Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

„МЕДЕНА ЗЕМЈА“ ПОБЕДИ ВО ТЕЛ АВИВ И СЕ КВАЛИФИКУВА ЗА ТРКА ЗА ОСКАР

June 4, 2019 Filed Under: Ревија

Освен победата во Тел Авив, „Медена земја“ изминатиот период освои награди на фестивали во Полска, Шпанија, Грузија и во Њујорк. Филмот освои четири награди на фестивалот Документарци против гравитација во Полска. Меѓу другото, документарецот доби Гран при и парична награда на фестивалот. Минатиот викенд тимот на „Медена земја“ ја прими главната награда на фестивалот за документарни филмови „Докс Барселона“ во Шпанија

ГЛАВНАТА ХЕРОИНА Ромката Атиџе е главната хероина – во сцена од „Медена земја“

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котеска победи на 21. Интернационален фестивал на документарен филм ДокАвив во Тел Авив, Израел, кој се одржува неделава и се квалификува во трка за Оскар. Според правилата на американската Академија за филмска уметност и наука, „Медена земја“ го исполнува едниот од двата услова за директна кандидатура, а тоа е да победи на еден од фестивалите кои се на квалификационата листа на Академијата. Докавив е еден од тие фестивали.

Филмот на 3 февруари освои три награди на фестивалот Санденс во САД, меѓу кои и Главната награда од жирито во програмата Светски филм за документарци, Специјалната награда од жирито за влијание за промена за Котевска и Стефанов, како и Специјална награда за камера за Фејми Даут и Самир Љума.

ДВАЈЦА АВТОРИ Режисерите на „Медена земја“ Љубомир Стефанов и Тамара Котеска на Интернационалниот фестивал ДокАвив

Освен победата во Тел Авив, „Медена земја“ изминатиот период освои награди на фестивали во Полска, Шпанија, Грузија и во Њујорк. Филмот освои четири награди на фестивалот Документарци против гравитација во Полска. Меѓу другото, документарецот доби Гран при и парична награда на фестивалот. Минатиот викенд тимот на „Медена земја“ ја прими главната награда на фестивалот за документарни филмови „Докс Барселона“ во Шпанија.

На почетокот на месецов филмот го отвори фестивалот „Сине док“ во Тбилиси, Грузија, каде што доби и специјална награда од жирито.

На 7 мај ја освои наградата за најдобар документарен филм на Монтклер во Њујорк.  Од викендов и во текот на јуни филмот ќе биде дел од програмата на: Интернационалниот фестивал на Беркшир во Масачусетс, САД  и на „Шефилд док/фест“ во Шефилд, Велика Британија (6 јуни).

Следуваат проекции во Нов Зеланд: на 2 и 4 јуни ќе се прикажува на фестивалот „Док екс“ во Окленд, а на 16 и 18 јуни во Велингтон. На 10 и 15 јуни ќе игра на Интернационалниот филмски фестивал во Сиднеј, Австралија.

ТРИ ГОДИНИ Делото се снимаше три години

Филмот досега беше прикажан на дваесетина други фестивали во Азија, Европа и САД. До крајот на летото се очекува да биде претставен на уште 20 други светски филмски фестивали. Кон крајот на август ќе биде прикажан на Македокс во Скопје, а од септември ќе игра во киносалите во Македонија и во САД.

„Медена земја“ е за фасцинантниот живот на Атиџе, последната пчеларка што одгледува диви пчели во Европа, која живеела сама со мајка си во во напуштеното cело Бекирлија во jугозападнo Овче Поле. Мудрата порака на Атиџе: „Земи половина од медот, но остави ја другата половина за пчелите“ е во срцевината на актуелната донаторска кампања.

Filed Under: Ревија

ТИЕ ДОБИЈА НЕ САМО БИТКА, ТУКУ И ВОЈНА ЗА ОСКАРОТ
ФАТМИР БИТИЌИ ЗА НОВИОТ ЦЕНОВЕН УДАР И МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ ЗА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА: НАМАЛЕТО ГО ЛУКСУЗОТ И ЌЕ ДОЈДЕМЕ ДО МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА
ДВЕ МАРИИ, ТРИ АНИ, ТРИ МАРИИ … КАКО ДЕЛ ОД НАСЛЕДСТВОТО НА СЛАВКО ЈАНЕВСКИ
НАЈНЕПОПУЛАРНАТА ВОЈНА ВО САД

Најново

  • ТИЕ ДОБИЈА НЕ САМО БИТКА, ТУКУ И ВОЈНА ЗА ОСКАРОТ
  • ФАТМИР БИТИЌИ ЗА НОВИОТ ЦЕНОВЕН УДАР И МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
  • ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ ЗА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА: НАМАЛЕТО ГО ЛУКСУЗОТ И ЌЕ ДОЈДЕМЕ ДО МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet