АНА ЧУПЕСКА
Самиот.Anthony Blinken, Himself, кој некако остана во медиумска сенка, на штета на попагандните налети од претходниот. Причините, за вакво заобиколување, им се сигурно познати само на нашите медиуми. И чест на исклучоците!
Наспроти сеопшта медиа фетишизација на Лавров, кој не се возржи да ја нарече РСМ “Непријателска Земја” и манипулирајќи со прашањeто на нашиот #народ ( народот не бил непријател, ама власта била, пази молим те ?!) ; изгледа дека намерно го изостави фактот дека во Mакедонија: народот си ја избира власта, а не обратно. Консеквентно, на тоа што го кажа, Лавров, го навреди истиот тој народ (нашиот), кој најмирољубиво му посака добредојде овде, со цел да постигне каква- таква видливост, во тековната и оправдана изолација заради агресијата врз Украина. Во Македонија, не се живее во авторитаризам, Господине гостин на ОБСЕ самитот, и нашиот народ е претставен во власта и во парламентот – преку СЛОБОДНИ ИЗБОРИ… за разлика од екстеминаторските кремљски процеси, имено.
И други неупатности кажа Лавров од говорницата, на кои допрва ќе треба да им се посвети внимание. Но, еве, со овој коментар сметам дека и јас ќе го задоволам општиот вкус под медиа треската врзана за него и сега ќе прејдам на главниот фраер за нашата држава што дојде на Самиот.
Anthony Blinken, Himself, кој некако остана во медиумска сенка, на штета на попагандните налети од претходниот.
Причините, за вакво заобиколување, им се сигурно познати само на нашите медиуми. И чест на исклучоците!
Значи да повториме,
Блинкен е главниот Фраер за нас, а не Лавров!
Зошто?
Затоа што во нашите билатерални политички односи со САД, оддамна требаше да ни стане јасно дека НИЕ сме тие што имаме огромна корист од тие односи, а особено во нашата интеграција во одбраната и поддршката во напредокот во секој поглед како на пример:
- добиваме исклучително силна и постојана – без исклучок, помош во однос на постигнувањето на нашите најважни, стратешки цели (ЕУ, напр.)
- САД се гарант за мирот и стабилноста на земјава, во најбуквална смисла, и воопшто во регионот
- Постои една неуморна и трпелива ( незнам како им успева!) посветеност и вложување во изградбата и капацитетите на нашата демократија, како со пари, така и со сите можни ресурси!
Да се потсетиме, Македонија е прва земја од регионот, што го започна стратешкиот дијалог со САД. Тоа значи, ќе ги продлабочува уште повеќе билатералните односи во конкретни области од заемен интерес (демократија, безбедност, трговија, итд итд). Попластично : можноста за Американска визна либерализација за нас, ни е пред носот.
Ова се само дел од причините поради кои на еден вистински политичар, па и на релевантен и професионален медиум,треба да се позанимава со улогата на САД на самитот, и посетата на нашата земја. Или, секој одговорен јавен глас, треба да знае дека политиката и водењето на државата се повеќе излегуваат од државните граници и дека внатрешната политика неможе да се води без да се земаат во предвид надворешните фактори, што подразбира и сериозни проценки кои бараат визија за ЧЕКОР ПОНАПРЕД ВО ПРЕДВИДУВАЊЕТО на интересите на државата. Затоа, треба да е кристално јасно што значи доаѓањето и на Блинкен на Самитот на ОБСЕ, и колку е тоа битен знак во правец на подршка за нашата УСПЕШНА надворешна политика, и за пацифистичките и медијативни напори што ги направи нашата надворешна политика под водство на Бујар Османи.
Безрезервната подршка која сеуште ја имаме (фала богу) од САД, видлива од нивното дебело трпение и верување дека сепак ќе покажеме дека сме зрели да се справиме со предизвиците на глобалните движења во светот се виде и од улогата на Блинкен.
Накратко, Блинкен е фраерот, не е Лавров!
А бога ми, и О Брајан.
О’ Брајан, мили мој, незнам дали приметивте, не потсети дека во 1996 македонските политичари сонувале ДА СЕДНАТ на големата маса, а денес ние сме домаќини и председаваме со ОБСЕ! Зарем тоа не е коперникански скок, будалетинки што го негирате овој успех!?
И што е најважно, и воедно, многу загрижувачко, дека веќе сите сериозни и за нас битни меѓународни партнери “час поскоро” се погласно ја бараат “Тајната Формула” на Жмицкота, која се поочигледно има изгледи или дека воопшто не ни постои, или дека можеби е лажна…, поточно, сервирана од лоши и погрешни пресметки на некои надворешни фактори кои јасно ги минираат нашите интеграциски процеси.
Да добиеш квалификација од висок дипломатски претставиник на земја која е наш клучен партнер и подржувач во секој поглед дека тој ‘Не би купил ни кола од тебе…” е факт кој во најмала рака укажува дека бааги си залутал и дека не ти е местото таму каде што си!
Тоа е мили мои