јас со нив осум месеци преговарав да нè пуштаат да снимаме, незнаејќи дека петнаесет години они новинар немаат пуштено во ниедна од нивните куќи.
Ниту имаат дадено интервју, поради контроверзијата која пред петнаесет години си има се случено со документарецот од БИБИСИ, каде што многу контроверзни факти тогаш излегоа за Мајка Тереза. Поради тоа што сме од Македонија, што им рековме дека ќе бидеме само четворица, снимателката, Теона, јас и Вук, не пуштија, но ни рекоа имате саат време. Ние рековме, ние кога ќе влеземе, не можеме да се распакуваме за еден час време, а камоли да снимаме. Како отидовме, како го направивме првиот контакт, но нè пуштија. Нè пуштија затоа што им објаснивме дека тие сестри набрзо ќе си отидат и дека нема да им остане ништо од фактите за Мајка Тереза.
Им рековме, ние сето тоа ќе го снимаме, сите интервјуа ќе ги снимаме и ќе ви го дадеме вас во архива, вие ќе имате архива, ние ќе направиме документарец, и тогаш се сложија. Отидовме таму и одедна сите врати ни се отворија.

Гоце Смилевски прво рече „Не“, на поканата на сестрите Митевски да го пишува сценариото за „Мајка“. Еве зошто се премисли?
Чекај, рекоа тие, ама зошто не? Затоа што со години не разговаравме дека би соработувале. А реков, премногу е дефинирана како лик, ааа, премногу и мит има околу неа, премногу контроверза. Не би можел, не е тоа лик што би можел јас да го работам, едноставно, не.
Тие ми рекоа сепак ќе го работиш. Имаш слобода да почнеме заедно и како сакаш да биде ликот. Она што беше, нели, мој, не можам да кажам услов, бидејќи тоа е пријателско однесување и комуницирање.
Она што го побарав беше да имам комплетна слобода во однос на креација на ликот, избор на време, што ќе биде. И она што мислев дека е многу важно е целото дејствие, да… Сега не знам колку може да се открива… Да се збие во оние неколку дена кога таа решава да излезе од манастирот, да тргне на улиците на Калкута и да ја покрене својата мисија.
Нормално, мораа да бидат нужни поместувања во она што е факт. И во тоа кондензирање на времето таа жена која сепак е различна од реалната Мајка Тереза, има еден херојски момент каде што таа сепак се спротивставува на Ватикан, на очекувањето, дефинитивно сама презема една апсолутна иницијатива во сето тоа.
Времето е многу интересно, бидејќи таа четириесет и осма година се случува огромна трагедија, се случува нешто се нарекува „Индиан партишн“, односно поделбата на Хиндустан, на Индија и Пакистан, кога има милиони и милиони бегалци од едната територија во другата.
И мислам дека тоа е драматичниот момент кој е многу силен. Внесов еден лик кој не постои, кој го планирав за Лабина да го игра, меѓутоа бидејќи поминаа десет години откако е напишано сценариото, тоа времето…
Лабина Митевска: Ја остарев…
Смилевски: Не остаре, меѓутоа мало поместување и дојде времето…
Лабина Митевска: И ми ја одзема улогата, тоа е…
Смилевски: Не, не, не, не, не, не, така не. И мислам дека имавме една одлична соработка, понатака и Теона Митевска и Мата Таргич таа првичната замисла ја внесоа во некои нови филмски видувања и мислам дека за мене беше огромно искуство да го видам и самото снимање на филмот.
(racin.mk)