Јасно е дека како сума сумарум во случајот од неделата вечер, поврзан со примената на сила врз новинарот Салиу првиот полицаец си пукаше во нога! И тоа на почетокот на изборните кампањи
Во неделата вечер силно се вжешти атмосферата во земјата. На фудбалски натпревар од ранг на висок ризик реагирал заради апсење на погрешна личност, Фуркан Салиу од порталот „Икс“ ги снимал настаните.а потоа – за тоа има снимки – бил нападнат од повеќе специјалци, бил соборен на земја како да е врвен терорист и одведен во полициска станица. Под притисок на новинарските и други организации, тој беше оуштен. Министерот Тошкоски, кој е адвокат (!) има направено неколку фаули при интервенцијата и приведувањето а пушти и некиои невистини и полувистини.
Најпрво ЦИВИЛ најостро го осуди полициската бруталност врз новинарот Фуркан Салиу, бараше ослободување и истрага за кршење на човековите права
ЦИВИЛ најостро ја осудува полициската бруталност врз новинарот Фуркан Салиу, при неговото апсење за време на фудбалски натпревар во Коњаре, кумановско.
Според извор на ЦИВИЛ, очевидец на настанот, новинарот Фуркан Салиу реагирал вербално при апсење на навивач за време на важниот фудбалски натпревар меѓу Коњаре и Куманово, при што им укажувал на полицајците дека немаат право да го апсат. Притоа, припадниците на специјалните полициски сили се нафрлуваат на новинарот и го соборуваат на земја, што може да се види и од видео снимките на социјалните мрежи.
Објавените видео снимки упатуваат на прекумерна употреба на сила, што може да претставува кршење на човековите права, според ЦИВИЛ. Очигледно е дека смената на началниците во МВР, под командата на актуелниот технички министер за внатрешни работи, има ваков ефект – пречекорување на овластувањата и полициска бруталност..
ЦИВИЛ бараше итно ослободување на новинарот и независна истрага за пречекорување на овластувањата и полициска бруталност против новинарот Салиу, како и кон сите други што денеска биле предмет на вакво постапување на полицијата.
Со слични соопштенија се јавија и од ЗНМ, ССНМ и од една од членките на . СДСМ одржа прес пред вратите на Полициската станица гази баба, каде беше приоведен Салиу. И ВМРО го осудил настанот, како и тоа да говсторил.
Салиу по излегувањето од полицискаста станива негираше дека нападнал полициски службеник. Смета дека е уапсен затоа што снимал како полицијата тепа недолжно момче на фудбалски натпревар, на кој настанал тотален хаос, а според него, МВР имала лоша координација
Тој вели дека поседува дозвола за пиштолот, кој е пронајден расклопен во неговиот автомобил при полициски претрес по инцидентот, во негово отсуство.
Во изјава за медиумите, тој кажа дека смета оти е ослободен само затоа што работи како новинар и дека во спротивно би завршил во притвор.
Салиу образложи дека на натпреварот настанал тотален хаос, а полицијата била без координација и почнала да тепа недолжно момче.
„Не знаеја кого да бранат, кого да нападнат. Имаше случај кога полицаец велеше – сакатe да се тепате, епа тепајте се. Лош план за справување со натпревар од висок ризик за којшто јас како новинар знаев дека ќе има нереди, затоа и отидов таму“, вели Салиу.
Додава дека снимал како полицијата тепа момче кое воопшто не учествувало во нередите, по што го уапсиле и него. Негира дека нападнал полициски службеници.
„Ме товарат дека сум нападнал полицаец. Нека го докажат тоа, од утре не ме гледате на екран. Ќе се извинам и ќе се тргнам. Нека докажат дека сум чепнал еден полицаец. Имаше таму полицајци кои снимаат, имаше камери од страна, нека докажат дека јас сум удрил полицаец… Полицајците почнаа да тепаат момче кое воопшто не учествуваше во тепачката, го ставија под кола да не се гледа и почнаа да го тепаат. Го извадив телефонот за да го документирам тоа, затоа што дечкото навистина ништо не направи. Ми го земаа телефонот, ме уапсија мене дека сум пружал отпор, сум нападнал полицаец, ве молам докажете го тоа. Викам во видеото, се слуша, бегај – новинар сум, снимам, 90 отсто од тие полицајци ме знаат“, вели Салиу.
Тој додава и дека го уапсила полициска единица чиј началник побарал среде натпревар новинарот да ги смири двете страни.
„Тоа го има на камера во МВР, затоа што тие го снимаа. Беше на работ на инцидент, тој побара од мене да влезам меѓу двете страни, затоа што сум работел на теми и во Коњари и во Арачиново, сите ме знаат. Откако излезе од контрола, тоа веќе е проблем на МВР. Јас не правам планови за вакви настани. Тоа што имаше малку полицајци, а многу публика, треба некој друг да одговори. Тоа што се дозволи да се тепаат граѓани меѓусебно пред полиција, тоа треба да одговори друг, јас не сум крив“,
рече Салиу.
Во однос на пиштолот, Салиу обвини дека откако е приведен, приватниот автомобил му е претресен во негово отсуство.
Тогаш полицијата му го пронашла пиштолот, за кој вели дека имал дозвола и го чувал расклопен, како што сметал и дека треба да се чува.
„Претресувањето на возилото би требало да биде во мое присуство. Јас знам дека тоа е направено во обид да се избришат снимките од телефоните на моите сниматели, од кои побарав да се снима насилството врз мене. Ме информираа дека некои снимки се избришани, ама се надевам дека ќе ги вратиме и целата вистина ќе излезе на виделина“, вели новинарот.
На новинарско прашање дали е ова обид за негово замолчување откако деновиве објави документи за кои тврди дека покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ направила оперативен план за пласирање лажни вести и лажни анкети, Салиу кажа дека не сака да верува во такво нешто. Но, го искритикува техничкиот министер за внатрешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Панче Тошковски.
„Јас се уште не сум ја завршил изјавата, а министерот објавува на Фејсбук. Јас сум навикнат на ова, ама нека докажат дали сум нападнал полицаец. И како порталите објавуваат дека е пронајден пиштол кај Фуркан Салиу, а не објаснија како и каде е чуван. Расклопен беше во кола, ќе видите во билтен на полицијата“, рече Салиу.
Овој случај секако нема да заврши тука, без оглед на фактот дека ќе постои обид на ВМРО ДПМНЕ, министерот и секако сопсствениците на медиумите истиот да се запрета возаборав.